Скопје1.мк

policija-2-1

Приведен дилер на дрога од Тетово

Приведен е дилер на дрога од Тетово по претрес во неговиот дом, соопшти полицијата.Се работи за 47-годишно лице со иницијали Б.А. во чијшто дом и помошни простории биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.МВР информира дека пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење.Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Завршува асфалтирањето на улиците Коле Неделковски и Стефан Јакимов Дедов

Со заменување на стариот и дотраен асфалт и поставување на нов, со вкупна површина од 685 м2, општина Центар ја завршува реконструкцијата на улиците Коле Неделковски и крак од Стефан Јакимов Дедов, во близина на основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“.„По повеќе од 10 години, на улиците поставен е нов долен строј и нова атмосферска канализација. Извршено е нивелирање на постоечките шахти и пристапите до влезовите на домовите на граѓаните се во целост обновени.Наредни во програмата за реконструкција на улици во општина Центар се улиците Димитар Пандилов, Ѓуро Ѓоновиќ, Ганчо Хаџипанзов и улицата Караорман“, се вели во соопштението од Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Демократски сојуз бара во подготовката на амандманите да се вклучат сите експерти и претставници на партиите

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.„Пратениците и сите граѓани се соочуваме  со сериозни предизвици и сурова реалност, но после драматичниот вчерашен ден, денес веруваме дека сите сме попаметни и помудри, затоа што Македонија ќе чекори напред, како држава на Македонскиот народ и сите грѓани, модерна, европска и држава во која ќе се создадат услови за младите да создаваат и творат во Македонија. Во подготовката на амандманите треба да  се вклучат сите експерти и преставници на партиите, се со цел, да се обезбеди и зацврсти македонскиот национален идентитет, јазикот и другите посебности“, се вели во соопштението.Тие додаваат дека е време и опозицијата да ги преиспита своите ставови и постапки и да се вклучи во процесите кои отвораат перспективи за Македонија и значат мир, стабилност и безбедност, како клучни предуслови за економски развој и достоинствен живот.

Македонија | пред 7 години

q4XlG-emilija-aleksandrova-pres-vrabotuvanja-637x400

Еве што пишуваше на фејс претходно Александрова која гласаше за уставните измени

Емилија Александрова е член на ВМРО-ДПМНЕ, родена во Берово. Има завршено Факултет за безбедност, на Универзитетит „Св.Климент и Наум Охридски“.Таа беше едната од осумте лица од опозицијата кои гласаа за уставните измени во собранието.

Македонија | пред 7 години

ivo-vajgl-vtora

Вајгл: Пратениците кои гласаа „за“ ги зашититија интересите на граѓаните

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави гласањето во македонското Собрание за уставните измени.„Несомнено патот на членовите на Собранието беше драматичен, но со одлуката пратениците ги заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“, истакна Вајгл.Посебно признание, како што рече, оди за претставниците од опозицијата кои преземале одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржале европската иднина на својата земја.„Во следните недели и месеци ќе биде важно полиитчките лидери во Македонија одлучно да тргнат по патот на помирувањето, a интересите на партиите да и се подредат на заедничката цел, а тоа е членство во евроатлантските сојузи“, заклучи Вајгл.

Македонија | пред 7 години

toni-mihajlovski

Михајловски: Уверуваа дека ништо нема да ги скрши, а прифатија непристојна понуда

Актерот Тони Михајловски, кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вчерашното гласање на пратениците на ДПМНЕ и коалицијата за уставни измени го оцени како предавство.„Тој “жиг” сами ќе си го носат на својата кожа. Сами одбраа да прифатат непристојна понуда, иако буквално до вчера уверуваа дека ништо не може да ги “скрши”. И не се скршија. Се распрснаа на иљада парчиња. Џелатот успеа да ги заведе и освои. Си ги повратија во грло сите зборови кажани против него, и голтнаа. Докажаа дека заслужуваат место во први редови до нивниот нов лидер, кој покажа дека има “чудотворни” моќи. Тој може од криминалци да направи херои, па можеби и повторно министри“, напиша Михајловски на фејсбук.

Македонија | пред 7 години

policisko-kombe-640x853-e1540037714913

Полиција ги чува домовите на Канческа, Мукоски, Василески, Арнаудов...

Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, изјави премиерот Зоран Заев синоќа по прес-конференцијата во Собранието одговарајќи на новинарски прашања, а по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци.За оние пратеници кои се обвинети во судските процеси, Заев рече дека судските инстанци ќе продолжат со процесите и дека нема намера да се меша во работата на судот.-За мене сите пратеници се невини додека не се докаже спротивното, рече Заев кој, меѓу другото објасни дека „кога зборувал за помирување, мислел тој процес да се постигне преку работните групи во Собранието, за ЕУ и НАТО, затоа што тоа се целите кои не обединуваат“.Во текот на вечерта силни полициски сили го чуваа домот на Елизабета Канческа Милевска, а пратеникот Крсто Мукоски до своето родно Вевчани беше испратен со две комбиња полни со специјалци.

Македонија | пред 7 години

Akcija-mienje-ulici-oktomvri-2018-4

Град Скопје почна акција за рачно миење на градските улици и булевари

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вчеравечер почнаа генерална акција за рачно миење на градските улици и булевари, сооопшти Град Скопје.„Акцијата се одвиваше во ноќните часови, за да не се попречува одвивањето на сообраќајот, а во текот на изминатата ноќ рачно со автоцистерни беше измиен коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт кон центарот на градот“, информира прес-службата на Град Скопје.Како што најавија, миењето на градските улици и булевари во централното градско подрачје ќе продолжи во наредните денови, во зависност од временските услови, а потоа акцијата ќе се прошири и во другите скопски општини.Целта на оваа активност на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ е да се подобри хигиената на јавните градски површини. За акцијата ќе бидат ангажирани три цистерни и едно помало специјално комунално возило ВАП кое ќе послужи за чистење на плоштадот „Македонија“ и на улицата Македонија. Паралелно со акцијата за рачно миење на градските улици и булевари ќе се одвива и редовното машинско миење на коловозите, со цистерни.

Македонија | пред 7 години

20181020_142041-1-678x381

Момче и девојка тешко повредени пожарникари ги извлекувале од автомобилот

Во Скопје на семафорот кај Веро Тафталиџе се случи тешка сообраќајка во која момче и девојка се тешко повредени. Тие се судриле со џип кој завршил во семафорот и од силината на ударот го срушил на асфалтот. Сообраќајката се случила пред станицата на пожарната од каде истрчале пожарникари и им помогнале на повредените. Увидот е во тек полицијата го регулира сообраќајот

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од понеделник најавено позначително опаѓање на температурите

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на локален дожд претежно на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната од 17 до 24 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени.Од утре попладне времето ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Македонија | пред 7 години

Meta-në-Kuvend-jpg-701x421

Мета: Значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот застој

Aлбанскиот претседател Илир Мета преку својот твитер-профил упати честитка до Владата на премиерот Зоран Заев по вчерашното гласање во Собранието.https://twitter.com/ilirmetazyrtar/status/1053553313600413696-Гласањето во македонскиот Парламент за иницијативата за уставни промени е важен чекор, надеж и верба дека процесот на членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат. И честитам на владата на премиерот Заев за напорите што се направени во овој поглед и на сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот кој не само што ја ослободува Македонија од неколкугодишниот застој во интеграција, туку влијае и на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, напиша албанскиот претседател.

Македонија | пред 7 години

dzes-bejli12-620x336

Џес Бејли упати честитки до македонскиот Парламент по синоќешното гласање

Американскиот амбасадор, Џес Бејли се огласи со реакција на својот твитер профил, по синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со 80 гласа „За“ се донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.https://twitter.com/AmbBaily/status/1053560589774213120„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ”, напиша на Џес Бејли.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Доналд Туск упати честитка за уставните измени преку порака на македонски јазик

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, преку порака на македонски јазик на социјалната мрежа „Твитер“ упати честитка за успешното изгласување на уставните измени во македонското Собраниеhttps://twitter.com/eucopresident/status/1053389566198140930?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1053389566198140930&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2588%25d0%25b5-%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2581%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2581%25d0%25ba%2F„Еден глас, еден голем чекор поблиску до заземањето на местото што ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница“,  порача Туск на својот профил на „Твитер“.

Македонија | пред 7 години

vmro-frakcija

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара вонреден конгрес и одговорност од раководството

Демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ бара одговорност од раководството на партијата и одржување на вонреден Конгрес на партијата, по вчерашните случувања околу гласањето во собранието за уставни измени.„Се случи „со свој камен по своја глава”. Доколку најитно не се стави крај на ваквиот начин на функционирање на партијата последиците по однос на државата и партијата ќе бидат уште поголеми“ велат од демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.Според фракцијата, раководството треба да понесе одговорност зашто не ги послушало нивните совети.„Потребно е да се понесе одговорност зошто не се послуша советот на фракцијата пратениците да си поднесат оставка на функцијата поради реалната опсаност и можност од уцена, закани и нивно купување. Актуелното раководство на ДПМНЕ свесно и намерно ги доведе дел од пратениците во таква ситуација. Потребена е политичка одговорност за водењето на калкулантската политика. Не може да се води најголема опозициона политичка партија од луѓе кои со едно око му намигнуваат на членството, а со друго на политичкиот противник и меѓународната заедница, а зад грбот на сите штитат криминални партиски структури“, се вели во денешното соопштение на фракцијата.Од фракцијата бараат Конгресот на ВМРО ДПМНЕ да донесе  одлука со која ќе се определи  иднината на ВМРО-ДПМНЕ.„Дали ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе биде партија или движење, дали и понатаму ќе функционира без идеологија и како злосторничко криминално здружение или во пак најитно ќе се врати на демократскиот колосек како современа демократска и патриотска политичка партија, која ќе биде на браникот на националните интереси“ се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Возач на ЈСП ги затворил вратите, при што 62-годишен скопјанец паднал на тротоарот

Вчера во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека било донесено повредено лице кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје.„62-годишниот Д.З. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош. Кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Capture-2

Изградбата на пругата Битола-Кременица ќе заврши до крајот на годинава

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот, информира Министерството за финансии.Досега 90 проценти од градежните работи се завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина“, информира Министерството.Оттаму наведуваат дека до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра. Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради, како што беше посочено, слаба реализација на проектот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

19-годишно момче го загуби животот на патот Горобинци-Свети Николе

На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.„Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

mickoski-1

ВМРО-ДПМНЕ: Народот секогаш знаел како да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари, кои за грст пари ја газеле неговата волја

„Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и  волјата на народот  и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ.„Македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја.Македонија ќе победи, затоа што секогаш победува правдата и вистината“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

Train-Accident

Најмалку 61 загинат во железничка несреќа во Индија

Најмалку 61 лице загина, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадния индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрални заради религиозен празник.Меѓу жртвите има жени и деца, соопштија властите.Помеѓу 300 и 700 лица се собраа на железничката линија крај градот Амратсар синоќа, кога воз удри во толпата. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во темница, а луѓето не го чуле поради огномет.Денеска е ден на жалост во индиската држава Панџаб.

Свет | пред 7 години

idiot-3

Ципрас: Направивте голем чекор напред кон заедничкиот успех

Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев откако македонското Собрание вечерва со 80 гласови „За“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.https://twitter.com/PrimeministerGR/status/1053393259660230657– Честитки до мојот пријател Зоран Заев. Вечерашното гласање е голем чекор кон заедничкиот успех, мошне важен чекор за мирна и просперитетна иднина на нашите народи, напиша грчкиот премиер на својот налог на Твитер.

Македонија | пред 7 години

idiotka-1

Бугарското МНР ја поздрави одлуката за уставните измени

Ја поздравуваме одлуката на Собранието во Скопје, со која се отвора процесот на европска и евроатлантска интеграција на земјата, наведе бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, пренесе новинската агенција „Фокус“.„Веруваме дека ова е вистинското и единственото одговорно решение кое дава шанса за просперитет на сите граѓани во регионот. Му честитаме на секој пратеник кој го даде гласот во корист на заедничката иднина во ЕУ и НАТО. Ќе продолжиме да бидеме најискрениот и близок пријател во овој процес“, вели Захариева.Синоќа во Собранието со 80 гласа „за“ беше изгласана одлуката за пристапување кон уставните измени, што е голем чекор кон реализација на договорот со Грција за промена на името. „За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвнети за настаните од 27 април.

Македонија | пред 7 години

vlada

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието

Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според премиерот Зоран Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлуката.На синоќешната собраниската седница 80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.Во понатамошната процедура се очекува секој од четирите амандмани, со кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, кои ќе ги подготви Владата да поминат низ претрес во две комисии во Собранието, а расправата по нив може да трае до три дена.Откако Собранието ќе утврди нацрт на секој амандман се отвора јавна дискусија во која  пратениците може да поднесат амандмани на амандманите.Претрес на амандманите на уставните амандмани исто така се врши во две комисии, по што Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на уставните амандмани и следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.Премиерот Зоран Заев очекува пратениците на опозицијата во уште поголем број да се приклучат во следната фаза на процесот.Владата има рок од 15 дена да ги достави амандманите до Собранието, но според Заев колку порано завршат, толку порано и грчкиот парламент ќе ја донесе одлукатa.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Променливо облачно со појава на дожд, од утре се очекува снег

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на локален дожд претежно на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните од 17 до 24 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени.Од  утре попладне ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: 80 херои презедоа одговорност за иднината на Македонија

„Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80те пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување. Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија. Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски“, велат од СДСМ.Според нив Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.„Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните.Тие додаваат дека надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните го препознаат и поздравуваат овој историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување околу врвните државни интереси. Македонија се помирува, Македонија се обединува надпартиски и надетнички, 80 херои ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на земјата, време е сите да се приклучат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

dimitrov-1

Димитров: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот профил на „Фејсбук“ по синоќешното гласање во Собранието за уставните измени напиша дека сме далеку од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот.https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10161037153155451„Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ќе не биде. И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме“, гласи пораката на Димитров.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања