Извори од владата во Атина за грчката новинска агенција АНА-МПА, соопштиле дека амандманите за измена на македонскиот Устав се во согласност со Преспанскиот договор.
Според изворот, спорен бил ставот 3 од членот 49, поточно делот во кој се наведуваше дека државата се грижи за “македонскиот народ што живее во соседните земји”. Во новата верзија, наместо „македонски народ“, пишува “дијаспора”, што повеќе не било спорно за Грција.
Истиот извор оценува дека повремените “несреќни изјави” на Заев најверојатно биле дадени за да ја смират неговата домашна публика и да го постигнат неопходното мнозинство за поддршка на договорот.
Во текстот се додава дека финалното гласање на уставните измени ќе се случи во македопнското Собрание во средината на јануари.