Каква одговорност ќе понесе бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, засега не се знае. Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, за да се види какво кривично дело сторил Ахмети.
„За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката“, велат кратко од Обвинителството.
Засега е познато дека МВР кај Дрин Ахмети најде 749 пиротехнички средства.
„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства“, велат од МВР.
Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, а кој вчера беше уапсен со пиротехника – денеска прославува три години во „Тхор индустрис“. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето, освен дека фирмата на Ахмети треба да исплати долг од 20 милиони евра на претходниот сопственик. Не се знае ниту што правел Дрин Ахмети со цел арсенал пиротехника во неговиот џип.
Детали:
Дрин, внукот на Али Ахмети слави и молчи: на денешен ден влегол во фирмата која годинава ја купи „Соравија“
Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, а кој вчера беше уапсен со пиротехника – денеска прославува три години во „Тхор индустрис“. Ова е фирмата која го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, купопродажба проследена со низа контроверзи и неодговорени прашања. Никогаш не се дозна колку чинело купувањето, освен дека фирмата на Ахмети треба да исплати долг од 20 милиони евра на претходниот сопственик. Не се знае ниту што правел Дрин Ахмети со цел арсенал пиротехника во негов
Македонија | пред 2 години