Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Арсовска започнува со партизација на јавните установи и Јавните претпријатија, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ тргнува во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот, вели Мартин Попов од СДСМ.

— реклама —

„„Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции.

Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми, е предложена за член на Јавната установа Младински културен центар.

— реклама —

Еве го документот со предлог Одлуката која треба да се најде пред советниците на наредната седница.

/%d1%98%d1%83%d0%bc%d0%ba%d1%86" rel="attachment wp-att-154579">

Предлог листите за членови на Управните и Надзорните одбори на Јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

За нови членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје се предложени портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и Марија Митева.

/%d1%98%d0%bf%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b4" rel="attachment wp-att-154580">

Третиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски е предложен за член на Управниот одбор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Тоа се гледа од овие два документа. Лажните вести од белиот дворец Арсовска ги поддржува силно.

/%d1%98%d1%81%d0%bf" rel="attachment wp-att-154578">

Почитувани,

Толку од наводната независност на Данела Арсовска.

Арсовска секојдневно покажува дека освен партизација на институциите, освен блокирање важни проекти за скопјани, ништо друго нема намера да работи.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето.

Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто ние, советн иците од СДСМ се спротивставуваме“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања