„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Арсовски: Од Шилегов за сопругот на Мила Царовска еден милион денари за детекција на болни растенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Arsovski-19.04.2021

На толку нерешени проблеми во Градот Скопје, каде што граѓаните пиштат и вриштат од мрзеливоста и неспособноста на Шилегов, него му дојде до набавка за дронско прелетување и откривање болести на вегетација. Замислете на сите нерешени проблеми во Град Скопје, после четири годишно владеење на мрзеливиот Шилегов, каде што не можат да откријат која канделабра им свети, а која им е скршена, тие сега ќе откривале болести на растенија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Арсовски додаде:

— реклама —

Најинтересно е што човекот што треба оваа година да открива дали растенијата во Скопје се болни или не, е токму мажот на Мила Царовска од СДСМ, со неговата фирма „Флај Кем“. Оваа негова операција за откривање на болести кај растенијата ќе ги чини граѓаните околу еден милион денари.

— реклама —

Лудилото отиде до таму да најголем дел од техничката спецификација е токму како погодена за дронот на сопругот на Мила Царовска, што уште еднаш покажува дека е и повеќе од јасно дека однапред можеби и е договорено се. Дали е така? Тоа треба да истражат органите на прогонот.

Одејќи по оваа логика, мрзеливиот Шилегов, само за да подели тендери на блиски на функционерите од СДСМ, не е ништо чудно од наредна година сопругот на Мила Царовска преку тендер на Градот Скопје да почне да брои комарци во текот на летото.

Најпрвин да расчистиме неколку работи, заблуда е дека постои дрон што открива болни растенија, тоа го кажуваат и експертите. Не постои дрон што може да ти каже дека некое дрво или растение е болно или не е. Дополнително нема ниту стручна служба во Градот Скопје што би испитувала примероци од било какви детектирани болести кај болни растенија. Што значи очигледно е, ова е само начин за испумпување на парите на граѓаните во џебовите на функционерите на СДСМ.

Ова е начинот на испумпување пари од граѓаните. Ова е начинот на работа на мрзеливиот Шилегов, кој единствено го интересираат вакви зделки. Додека има еден милион нерешени проблеми на граѓаните во Град Скопје, на мрзливиот Шилегов му е поважно да додели еден милион денари на сопругот на Мила Царовска.

Почитувани граѓани, почитувани скопјани,

Затоа и живееме во ваков хаос.

Видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања