Автомобил падна во Радика, има починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
reka

Починати сопружници се извадени од реката Радика, oткако попладнево автомобил паднал во реката. Станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.

— реклама —

Од СВР Тетово информираат дека околу 14 часот е пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика е забележан автомобил. Набрзо на терен излегле полицајци од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, е констатирано дека во возилото имало две починати лица.

— реклама —

Увид извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител и е констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани. Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања