Промени тема
Контакт

Автобусот со број 37 повторно на скопските улици со нова траса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-library2sljoe3lon7f4rsui19

По повеќе години, познатиот број 37 повторно ќе се најде на скопските улици, но овојпат со нова траса и поинаква намена. Линијата ќе биде повторно воспоставена со цел подобро да ги поврзе Радишани и Бутел со останатите делови од градот.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, информира дека новата траса за првпат ќе го стави во функција булеварот „Словенечка“, а линијата директно ќе ги поврзува Радишани и Бутел со средните училишта во Карпош и со Скопје Сити Мол.

„Оваа стара табла со бројот 37 е вистински потсетник на некои поинакви времиња во нашиот град. Денес, сепак, овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење“, вели Димитровски.

— реклама —

Според најавата, во текот на летото линијата ќе започне со промотивен режим, со цел учениците и родителите навреме да се запознаат со новата траса и возниот ред.

Од 1 септември, линијата 37 треба да продолжи со редовен режим на сообраќање.

— реклама —

Проектот, како што посочува Димитровски, е реализиран во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, а е дел од најавените политики за подобрување на јавниот превоз и мобилноста во главниот град.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryda4vmgc1bqtd8h7b7Nk

Од 1 септември ЈСП Скопје воведува зимски возен ред

Македонија | пред 2 седмици

bus

Линијата 37 од 1 септември со нов возен ред: Еве кога ќе сообраќаат автобусите

Скопје | пред 2 седмици

media-librarybphg3915r0312hvQlnK

(Видео) Летото ги открива старите проблеми на ЈСП: Автобуси се расипуваат и чадат низ Скопје

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања