Автократот од Форино викан Талат, изигрува и уставен судија, обвини опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
50251395362_d8f1e0167d_c

„Талат Џафери со отфрлањето на иницијативата за референдум за договорот со Бугарија всушност се обидува да ја спаси кариерата на Ковачевски барем за одредено време. Затоа автократот од Форино викан Талат, се стави во функција и на Уставен судија. Но тешко на таа власт и на тој премиер на кој Талат ќе му чува грб и ќе му толкува Устав и правни норми“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

Очајот во власта предводена од антимакедонската СДС е толку голем што се спремни да направат се, само да не се соочат со народот.

— реклама —

Очигледно се свесни дека доколку се одржи референдум скоро милион гласачи ќе излезат и ќе го отфрлат Договорот. Народот знае дека Договорот кој го донесе СДС е штетен и е извор на асимилаторските и негаторски политики кон Македонија. Огромното мнозинство на граѓани, вклучително и значаен дел од членовите на СДС се против понижувањата кои произлегуваат од него.

Резултатите денес ги гледаме сите, се менуваат учебници за личности и настани од македонската историја, се негира македонски идентитет, јазик и култура, се погазува честа и достоинството на македонскиот народ. Само антимакедонската СДС и негаторските кругови во Софија се радуваат на ова.

Ако имаше храброст Ковачевски кој со денови се крие, ќе прифатеше референдум и ќе видеше што мислат граѓаните за неговите политики. Вака бега од соочување со народот и моли кај Талат и во Мала Речица да му овозможат уште некој месец власт. Но бегање од народ нема. Нема бегање од казна и катастрофален пораз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања