„Авалон Продукција“ нема потпишан договор со ЈП Билјанини Извори за закуп на стадионот во Охрид, а на Фејсбук во два наврати веќе објави реклама за Ohrid Calling во која како локација го наведува токму овој простор.

Од ЈП „Билјанини Извори“ велат дека тие имаат договор со „Прагма Мјузик“ кој е склучен уште пред 4 месеци и е прифатен од страна на Управен Одбор,а со кој стадионот се изнајмува на оваа продукција за да организира концерти на светски познати и миња на 2 и 3 август.
АВАЛОН ДОЛЖИ - ПРАГМА ПЛАЌА ПРЕДВРЕМЕ
Авалон продукција на ЈП „Билјанини Извори“ им должи 820.000 денари главен долг плус законски камати, средства кои не се исплатени за одржувањет она Ohrid Calling 2018. За ова согласно закон претпријатието покренало изрвршна постапка и принудна наплата на парите преку УЈП.
Од друга страна „Прагма Мјузик“ минатата година ги исплатила сите обврски уште пред да се одржат концертите и нема никаков долг, што пак и дава поголем бонитет ви бизнисот со ЈП „Билјанини Извори“ и ја прави посигурен партнер.