Промени тема
Контакт

Атлетико Мадрид со гол во 89. минута го победи Еспањол во Барселона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-library3fja55atpeuk0VXa23j

Атлетико Мадрид освои три бода на гостувањето кај Еспањол, откако со голот на Алекс Баена во 89. минута славеше минимална победа од 1:0 во Барселона.

Гостите уште од почетокот ја презедоа иницијативата и се обидоа да стигнат до водство. Веќе во втората минута Канг-ин Ли шутираше покрај стативата, а четири минути подоцна и Џонатан Дејвид имаше можност да ја затресе мрежата, но не беше прецизен.

— реклама —

Еспањол возврати во 33. минута преку Роберто Фернандес, чиј удар заврши покрај голот. Најдобрата можност во првото полувреме ја имаа домаќините, кога Леандро Кабрера во 44. минута упати силен удар од далечина, но топката ја погоди пречката.

— реклама —

Атлетико продолжи со засилен притисок и по паузата. Маркос Љоренте во 62. минута испрати силен удар, но пречката повторно го спаси Еспањол.

Како што се приближуваше крајот на натпреварот, гостите сè посилно напаѓаа. Хулијан Алварез во 86. минута имаше голема шанса, но голманот Анаи Фортуњо одлично интервенираше.

— реклама —

Сепак, три минути подоцна одбраната на домаќините капитулираше. Баена ја прифати топката по додавањето и со прецизен удар покрај левата статива го постигна единствениот гол на натпреварот.

Еспањол се обиде да избегне пораз во судиското продолжение, но Пол Лозано наиде на нова одбрана на Јан Облак.

Атлетико ја задржа минималната предност до крајот и си замина од Барселона со трите бода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3fja55atpeuk0VXa23j

Прв пораз за Атлетико Мадрид сезонава

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања