Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Audi ја менува стратегијата: Ќе произведува различни автомобили за различни пазари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-library55bmfh8rom406udCyOV
Photo by Deniz Demirci on Unsplash

Германскиот производител Audi најави значителна промена во својата стратегија, оценувајќи дека ерата на глобалните автомобили е завршена. Компанијата во иднина ќе развива модели прилагодени на потребите на поединечните пазари, бидејќи купувачите во Европа, Кина и САД имаат сè поразлични барања.

— реклама —

Според техничкиот директор на Audi, денешните разлики во навиките и очекувањата на потрошувачите се толку големи што еден ист автомобил повеќе не може успешно да ги задоволи сите пазари.

Како дел од новата стратегија, Audi во Кина, во соработка со компанијата SAIC, формираше посебен бренд наречен AUDI, без препознатливото лого со четирите прстени. Овие возила ќе бидат наменети исклучиво за кинескиот пазар и ќе се разликуваат и по дизајнот и по технологијата од глобалните модели на компанијата.

— реклама —

Од Audi објаснуваат дека европските купувачи и натаму најмногу го ценат квалитетот на изработката, физичките копчиња и возните карактеристики, додека кинеските возачи бараат напредни функции базирани на вештачка интелигенција, поврзани дигитални системи, гласовно управување и модерни дигитални кокпити.

— реклама —

Компанијата нагласува дека нема да престане да ги продава своите глобални модели во Кина, но очекува најголемиот раст на тој пазар во иднина да го остварува преку новиот бренд AUDI.

Во меѓувреме, Audi подготвува и нов дизајнерски правец за своите глобални модели. Првиот сериски автомобил со новиот изглед се очекува во 2028 година, кога треба да пристигне електричниот наследник на моделот A4.

— реклама —

Покрај новиот дизајн, компанијата најавува и поквалитетни ентериери, како и враќање на поголем број физички копчиња во возилата, што е одговор на барањата на дел од купувачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library640l0ui5lhek9UCI0jH

Фолксваген заработува само 12 евра по автомобил, Мерцедес речиси 4.200 евра

Вирално | пред 19 часа

— реклама —
IMG-8728f05e6d291d028b4c7ced825723c5-V

Поправките на автомобилите во Германија стануваат луксуз: Резервните делови поскапеле над 80 отсто

Сцена | пред 2 седмици

media-library6p6f4rve07m975Vbchp

5 заборавени концепт-автомобили што изгледале како да доаѓаат од иднината

Вирално | пред 3 седмици

media-library765sj7etnlel6cVnUKr

Renault го оживува легендарниот 8 Gordini како електричен спортски автомобил

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања