ВО ЖИВО

„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Асанов ја смени изјавата, бара ослободителна пресуда: „Во животот ни кокошка не сум заклал, а камоли човек“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryp9ro8oceu4e47Pij6PW

Пред Основниот суд во Штип денеска сведочеше 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова. Тој пред судијката Јулијана Недкова целосно го смени првичниот исказ даден пред истражните органи и побара ослободителна пресуда.

— реклама —

Асанов вели дека починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот.

— реклама —

Тој вели дека двајца млади луѓе му ставиле вреќа на глава, го врзале за дрво и почнале да копаат дупка во дворот.

— реклама —

„Никогаш во животот ни кокошка не сум заклал, а камоли човек“, изјави Асанов во судницата.

— реклама —

Вештакот од Судска медицина посочи дека од обдукцијата на дел од трупот жртвата имала скршени осум ребра, а повредите на градниот кош укажуваат на силен притисок, најверојатно нанесен со колено. Нејзиното тело е пронајдено најмалку две недели по смртта, а недостасувале главата и нозете, кои биле отстранети по настапувањето на смртта.

Идентитетот на жртвата бил потврден преку ДНК анализа.

Судењето продолжува на 21 април, кога се очекуваат завршните зборови на одбраната и обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања