Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

pozar-vincini2

Истражителите чекаат – нецелосно изгаснатиот пожар во „Винчини“ го блокира увидот

Увидот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница сè уште не може да започне, бидејќи пожарот што избувна вчеравечер не е целосно изгаснат. Според информациите од Државното јавно обвинителство, на терен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кочани, кој издава наредби и насоки за преземање на други дејствија со цел целосно испитување на настанот.Повредени 18 лица, меѓу нив и пожарникари. Пожарот избувна околу 18 часот во магацинските и производствените погони на фабриката. Во гаснењето беа вклучени противпожарни екипи од Виница и од повеќе соседни општини. Според официјалните податоци, повредени се 18 лица, од кои 13 се хоспитализирани, но сите се во стабилна здравствена состојба.Осуммина вработени во фабриката добиле медицинска помош на Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица пожарникари биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка е хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.Формиран кризен штаб за справување со последиците. Стопанската комора на Северна Македонија, чија членка е „Макпрогрес“, најави формирање кризен штаб заедно со сопственикот на фабриката. Целта е целосно нормализирање на состојбата и координација на понатамошните чекори.„Екипа на Стопанската комора е присутна на местото на настанот од првиот момент и заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите,“ информираа од таму.„Макпрогрес“, основана пред 35 години, е една од водечките домашни компании во прехранбената индустрија, а според официјалните податоци, околу 75 проценти од производството е наменето за извоз.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-09-07-at-09.26.05

35 години работа уништени за неколку часа – менаџментот на „Макпрогрес“ најави експресна реконструкција

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а сите вработени ќе се вратат на работа, соопшти менаџментот на компанијата. „Стихијата беше огромна и направи уште поголеми штети, но уште од денес работиме производството да се обнови итно. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони“, изјавија од „Макпрогрес Винчини“ за штипската ТВ Стар.Во катастрофалниот пожар синоќа до темел изгореа три производствени погони, два магацини полни со стока и административниот дел од фабриката, во која работат вкупно 500 лица. „Макпрогрес Винчини“ е најголемиот стопански објект во општина Виница, а уништувањето на фабриката ќе има последици и за соседните општини Кочани и Штип, бидејќи од таму доаѓаат не само вработени, туку и бројни кооперанти кои ја снабдуваат фабриката со суровини. Според ТВ Стар, сопствениците велат дека штетата е милионска, а точната сума ќе биде позната откако проценителите од осигурителните компании ќе излезат на терен. Стопанската комора најави формирање кризен штаб заедно со сопствениците.„Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известен од сопственикот на ‘Макпрогрес’ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министерот за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништени. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите“, се вели во соопштението.„Макпрогрес Винчини“ е основана пред 35 години и е водечки производител во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. Компанијата извезува 75% од своето производство во 55 држави, а лани остварила извоз во вредност од 35,8 милиони евра. „Макпрогрес“ има повеќе од 750 вработени и покрај „Винчини“ произведува уште пет брендови, меѓу кои „Сончева долина“, „Натура“, „Дониа“ и „Фантазија“.Вкупно 18 лица беа примени во кочанската Општа болница со повреди во пожарот, дел од нив се задржани таму, а дел беа препратени на скопските клиники. Сите се во стабилна состојба. При неколкучасовната интервенција на пожарникарите, дел од нив добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во стопена смола од шеќер во еден од погони. Министерството за здравство соопшти дека хоспитализирани се една пожарникарка во Клиничката болница во Штип, четири пожарникари во Кочани и осум вработени на Клиниката за токсикологија во Скопје, и сите се во стабилна здравствена состојба.

Македонија | пред 7 месеци

pozar-vincini-pozarnikari-1

Интерно и хирургија преполни со пациенти – пожарот во Виница остави сериозни последици

Бројот на повредени во големиот пожар што од вчера беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се искачи на вкупно 18 лица, покажуваат последните официјални информации. Поради сериозноста на повредите, 16 лица се хоспитализирани, а шестмина од нив се итно пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје.Според последниот извештај за состојбата на повредените, најголем дел од хоспитализираните се борат со последиците од вдишување на густиот чад и токсичните гасови што се ослободуваа од пожарот.Во болницата во Кочани, која го прими првичниот бран на пациенти, моментално се згрижени вкупно 10 лица. Од нив:Петмина се на интерното одделение поради инхалациони повреди.Петмина се на хируршкото одделение, од кои четворица се третираат за изгореници од прв и втор степен, а еден пациент исто така поради повреди од вдишување.Најсериозните случаи на труење со чад се препратени во Скопје, каде шест лица се наоѓаат под лекарски надзор на Клиниката за токсикологија.Пожарот во погоните на „Винчини“ избувна вчера во раните вечерни часови, а во неговото гаснење учествуваа противпожарни единици од повеќе градови.

Македонија | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Лишен од слобода малолетник во Скопје, кај него пронајдени пиштол и куршуми, се обидел да бега од полициските службеници но бил фатен

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје.При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство.По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-09-07-125617

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9степени по Рихтер денеска го погоди западниот дел на Турција.Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени. Потресот бил регистриран и на 58 километри југ-југозападно од градот Баликесир.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Подржувачите на Вучиќ вечерва на протест против блокадите

Подржувачите на Вучиќ, членовите на СНС, вечерва ќе протестираат против студентските блокади.Протести се најавени низ цела Србија. Според нив блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање на државата и дека граѓаните сакаат да се вратат во нормалниот живот и работа.Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денес ќе присуствува на митинг и дека тоа ќе биде семеен собир кој ќе биде мирен и ќе испрати порака за тоа каква Србија сакаат мнозинството нејзини граѓани.„Ќе учествувам а таму нема да има полиција. Тие ја напаѓаат полицијата затоа што знаат дека нашите полицајци се толерантни“, изјави Вучиќ вчера на гостување во ТВ Пинк.Најавени е дека граѓаните ќе се соберат од 18:00 часот и тоа во 120 градови и населени места, по што се планирани мирни маршеви против блокадите.

Свет | пред 7 месеци

media-librarytegs74i4s6rr3POiSnq

ЈП „Охридски комуналец“ апелира за правилно одлагање на картонски отпад

ЈП „Охридски комуналец“ упати апел до правните субјекти и домаќинствата за правилно одлагање на картонските кутии, особено кај оние кои произведуваат големи количини од овој тип на отпад. Претпријатието предупредува дека некоректното одлагање доведува до побрзо полнење и често преполнување на контејнерите, расфрлување на отпад околу нив и усложнување на процесот на собирање на материјалот за рециклирање.„Нашите служби добиваат повици за подигање на отпад надвор од планираните денови, што финансиски го оптеретува претпријатието“, истакнуваат од ЈП „Охридски комуналец“. Голем дел од правните лица и домаќинствата веќе располагаат со соодветни садови за одлагање на картон и хартија, како оградени метални или сини контејнери, и апелираат картоните секогаш да се одлагаат спакувани.„Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!“, велат од претпријатието, потсетувајќи на важноста од одговорно одлагање за почист и поуреден Охрид.

ОО | пред 2022 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања