„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Асфалтирање на улица „8“ во населба Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
asfaltiranje-ul-8-1

Општина Илинден активно работи на реконструкција на улица „8“ во населба Илинден, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на првиот слој асфалт, во должина од 250 метри од вкупно планираните 550 метри.

— реклама —

Во рамки на градежните работи се врши целосна реконструкција на оваа улица пришто покрај асфалтирањето се гради и нов тротоар во должина од 300 метри, како и зафаќање на атмосферските води од коловозот, соопшти општината.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид на терен и истакна дека со реконструкцијата значително ќе се подобри патната сообраќајна инфраструктура во општината, бидејќи улица „8“ претставува главна сообраќајна артерија и поврзува повеќе стопански субјекти како и Здравствениот дом.

— реклама —

Првата фаза од реализација на проектот се имплементира во соработка со Министерството за транспорт и врски, со обезбедени средства од Светска Банка.

Втората фаза од реконструкцијата на оваа улица во должина од 500 метри заедно со изградба на нов тротоар и зафаќање и одведување на атмосферските води, Општина Илинден ќе ја реализира со сопствени средства од буџетот на Општината и истата ќе се имплементира веднаш после завршувањето на првата фаза, известува општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје | пред 1 година

cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Скопје | пред 1 година

DSC_0883

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Скопје | пред 1 година

patronat-OOU-Risto-Krle-6

Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања