Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Арсовски бара обвинителство да отвори случај за Заев и брат му

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20171117095751

Зоран Заев управувал и контролирал судии и обвинители. Зоран Заев е човекот кој е на врвот на криминалното милје во Република Македонија изминативе години, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

“Тоа го сведочат и многу луѓе коишто имале блиски контакти со него. Сведоштва и тврдења за рекетирање на бизнисмени, сведоштва и тврдења за контролирање на судии и обвинители, сведоштва и тврдења за вмешаност во криминал. Сето ова поврзано со еден човек тоа е Зоран Заев.

— реклама —

Таткото на Бојан Јовановски, обвинет во „Рекет“ и во „Меѓународен сојуз“, Миле Јовановски, јавно сведочеше и изнесе дека Зоран Заев и наредувал на Катица Јанева да враќа пасоши и да ослободува луѓе кои претходно ги уценувале.

Замислете, во два наврати слушаме сведоштва и тврдења каде што братот на Зоран Заев, Вице Заев се заканувал по животот на луѓе, само за да молчат и да не ја говорат вистината, односно да ја преземат неговата целосна вина којашто ја имаат тие.

Јавно во писмо од обвинетиот за „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ Бојан Јовановски, целата јавност можеше да прочита дека фамилијата Заеви рекетирале бизнисмени, за коишто имало и докази во одредени телефони и конверзации на апликации.

— реклама —

Затоа јавно прашуваме, дали се вештачени и доколку се вештачени, до каде е вештачењето на тие телефони?

Зошто телефонот на Зоран Заев и на неговиот брат не е вештачен, односно не се земени за вештачење, за да се види какви се конверзации има внатре и вмешаноста во овие случаеви?

— реклама —

Јовевски вели дека биле преземани постапки по кривични пријави против лица од власта и од Обвинителството, којшто ги поднел обвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски, а истото тоа Обвинителство против луѓе кои имаат поднесено кривични пријави, не ги изземаат од случаеви само за да ги покриваат криминалите.

Дали Обвинителството конечно ќе отвори случај и за Зоран Заев и за брат му, за да конечно излезе вистината на виделина?

До кога Обвинителството ќе ги штити главните виновници во случајот „Рекет“?

— реклама —

До каде се кривичните пријави коишто ги поднел обвинетиот Бојан Јовановски кон лица од власта, меѓу кои од врвот на СДСМ?

Правосудството во Република Македонија се покажа и докажа изминативе години дека е контролирано од Зоран Заев и тоа е факт којшто го знаат сите и не може да се промени. Тој тужи, тој суди, тој рекетира и тој одлучува што понатака со човечки судбини“, вели Арсовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања