На 16.03.2019 околу 18.00 часот на улица „Зија Мерсовски“ во Дебар, патничко возило „Голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар удрило во седумгодишно момче од Дебар.
Детето било пренесено во општата болница во Дебар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.