Промени тема
Контакт

Се зголемува стравот од нова војна во Етиопија по новите судири во Тиграј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Свет
media-libraryscc6f9c69vat6mw9bXx
screenshot x

Властите во Етиопија и раководството на северниот регион Тиграј разменуваат обвинувања за започнување воени дејства, со што повторно се зголемува стравот од избивање конфликт со големи размери.

Гетачев Реда, министер во етиопската влада и советник на премиерот, изјавил дека борци од Тиграј презеле контрола врз аеродроми во регионот што се под федерална управа, а потоа започнале офанзиви во соседните региони Афар и Амхара.

— реклама —

Од друга страна, властите во Тиграј претходно соопштиле дека нивните сили биле принудени да влезат во одбранбена војна.

Двегодишниот конфликт во Тиграј заврши во 2022 година, но во последните месеци повторно се зголемија тензиите, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на мировниот договор.

— реклама —

Војната во Тиграј беше еден од најсмртоносните конфликти во овој век. Во неа, според проценките наведени во информацијата, загинале околу 600.000 луѓе, додека борбите го довеле регионот до работ на глад.

— реклама —

Дополнително загрижува тоа што во неделата Народниот фронт за ослободување на Тиграј, кој управува со регионот, објави дека формирал сојуз со уште шест вооружени групи во Етиопија со цел соборување на владата во Адис Абеба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Автобус падна во провалија, загинаа најмалку 28 лица во Етиопија

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања