Промени тема
Контакт

Арсовски бара Антикорупциска да отвори предмет за адвокатското друштво на Снежана Калеска – Ванчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Општо позната тајна е дека СДСМ брзаа да дојдат на власт за да ги сместат нивните фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработуваат пари. Тоа е случај и со адвокатските друштва во СДСМ, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Класичен пример е адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од 2017 јуни до декември 2021 година, инкасирале околу 55.000 евра.

Имено, адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска – Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева.

Снежана Калеска – Ванчева е пратеникот од редовите на СДСМ, инаку претседател на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеник голем таканаречен борец за правда држава која што гледаме дека не функционира.

Министерство за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ.

Како е можно баш ова адвокатско друштво да земе за 3 и пол години 55.000 евра?

— реклама —

Кој е одговорот на пратеничката Снежана Калеска – Ванчева што токму адвокатското друштво каде што е таа основач и содружник до пред да стане пратеник, земало над 55.000 евра од овие институции во текот на овие три и пол години?

Очигледно е.

— реклама —

Ова е начинот на СДСМ како заработуваат пари на грбот на граѓаните.

Калеска во Собрание објаснува за правните норми и правна држава, а позадински нејзиното адвокатско друштво што го основала претходно, пред да стане пратеник земала 55.000 евра од државни институции по основ на паушали.

На кој начин овие институции, каде и во најголем дел од директорувањето бил само еден човек директор од СДСМ и цело време токму оваа фирма ги добива паушалите? На кој начин токму оваа фирма ги добивала паушалите?

— реклама —

Почитувани,

СДСМ има вакви безброј канали за испумпување на парите на граѓаните по било кој основ. Тоа мора да се прекине

Ја повикуваме Антикорупциската комисија под итно да отвори постапка и да провери дали сето ова е направено во рамките на законот. Можеби е направено во рамките на законот, но дали има судир на интереси и дали е етички морално и по законот за судир на интереси“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања