Атлетичарката Дрита Ислами раскажува за искуството со „Беса турс“: Никогаш повеќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
Screenshot-2021-11-26-at-13.09.46

Најпрвин, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите“, ја почнува атлетичарката Дрита Ислами својата приказна за искуството со патувањето со агенцијата „Беса турс“ кон Бугарија. „Чувствувам потреба да ги споделам ова лошо искуство, затоа што се работи се за истата агенција што уби 45 луѓе на истото место, во Бугарија“, вели таа.

— реклама —

– Во 2019 година, кога требаше да одам на Софискиот аеродром, купив билет од оваа иста компанија. Нивното возило беше запрено од полицијата за технички преглед. Полицијата го запрела уште двапати истата недела но некако го пуштила, но овој пат НЕ. Заедно со петмина други патници, бевме сведоци дека тоа возило на компанијата не го помина тестот за кочење. Рачната кочница воопшто не работеше!!, раскажува нашата најдобра атлетичарка за порталот Алмакос.

— реклама —

– Тогаш, бевме принудени да го продолжиме патувањето со друго, приватно возило, чијшто возач всушност беше „резервен“, во случај првото возило да не го помине техничкиот преглед. Обичен автомобил за пет луѓе, а ние заедно со возачот бевме седуммина, неколкупати ги ризикувавме животите по патот. Нѐ запре бугарската полиција за пребрзо возење, а возачот ги поткупи полицајците со само десет евра!, вели Ислами.

— реклама —

Оваа компанија никогаш не се ни обидува да ги поправи техничките проблеми на нивните возила, таа нема никаква одговорност за животите на нивните патници, вели Ислами.

– За мене ова беше прв и последен пат да патувам со оваа компанија, затоа што бев сведок дека таа има нула одговорност за животите на патниците!, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања