Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Автобусот на „Беса транс“ поминувал граница со лиценца од друго возило на компанијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
260313106_613212406398753_4056357579578714066_n

Министерството за транспорт и врски најостро ги демантира сите шпекулации што ги објавуваат одредени медиуми, а со кои сакаат да предизвикаат чувство на несигурност во системот.

— реклама —

„Веќе неколку пати Министерството за транспорт и врски информираше дека опожарениот автобус кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.

Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај член 11 став 1, се вели дека превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, откако ќе добие лиценца за фирмата и извод од лиценца за моторно возило.

— реклама —

Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај на се во сопственост на опожарениот автобус. Со ова уште еднаш потврдуваме дека за истиот, превозникот нема извод од лиценца.

За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса Транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници.

Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс.

Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај.

Потенцираме дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.

Поради тоа, веќе информиравме дека Министерството за транспорт и врски ја одзеде лиценцата на вршење на дејност на превозникот Беса Транс БТБ.

Како превозникот вршел влез и излез од земјата, Министерството за транспорт и врски не е орган кој што има надлежност да контролира, овие информации ќе ги докажат меѓународните и домашните истражни органи.

Повикуваме на објективно информирање, Министерството за транспорт и врски е отворено за соработка за сите информации поврзани со овој трагичен настан“, велат од Министерството за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-12-04-at-20.06.24

(ВИДЕО) Сведштво: Што се случувало во Турција и по пат во автобусот каде животите ги изгубија 45 патници

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-23-at-15.48.15

За бугарските истражители познато е зошто се запалил автобусот, заштитната ограда навлегла во автобусот

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

До утре треба да се завршат ДНК анализите на загинатите во автобуската трагедија во Бугарија

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-11-29-184619

„Зошто не бев во тој автобус, да умрам и јас“, прво интервју на сопственикот на „Беса транс“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања