„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Асфалтирање на улиците „409“ и „410“ во Марино, општина Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
asfaltiranje-ul-409-419-4

Во рамки на градежната експанзија која се одвива во Општина Илинден денеска е извршено асфалтирање на неколку улици во населено место Марино.

— реклама —

Станува збор за асфалтирање на улица „409“ во должина од 220 метри, улица „410“ во должина од 240 метри, делот кој ги спојува овие две улици со должина од 90 метри, како и крак на улица „406“ во должина од 90 метри. Покрај асфалтирањето со градежните работи на улиците се опфатени и одведување на атмосферските води.

— реклама —

Во текот на асфалтирањето беше присутен на терен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски пришто рече дека со реализација на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта многу улици се реконструирани и асфалтирани. Конкретно овие улици во изминатиот период беа оштетени од изградба на фекална канализација, а сега добија и асфалт.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности, извести општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tableti-sosu-ilinden-3

Градоначалникот на општина Илинден им додели смарт таблети на учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје | пред 1 година

cisterna-3

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Скопје | пред 1 година

DSC_0883

Општина Илинден со поддршка на традиционалните културни вредности

Скопје | пред 1 година

patronat-OOU-Risto-Krle-6

Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања