Промени тема
Контакт

Прв пораз за Атлетико Мадрид сезонава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-library3fja55atpeuk0VXa23j

Фудбалерите на Атлетик Билбао остварија убедлива победа од 3:0 против Атлетико Мадрид на „Сан Мамес“, во натпреварот од четвртото коло во Ла Лига.

Првото полувреме заврши без голови, иако домашниот тим беше дисциплиниран и не му дозволи на фаворизираниот Атлетико да ја преземе контролата врз натпреварот. Избраниците на Диего Симеоне тешко создаваа сериозни шанси пред голот на Унаи Симон.

Билбао веднаш по паузата го зададе првиот удар. Нико Вилијамс во 46. минута го доведе домашниот тим во водство, а само две минути подоцна резултатот беше 2:0. Ињаки Вилијамс одлично ја подготви акцијата, а Роберт Наваро ја заврши за нов гол на Атлетик.

— реклама —

Симеоне се обиде да го промени текот на натпреварот со неколку замени, па во игра влегоа Лукман, Коке, Хулијан Алварез и Џулијано Симеоне. Сепак, Атлетико не успеа да најде начин да ја пробие одбраната на домаќинот.

Атлетик во продолжението искусно ја контролираше играта и без поголеми проблеми ја сочува предноста. Конечните 3:0 ги постави Сансет во 90. минута.

За Атлетико Мадрид ова беше прв пораз сезонава, по две победи и едно реми. Атлетик Билбао, пак, се опорави од двата почетни порази и ја запиша втората последователна победа без примен гол.

— реклама —

По четири кола Атлетико е петти со седум бодови, додека Атлетик Билбао е осми со шест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања