Според последните информации потврдени од полицијата, малолетник е повреден и пренесен во болница откако детето било удрено од автомобил опел, пишува Телма.
Нема информации за здравствената состојба на повреденото дете.
Незгодата се случила околу 13 часот на улицата Симеон Кавракиров во скопски Аеродром, во близина на новоизградената деловно-станбено зграда Порта Аеродром.
Фото: Телма