Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Арсовски до Заев: Се гледаме на суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
dimce

Денеска, лично од Зоран Заев, ми пристигна барање за извинување за моја прес-конференција во која кажувам дека има склоност кон криминал, дека ја ограби државата и дека функционира како шеф на нарко-картел кој шверцува дрога со државни ресурси, информираше портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

— реклама —
— реклама —

„Ми пристигна барање за извинување за моја прес-конференција лично од Зоран Заев, не од неговата партија или од Влада, туку лично од него преку негов полномошник-адвокат. Очигледно Заев е малку нервозен поради тоа што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години. Имено, во прес-конференцијата наведов дека има склоност кон криминал, претрпе еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и од Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја ограби државава, дека никој не одговараше за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционира како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси. И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев.

— реклама —
— реклама —

Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него. Се гледаме на суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде лично, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа влада“, напиша Арсовски на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања