Промени тема
Контакт

Арсовски за апсењето на Пекер: Мафијаш кој што цел свет го бара, само Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Arsovski-14.06

Да, Седат Пекер, јас прочитав од медиумите дека е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи чинам, а многу едноставно мафијаш кој што цел свет го бара, кој што сите светски агенции и министерства за внатрешни работи и на другите држави го бараат да го уапсат за сторените дела и криминал, само Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат, истакна Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

— реклама —

Тој додаде:

— реклама —

Тоа е многу едноставно, тие се луѓе кои што имаат ист начин на делување, тие се најверојатно и пријатели. Така да само тие најдоа начин да го заштитат во Република Македонија, но и да му издадат пасош за да може слободно да се движи. Сите останати држави кои што се борат против криминалот, корупцијата и се останато, знаат каде му е местото на тој човек. Но, за жал Зоран Заев и Оливер Спасовски тука малте не го направија почесен граѓанин со издавање и македонски пасош. Едноставно е, да си ја работеа својата работа, одамна тие ќе ја спроведоа правдата, но очигледно тие се далеку блиски според она кое што можевме да го видиме и начинот на издавање пасоши. Мене би ме чудело да беа пријатели со некој нобеловец. Но бидејќи нивниот начин на делување е таков, за тоа функционираат со луѓе како што е Седат Пекер, но и оние останати нарко босови и криминалци или мафијаши кои што ги видовме дека добиле пасоши од власта на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања