Промени тема
Контакт

Автобус падна во провалија, загинаа најмалку 28 лица во Етиопија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla
unsplash

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе други се повредени откако автобус излетал од патот и паднал во провалија во Етиопија, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата.

Несреќата се случила додека автобусот сообраќал на релацијата од Деси кон главниот град Адис Абеба. Според медиумската корпорација Амхара, спасувачките екипи интервенирале на местото на трагедијата, а бројот на жртвите може да се промени.

— реклама —

„Досега 28 лица го загубија животот, додека многу други се здобија со полесни и потешки повреди“, соопштиле од полицијата.

— реклама —

Смртоносните сообраќајни несреќи не се реткост во Етиопија, каде што честопати се укажува на лошите стандарди во сообраќајот, недоволното одржување на возилата и непочитувањето на безбедносните правила.

— реклама —

Минатата година, најмалку 71 лице загина во регионот Сидама, на југот од земјата, откако камион падна во река, што претставува една од најтешките сообраќајни трагедии во поновата историја на Етиопија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryscc6f9c69vat6mw9bXx

Се зголемува стравот од нова војна во Етиопија по новите судири во Тиграј

Свет | пред 10 часа

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања