Арсовски: Нов скандал, Димова доделила скоро 55.000 евра на училиште во кое работат роднини на министерот Маричиќ и неговата сопруга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
arsovski-1

Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка од позицијата Директор на Националната агенција, бидејќи заглавена е во сомнеж за криминал до гуша.  Денес, сакаме да поставиме неколку прашања во врска со проект кој е доделен на средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ од Штип, проект во вредност од над 54.000 евра, за едукација за туризам на Кипар, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Прашањата кои што сакаме да бидат одговорени, кои што бара јавноста да бидат одговорени се следни:

— реклама —

Дали за овој проект кој што го споменав претходно во вредност од 54.000 евра, главен протеже да го добие ова училиште во Националната агенција била Претседателката на Управниот одбор во истата агенција, Маринела Тушева, инаку сопруга на министерот за правда, Бојан Маричиќ?

Бидејќи, прва братучедка на Маринела Тушева е Јулијана Саздова, наставник вработен во средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ кое го добило проектот, додека пак нејзиниот татко, а вујко на Маринела Тушева е Нако Ташков, инаку член на училишниот одбор во училиштето.

Дали Маринела Тушева помогнала да го добие проектот училиштето во кое работи нејзината прва братучедка и нејзиниот вујко е член на училишниот одбор?

Дали има одлуки на наставнички совет, училишен одбор и Управен одбор за подготовка на апликацијата и реализација на истиот проект за кој се побарувани парите? Дали поминала одлуката на гласање на некое од овие тела кои што ги споменав?

Потребно е да се направи План за посебна проектна сметка во буџетот на училиштето, преку која ќе се реализира овој проект, па така дали има таква сметка во училиштето?

Дали воопшто некој знае за овие средства дека влегле во училиштето?

И за крај, каде и на чии сметки завршиле овие пари, односно кој е финалниот извештај, и дали ќе може да биде објавен од страна на Националната агенција и училиштето за да се отстранат сите сомнежи?

Па така, ако сеуште не ви е јасно од каде и е силата на Лидија Димова и зошто се уште не е променета и разрешена од директор на институцијата, од страна на Управниот одбор на Агенцијата кој го води Маринела Тушева, одговорот може да го добиете во оваа прес конференција, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања