Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Горан Јакимовски

ogan

(Видео) Кревети и врати се користат за бадникарските огнови во Скопје

Кога нема дрва, за бадникарските огнови се користат врати и стар мебел. Ваквото однесување на граѓаните кои ја слават традицијата, доаѓа во време кога Скопје се бори против загадениот воздух, кој секојдневно ги гуши граѓаните. Снимката на која се гледа како цел кревет се пали во бадникарски оган е направена на Водно.На друга локација, во огнот беше фрлена врата.Скопјани се решија да ја одржат традицијата со бадникарскиот оган. Неретко, можеше да се затекне и неодговорно однесување. Дали инспекторатот на Град Скопје бил на терен оваа вечер, засега е непознато.Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје.Вчерва, воздухот во Скопје беше енормно загаден како и минатите денови. Како последица на тоа и маглата, надвор беше целосно непрегледно.

Скопје | пред 2 години

bekim-neziri

Беким Незири се пријавил во полиција за пуштањето на тепачи во М-НАВ, се врши разговор по налог на обвинител

Беким Незири се пријавил во полициска станица за нападот врз вработени во М-НАВ, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Јавен обвинител дал налог со него да се изврши службен разговор. Ова доаѓа откако од вчера, тој беше недостапен за полицијата,„Во врска со вчерашниот напад врз вработени во МНАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н.“, велат од МВР.Полицијата трагаше и по три други лица, вмешани во насилството кое вчера се случи во зградата која ги контролира летовите во Македонија.Подигнати се и снимки од видео надзорот на М-НАВ од кои треба да се утвди како Незири ги пропуштил лицата кои тепаа контролори на летови, но и кои безбедносни проверки не биле направени од страна на приватната фирма која го обезбедува објектот. Поради овие пропусти, но и вчерашниот инцидент, од денеска и МВР ја обезбедува зградата.„Скопје1“ го контактираше Незири на телефонскиот број кој долги години го користеше, но наместо тој, друго лице одговори на повикот. Кажа дека бројот повеќе не е на Незири, а кога побаравме да ни го даде неговиот, рече: „Барајте го од друго место“.Премиерот Димитар Ковачевски најави разрешување на тројцата директори во М-НАВ од редовите на ДУИ. Тоа разрешување ќе се случи во вторник на редовна владина аседница, доколку, тие денеска не поднесат сами оставки. Состојбите во М-НАВ ескалираа поради објавени огласи, за кои Синдикатот на контролори на летање посочи дека е наместен за кадри нестручни за тие позиции.Претходно:

Македонија | пред 2 години

IMG_0969

Пасошите нема да важат од 12 февруари, без разлика до кога е рокот на истекување

Пасошите нема да важат по 12 февруари, без разлика на рокот на истекување, а за личните карти и возачките дозволи ќе треба дополнително да се одлучува со оглед дека граѓаните сѐ уште чекаат термини. „Скопје1“ дознава дека институциите размислуваат да донесат одлука со која, валидноста на личните карти и возачките ќе бидат продолжени за уште неколку месеци.Одлуката која моментално е на сила, истекувањето на важноста на документите да биде до 12 февруари. Ова е промена која ја наметнаа уставните измени. Процесот на промена на документи не одеше брзо за граѓаните. На пунктовите во Скопје секојдневно има гужви. Граѓаните се плашат дека без документи нема да можат да функционираат, односно да вршат институционална идентификација, подигнуваат пензии и плати.Од МВР велат само дека документите треба да се променат. На реакциите дека има гужви по пунктовите, а нема ниту доволно термини, велат дека прават сѐ за секој граѓанин да добие документ навремено.„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи. Покрај редовното работење со закажан термин, овозможивме и фотографирање за лични документи без закажан термин во ПС Пролет. Што се однесува до подигнувањето на веќе готови документи, шалтерите работат и преку викенд и тоа соодветно го најавуваме преку медиумите за граѓаните да бидат информирани кога и каде можат да подигнат документи“, велат од МВР.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-51525

Ковачевски ќе го кани Мицкоски на средба во кафуле на улица Македонија, за средбата да не биде тајна

Ниту премиерот Димитар Ковачевски не планира тајно да се среќава со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека таа ќе биде на јавно место, но не кажа дали ќе биде најавена за медиумите или ќе биде без јавност.„Па ја не гледам да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде на јавен простор, дали во Собрание, дали во Клуб на пратеници, дали на улица Македонија во некој кафуле“, рече Ковачевски.Тој посочи дека двете партии имаат комуникации.„Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со потпретседател на СДСМ“, додава Ковачевски.Претходно, Мицкоски кажа дека нема да седне на маса со Ковачевски, ако тоа се прави тајно.На истата тема:

Македонија | пред 2 години

spomenici-oko

(Видео) И странците ни се чудат: Три години зјаат со исчкртаници и уништени натписи на спомениците, со „сипаници“ на мостот „Око“

Новата година донесе поголеми групи на туристи низ Скопје, но не и санација на таблите на мостот „Око“. Исчкртани, исфарбани, откорнати. Вака изгледаат скоро три години, а особено откако под девет споменици, меѓу кои и на Александар и Филип, беа ставени табли со образложение дека личностите кои ги претставуваат се дел од античката хеленска историја. Туристите се фотографираат, но не знаат кого претставуваат статуите на мостот.Овој чекор предизвика револт кај граѓаните кои бараа да се вратат старите натписи, посочувајќи дека нема да дозволат кражба на историјата. Не наидоа на разбирање од страна на државата, па решија да ги уништат новите натписи. И тие останаа во ваква состојба.Оттогаш до сега, никој не води сметка за нивна поправка или целосно отстранување. Секоја година се даваат илјадници евра за одржување на фонтани и спомен обележја. Најголем дел од нив се под ингеренции на Град Скопје.„Спомениците изгледаат како да имаат сипаници“, коментираат граѓаните, на кои не им се допаѓа тоа што спомениците не се одржуваат.Спомениците пак, кои се прогласени за културно наследство, а во кои се вбројуваат и голем дел од „Скопје 2014“, се под надлежност на Министерството за култура или Конзерваторскиот центар на Град Скопје.

Скопје | пред 2 години

borcinja-plostad

(Видео) Саксии врз фонтаната од 2.5 милиони евра на плоштад, се чува со ограда за да не се гази врз неа

Скапата „сува фонтана“ на скопскиот плоштад се чува со ограда од посетителите, а внатре е маскирана со саксии и светилки. Откако во неа пропаднаа неколку камиони, таа не се користи, а градските власти во летото ставија високи саксии околу неа, за сеа, да стават саксии врз неа.Зимскиот концепт е направен така што околу т.н. „сува фонтана“ има куќарки за продажба на пијалак и храна, па таа треба да биде незабележана од граѓаните. Во саксиите, засадени се борчиња, а врз нив има светилки. Фонтаната летово беше со искршени плочки и дупки, а откако возила пропаднаа во неа.Фонтаната чини 2,5 милиони евра. Таа беше направена во време кога премиер беше Никола Груевски, а градоначалник Коце Трајановски и е дел од проектот „Скопје 2014“.

Скопје | пред 2 години

zagadeno

(Видео) На „Илинденска“ - магла, Скопје - загадено, мерки - нема

Скопје на врвот од листата на загадени градови, а Македонија во првите десет најзагадени држави во светот. Булеварот „Илинденска“ се гледа од магла и концентрацијата на ПМ10 честички, а слично е и на Партизанска. Додека граѓаните се жалат дека квалитетот на воздухот лошо влијае и на нивното здравје – мерки нема.Веб-сервисот за рангирање покажува дека Македонија е на осмата позиција по загадени држави. Гледано по градови прв е Скопје односно Општина Шуто Оризари. Потоа, следуваат Кавадарци, Струмица, Кичево, Велес, Неготино и Битола. Меѓу најзагадени општини во Скопје се Ѓорче Петров и Чаир.Апликацијата „Мој воздух“ покажува дека во Скопје речиси во секоја општина воздухот е загаден.„Скопје1“ направи снимка од булеварот „Илинденска“. Претходно, објавивме видео од кое се гледа дека разликата меѓу Скопје и Водно.

Скопје | пред 2 години

IMG_0877

(Видео) Хаос од гужви на „Табановце“: на пет ленти има километарски колони и нервозни патници

Долги колони и минимум двочасовно чекање. Ваква е сликата на граничниот премин „Табановце“ за влез од Србија во Македонија. Состојбата не е вака само денеска туку и изминатите денови. Возачите се револтирани поради долгите колони, кои ги има, иако работат пет шалтери за пасошка контрола.Километарски се редиците. Патниците сметаат дека истите се резултат на ефикасноста при поминувањето. Велат дека ова се случува често.„Ова не е ништо ново, но е нешто што не се трпи. Нека направат нешто, сепак два часа стоење во место не е малку време. Кој и да е на наше место истото ќе го каже“, вели возач кој е заглавен на „Табановце“.Јавноста ги памети и видеата каде туристи на лето играа оро на граничниот премин, додека чекаа да минат граница.

Македонија | пред 2 години

drin-ahmeti-uapsen

Не се знае за кое дело ќе одговара Дрин Ахмети, обвинител ќе одлучи по вештачењата

Каква одговорност ќе понесе бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, засега не се знае. Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, за да се види какво кривично дело сторил Ахмети.„За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, велат кратко од Обвинителството.Засега е познато дека МВР кај Дрин Ахмети најде 749 пиротехнички средства.„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства“, велат од МВР.Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, а кој вчера беше уапсен со пиротехника – денеска прославува три години во „Тхор индустрис“. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето, освен дека фирмата на Ахмети треба да исплати долг од 20 милиони евра на претходниот сопственик. Не се знае ниту што правел Дрин Ахмети со цел арсенал пиротехника во неговиот џип.Детали:

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-30-at-11.28.02

(Видео) Македонците одат за Грција да слават Нова година

Долги колони чекаат за влез во соседна Грција. Најмногу автомобили се со македонски и српски регистарски ознаки. Како и секоја година, на најголем дел од нив, крајната дестинација им е Солун, за дочек на Новата година. Редици за поминување на граничниот премин „Богородица“ има од рано утринава. За во Солун се закажани низа прослави, меѓу другото и на градскиот плоштад. Гужвите таму започнаа од вчера.За разлика од вообичаените нервози, овојпат, нема упатување на погрдни зборови меѓу возачите кои чекаат на граничниот премин, но има обиди побрзо да се помине границата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-30-at-11.19.20

Ковачевски остана најскап инфлуенсер, за 90 дена троши по 20 илјади евра на „Фејсбук“

Премиерот Димитар Ковачевски и СДСМ се на врвот од листата по најплатени реклами на социјалната мрежа „Фејсбук“. За 90 дена, Ковачевски потрошил речиси 20.000 евра за да биде виден преку спонзорирани реклами. СДСМ пак, платиле 13.250 евра. По нив следуваат три портали, од кои два со иста сопственичка структура, а плаќаат илјадници евра. Од првата до последната спонзорирана објава, Ковачевски потрошил 107 илјади евра.На листата е и лидерот на ВМРО-ДППМНЕ, Христијан Мицкоски, кој за истиот период потрошил само 1.209 евра. Ова е за 16 пати помала сума од таа која ја троши само Ковачевски. Повеќе од Мицкоски на социјални мрежи троши и вицепремиерот Бојан Маричиќ чие рекламирање на „Фејсбук“ чини 1.238 евра, како и Фатмир Битиќи кој платил 1.293 евра.Ковачевски го доби прекарот „најскап инфлуенсер“ поради големи суми потрошени на спонзорирање објави. Најчесто ги рекламира своите активности, а истото го прави и СДСМ.

Македонија | пред 2 години

skopje

(Видео) Во Скопје, прст пред око не се гледа

Скопје потона во магла, додека жителите се жалат дека утрово прст пред око не се гледа. Иако не е најзагаден град во Македонија, сепак, прегледноста е на ниско ниво. Низ скопските булевари се вози внимателно, бидејќи видливоста не е поголема од 30 до 40 метри. Во однос на загадувањето, Македонија е на 20 место според веб-сервисите кои прават рангирањње согласно податоците кои се добиваат од мерните станици. Најзагадено утрово е во Ресен, па следува Тетово. Следува Скопје односно Чаир. Потоа и Кичево, Струмица, Битола.Загадувањето е константен проблем кој го има Македонија секоја година.

Скопје | пред 2 години

petarda-pukanje-gege

(Видео) Среде полноќ во Ѓорче Петров: одекна како бомба, со петарди уништуваат туѓ имот

Додека полицијата лови продавачи на пиротехнички средства, тие се користат и за уништување туѓи имоти низ Скопје. За тоа сведочи снимка од куќа во населбата „Даме Груев“ (Геге), направена вчеравечер. Од неа се гледа како автомобил, за кој се претпоставува дека е „голф“ или „фолксваген фокс“, вози по улицата, подзастанува, се враќа назад. Внатре има три лица, од кои возачот и лицето кое ја прави штетата.Снимката покажува како лицето излегувајќи од автомобилот, се приближува до поштенското сандаче, поставува пиротехничко средство (најверојатно петарда), влегува во автомобилот и продолжува подолу по улицата, по што петардата одекнува гласно, а сандачето се распрскува.Ова се случило ноќеска, на скоро два часа по полноќ. Делчиња од поштенското сандаче се распрскале на неколку метри од капијата каде било поставено, што остава можност да имало штета или повредени доколку поминел или бил паркиран автомобил, но и пешаци. По сторителите се трага.Прекршочно казниво е пукањето на пиротехнички средства, кривично е казниво оштетувањето на туѓи предмети.„Кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност“, стои членот 31 од Законот за прекршоци.Оштетувањето на туѓ имот, исто така носи одговорност за сторителот. Таму е предвидена и казна затвор до три години.„Тој што ќе оштети, уништи или стори неупотреблив туѓ предмет, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, стои во Кривичниот законик.Во изминатиот период, МВР имаше низа апсења поради користење и продажба на пиротехнички средства. Полицијата апелираше да не се користат, бидејќи казните се високи, а можната штета по здравјето би можела да биде непоправлива.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања