Скопје1.мк

image-0-02-04-f4ca9fabfb593cf707712acd064d271378543984921182b97c493f66286889db-V

Заврши есенската дератизација во Кисела Вода

Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување на штетни глодари на својата територија.„Со истата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници. Работните активности на терен ги изврши фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и Канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина“, велат од општина Кисела Вода.Акцијата за уништување на штетните глодари спроведува два пати годишно, на пролет и на есен.

Скопје | пред 7 години

kabul

15 загинати во нападот на избирачкото место во Кабул

Бројот на загинати во нападот во Кабул се зголеми на 15 лица.Бомбаш-самоубиец денеска се разнесе во главниот авганистански град и усмрти 10 цивили и пет полицајци, и тоа пред затворање на гласачкото место.Денеска во земјата се одржуваат парламентарни избори.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Времето променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи до 23 степени, соопштија од УХМР.Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, со температура до 18 степени.Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда. Пообилни врнежи се очекуваат в понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Македонија | пред 7 години

petar-bogojeski-1

Богојески: Пратениците што гласаа „за“ се визионери, раководството на ВМРО го загуби легитимитетот

Иако можеби сега не изгледа така, пратениците кои гласаа за Договорот од Преса во иднина ќе бидат визионери што застанале на победничката страна на историјата, смета Петар Богојевски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна беше разрешен од позицијата заменик генерален секретар.-Одлуката на Собранието на Република Македонија е само еден почеток на процесот на имплементирање на решенијата на Преспанскиот договор врз Уставот на нашата Република.Се надевам за многу краток период ќе се вградат решенија кои ќе значат условена имплементација на уставните амандмани, доколку Грција не го ратификува овој договор. Дополнително, овој процес нуди можност и за други измени, со кои Македонија може целосно да расчисти со своето комунистичко минато – вели оценува Богојевски.Според него, исклучувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за договорот од партиските органи е невалидно.-Актот на таканаречено исклучување од партијата покажа две работи. Прво, ова раководство го водат гнев и омраза, себичност и кратковидост, со целосно суспендирање на внатрепартиската демократија. Второ, тоа беше нестатутарна одлука, надвор од пропишана процедура, а со тоа и невалидна. Како и да е, ова раководство самото себе си се делегитимираше и го изгуби целиот кредибилитет да ја води партијата – вели Богојески.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Протести во Бразил против десничарскиот кандидат за претседател

Илјадници граѓани од 27 града во Бразил искочија на улиците во знак на протест против кандидатурата на Жаир Болсонаро за претседател на државата.Учесниците на протестот извикуваа „не тој“, што воедно е и слоган против поранешниот воен капетан Болсонаро. Според нив Болсонаро претставува фашизам, нетолеранција  насилство, бидејќои тој ја поддржа диктатурата во периодот од 1964 до 1985 година, а исто така е против хомосексуалците, жените и црнците.Според анкетите, се очекува Болсонаро да победи во вториот круг на изборите кои ќе се одржат на 28 октомври.Во текот на предизборната кампања тој привлече голем број на гласачи поради ветувањата дека ќе стави крај на насилството на нарко-бандите и другите криминалци.Во првиот круг од изборите ултрадесничарскиот кандидат освои 46 проценти од гласовите, а неговиот противкандидат, Фернандо Хадад 28 отсто.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Дали е ова последно менување на стрелките на часовникот?

Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето.Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.Иако биоритамот полесно се приспособува на поместување на часовникот назад отколку напред, сепак, несоницата и понатаму останува како најчеста нус-појава.Идејата за поместување на времето ја осмислил иноваторот Бенџамин Френклин кој ја изнел пред своите колеги во 1784 година, бидејќи му пречело што губиме многу дневна светлина. Предложил напролет да се поместува часовникот напред, но идејата не му заживеала. Во почетокот на 20 век идејата први ја прифатиле Германците, а во бивша Југославија влегла дури во 1983 година. Додека северниот дел на планетата преминува на зимско, јужниот дел оди на летно сметање на времето.Поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика што предизвикува низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики.Освен редовно вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да воспоставите ритам на спиење. Ако порано сте легнувале во 23 часот, сега е најдобро да заминете на спиење во 22 часот. Одбегнувајте ги попладневните дремки зашто телото ќе мисли дека времето не се променило и приспособувањето ќе оди потешко и побавно.И уште нешто – не заборавајте на витаминот Д, кој е многу важен за здравјето, а спречува и остеопороза, депресија… Затоа запомнете дека во зима, поради недостаток на сончева енергија, може да се појави негов недостаток. Во исхраната вклучете намирници како риба, жолчки од јајца, сирење, млечни производи…Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Камен од Месечината продаден за над 600.000 долари

Дел од камен што на Земјата паднал од Месечината, е продаден на аукција во Бостон за сума од над 600.000 американски долари.Купувач на лунарниот камен е виетнамски државјанин, вработен во еден комплекс пагоди во провинцијата Ха Нам, кој на аукцијата платил 612.500 долари.Каменот се состои од шест дела кои можат да се вклопат како сложувалка.Тој е пронајден минатата година во пустинскиот регион на африканската држава Муританија.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Пајажина долга 1000 метри на брегот на езеро во Северна Грција

Илјадници мали пајаци исплетеле пајажина долга 1000 метри на крајбрежјето на езерото Вистонида во северна Грција.Според биолозите овој феномен е редок, и истиот е како резултат на топлото време кое го зголемува бројот на мушички и комарци. Тие се храна за пајаците.Метеоролошките услови се идеални за размножување на пајаците и со такво изобилие од храна се зголемува нивниот број, велат биолозите.

Свет | пред 7 години

retardi

Вчера гласаа „ЗА“ – в понеделник Мукоски, Василевски и Арнаудов на судење за собраниските инциденти

Обвинети во судски постапки и пратеници. За пристапување кон уставни измени, гласаа „ЗА“ и опозициските народни избраници – Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кои се обвиенти за „крвавиот четврток“, Елизабета Канческа Милевска обвинета во предмет на СЈО „Тендери“, Владанка Авировиќ, мајка на Василие Авировиќ кој е осуден со првостепена пресуда во случајот „Трист“, Зеќир Рамчиловиќ, кој ги организираше протестите пред СЈО кога обвинителството го отвори предметот „Труст“. „ЗА“ гласаа и пратеничките Нола Исмајлоска Ставрова и Емилија Александрова.Осумтемина опозициски пратеници бараат гаранција доколку Грција не го ратификува договорот од Преспа и повторно ги попречува евроатланските интеграции да има понишување на сите прифатени уставни амандмани, постепена промена на името за внатрешна употреба, прифаќање на македонскиот идентитет.„Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 год., за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување“, се наведува во соопштението на осумтемина опозициски пратеници. Сепак, националното помирување предложено од премиерот Зоран Заев нема да има никакво влијание врз судските постапки, коментираат за 1ТВ адвокати на пратениците. Судските рочишта продолжуваат и од понеделник. Обвинетите народни избраници за „крвавиот четврток“ за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, повторно ќе треба да седнат на обвинителна клупа в понеделник во 10 часот. На судењето за собраниските инциденти ќе се презентираат материјални докази, откако претходно заврши распитот на сведоците, со последниот, загрозениот сведок.На пратениците Мукоски, Василевски и Арнаудов, кои неделава излегоа од домашен притвор, не им се достапни телефоните.„Го добивте мејли оставете порака по звучниот сигнал“, телефонска секретарка„Јас сум на судски процес“, изјави во вторникот пратеникот Сашо Василевски без да даде одговор дали ќе гласа за уставните измени во Собрание.„Засега немаме ништо размислувано, ама секако ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија и на македонскиот народ“, изјави во вторникот пратеникот Љубен Арнаудов, одговарајќи на новинарско прашање – дали би гласале за уставни измени во замена за амнестија.Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска на 29 октомври ќе треба да седне на обвинителна клупа за случајот на СЈО „Тендери“./

Македонија | пред 7 години

Aleksandrova

На пратеничаката од ВМРО-ДПМНЕ која гласаше за уставни промени и е тешко што ја исклучиле од партијата

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово, вечерва ја исклучи пратеничката Емилија Александрова од партијата, затоа што на вчерашната седница на Собранието, таа беше еден од 8-те пратеници на опозицијата кои гласаа за отпочнување на уставни измени, пишува ЛИДЕР.мкЗатоа што исклучувањето беше очекувано, по синоќешната најава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Лидер стапи во контакт со пратеничката која ја прашавме зошто одлучила да гласа „За“ и побаравме коментар за нејзиното исклучување од партијата и наводите за наводни закани, поткупи и притисоци кон пратениците.Александрова ни ги прати одговорите попладнево, а нив, ви ги пренесуваме во целост:-Најпрвин сакам да потенцирам дека синоќа во Собранието на Република Македонија се донесе одлука за отпочнување на постапка за амандманска расправа за измени на Уставот. А за тоа како ќе биде крајното двотретинско гласање, сепак ќе зависи од власта, односно колку е таа спремна за прифаќање на условите кои се наведени во синоќешното соопштение до јавноста.Одлуката беше тешка навистина, свесни за сериозноста на ситуацијата како во државата така и во политиката и какви се бранувањата таа ќе направи посебно во мојата партија. Но јас и моите колеги цврсто веруваме дека тоа што дадовме шанса е правиот пат по кој треба да се движиме, нормално уште еднаш да напоменам со прифаќање на нашите услови. – ни одговори Александрова.Александрова вели дека и е тешко што е исклучена од ВМРО-ДПМНЕ, но не се лути.-Што се однесува на одлуката на партијата да не исклучи, лично ја доживеав многу тешко. Да се биде ВМРО-ДПМНЕ е вистинска чест и мене никогаш тоа чувство на припадност неможат да ми го одземат. Искрено жалам за нивната одлука кон нас, но не им се лутам. Верувам дека разумот на крај ќе преовладува кај сите, затоа што на крајот сите имаме заедничка цел.  – изјави за Лидер, пратеничката која вечерва беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ.Во однос на тврдењата за притисоци кон пратениците и уцените за гласање како и поткупување, Александрова вели дека се работи за шпекулации.-Се оградувам од секакви шпекулации, најмногу тоа ни треба во моментов. Сега не чека макотрпна работа во Собранието и ги повикувам сите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да ни се придружат, зошто верувам дека ќе донесеме суштински амандмани што е и наша цел. – вели Александрова.Во изјавата Александрова потенцираше дека за власта да добие двотретинско мнозинство, ќе мора да ги исполни условите кои одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ги поставуваат.-Ова не е конечна фаза во однос на уставните промени. Бараме уставен амандман со гаранција за македонскиот идентитет. Бараме уставен амандман што ќе се важи ако Грција не го ратификува договорот за промена на името, што ќе значи безусловно поништување на сите уставни промени и на Договорот од Преспа.Името за внатрешна употреба да се менува постепено, во зависност од тоа како ќе се реализира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април и основање собраниско тело со план за национално помирување во рок од 30 дена – порачаа синоќа одметнатите пратеници кои гласаа „За“.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ останува осамено и изолирано

Антизападното, антинародното и антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, останува осамено и изолирано во својата злоба и срам, велат од владејачката СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на Димитар ДимовскиОттаму додаваат дека 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО, преку усвојување на потребата за измени на Уставот.„Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ му свртеа грб на пионот на Никола Грусвки, Христијан Мицкоски и презедоа одговорност за иднината на државата. Поразеното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот играч Мицкоски огромните лаги, измислени во клучни моменти за иднината на државата, ќе мора да ги докажат на суд.Граѓаните го препознаваат и поздравуваат историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување за врвните државни интереси. Македонија се обединува внатпартиски и надетнички и тргнува кон полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ“, се наведува во партиската реакција.

Македонија | пред 7 години

maxresdefault

МВР поднесе кривична пријава против советникот на Груевски

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа Фејсбук во изминатите 24 часа, кои се соодветно документирани.„Против Г. Т. (48) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија“, велат од МВРhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156966249439066&set=a.460863359065&type=3&theaterОттаму ги повикуваат сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ципрас официјално стана и министер за надворешни работи на Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја презеде функцијата министер за надворешни работи на земјата со заклетва пред претседателот, Прокопис Павлопулос. Со тоа Ципрас официјално ќе раководи со министерството што беше предводено од Никос Коѕијас до неговата оставка во средата, а паралелно ќе ја извршува и премиерската функција.По заклетвата, Ципрас замина во зградата на Министерството за надворешни работи, каде му заблагодари на неговиот претходник и истакна дека ова е историски ден за грчката наворешна политика, алудирајќи на гласањето во македонскиот парламент за започнување на процесот за промена на уставот во согласност со договорот за името, пишува грчката новинска агенција „АНА-МПА“.Освен тоа, Ципрас ги искоментира и односите со Турција, потенцирајќи дека Атина нема да толерира нарушување на грчките територијални права, забележува агенцијата.Во однос на информациите за тајни фондови на грчкото министерството за наворешни работи, премиерот посочи дека владата создала рамка за зголемување на транспарентноста и институционална заштита против злоупотреби.

Свет | пред 7 години

mocka-baba-678x381

(ФОТО) Жена се искака пред Врховен суд сред Скопје

Попладнево повозрасна жена беше фотографирана како врши нужда пред Врховниот суд во Скопје. Таа на тревникот до булеварот пред минувачите клекна и заврши работа, по штп си замина.Во овој дел на градот нема мобилни тоалети, а најблискиот се наоѓа во трговскиот центар Мавровка кој е оддалечен повеќе од 300 метри од местото каде е фотографирана жената.

Скопје | пред 7 години

DSC_0062

40 години постоење на Здружението на пензионери - Карпош

Здружението на пензионери - Карпош одбележа 40 години од своето постоење. Ова здружение во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација, организирање на настани и други активности.На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и дел од членовите на Советот.„Дадената доверба значи обврска. Во изминатиов период покажавме дека ќе водиме еднаква грижа за сите пензионери. Тоа што го планираме за следната година е проектот за хумани патроли кој ќе овозможи помош и поддршка на пензионерите на кој им е најпотребно, здравствени прегледи или завршување на некоја секојдневна работа. Исто така, предвидуваме и отворање на повеќе пензионерски клубови“, рече Богоев.Во текот на вчерашниот ден, Одделението за спорт и култура при Општината ги организираше и деветитте по ред „Спортски лиги“ за повозрасните карпошани. Овој настан го поттикнува дружењето меѓу овие лица и овозможува да бидат активни.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Димовски: Македонија нема да стане европска земја со поддршка на антидржавните политики од страна на 80 очајници

Демократска и правна држава во која што се носат одлуки спротивно на уставот и јасно изразената волја на граѓаните на референдум, не постои, ниту пак постои демократска и правна држава во која што се одложува гласање се додека не се соберат гласови на пратеници кои се под закана на политички прогон, обивни денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.На прес-конференцијата, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски ијзави дека сега се гледа која била намерата да се нарачаат политички конструирани обвиненија и притвори за 27 април, да се нарачаат монтирани предмети против деца на пратеници или да се ангажира специјалното јавно обвинителство да гони поранешна министерка за култура која е актуелен пратеник.„Раководството на СДСМ порачуваше дека Крсто Мукоски бил убиец кој морало да си лежи. „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ, а истите се радуваа и ликуваа што Елизабета Канчевска Милеска останала без пасош бидејќи таа била зло за Македонија. Истото тоа раководство на СДСМ сега побара и доби поддршка за антидржавните политики токму од овие пратеници кои најжестоко ги напаѓаше. Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ“, изјави Димовски.Вчерашниот ден ќе остане запомнат како црн петок, вели Димовски и додава дека секој од нас живее со сопствените одлуки и за тоа сноси одговорност пред сопствениот народ.„Македонија нема да стане европска земја со поддршка на антидржавните и мафијашки политики од страна на 80 очајници,“ додава Димовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Бачев: Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат?

„Синоќа во Собранието при гласањето за одлуката за пристапување кон измена на Уставот се случи едно од најподмолните предавства во поновата македонска историја. Единствена Македонија во соопштението до јавноста од 2 октомври, предупреди дека се во игра по 2 милиони евра по пратеник. За жал, поткупот синоќа се потврди. Македонски платеници и изроди како избрани пратеници не издржаа. И не за било што, туку за тргување со највисоките национални и државни интереси“, изјави Јанко Бачев од партијата „Единствена Македонија“ на денешната прес-конференција.На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеење на правото, Европа на почитување на правната држава. Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата Татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта. Каква е таа Европа во која платеници - терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава. Каква е таа Европа во која Зоран Заев и врхушката на власт сакаат во НАТО и ЕУ само за да си го заштитат украденото од народот оти НАТО им го гарантира грабежот на народниот имот кој секојдневно го вршат Заев и неговото криминално друштво во власта. НАТО не го интересира грабежот, туку сака само послушни политичари кои му служат верно. Каква е таа Европа во која вчера слушнавме официјална информација од грчките валсти дека во грчкото министерствто за надворешни работи постоел таен фонд од 50 милиони евра за поткуп на политичари, новинари и медиуми во Македонија да го извршат предавството спрема сопствениот македонски народ“, вели Јанко Бачев.Според него, ненародната и пучистичката власт во Скопје, синоќа влезе во опaсна авантура да оди против волјата на својот народ искажана на референдумот на 30 септември. Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на 30 септември јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Ова што се случи синоќа во Собранието не е одлука на народот. Сега ни е потребно единство и сплотеност како Македонци. Борбата за Македонија и Македонците не е прашање на поединци или на една партија, туку на македонскиот народ.„Борбата не е завршена. Напротив, финалната борба штотуку започна откако синоќа е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди подржани сега и од пратеници-платеници да избришат се што е македонско. Оваа борба ќе ја решиме со пораз на марионетската власт во Скопје, нејзините странски газди и домашните платеници и јаничари кои се полакомија за пари да го продаваат светото македонско име. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав“, изјави Бачев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пронајдени 73 грама марихуана и 170 семки од канабис кај 37-годишен скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против С.Ф.(37), поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик на РМ.„На 18.10.2018 година е извршен претрес на неговиот дом и други простории кај пријавениот. При претресот пронајденa била поголема количина на непозната растителна и прашкаста материја, за кои по извршеното вештачење утврдено било дека се три стебла со корен и пет гранки од канабис, 73 грама марихуана, 170 семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана и хероин. По завршување на претресот лицето било приведено во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Четворица тинејџери нападнати со цврсти предмети во автобус на ЈСП

Вчера во периодот околу 20,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автобуската постојка пред с.Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф. (18) и уште три лица од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од с.Долно Блаце.Екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“.По настанот, повеќе жители од с.Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тепачка помеѓу скопјани поради долгови

Синоќа во полиција било пријавено дека на улицата Малешевска дошло до тепачка помеѓу две лица.Полицијата соопшти дека се работи за скопјани на возраст од 24 и 32 години, кои се степале поради должничко доверителни односи.Сочинети се записници за констатиран прекршок.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Стружанец кршел во казино и се заканувал дека ќе активира бомба

Четириесет и петгодишен маж од струшко бил приведен пред казино на улицата Маршал Тито во Струга.Претходно, како што соопшти полицијата, тој влегол во казиното и со закани од благајникот побарал пари, по што почнал да ги крши апаратите, шанкот и стаклата од влезната врата. Тој продолжил да се заканува и кон полициските службеници кои набрзо пристигнале на местото на настанот. Потоа фрлал и со предмети при што го оштетил предното стакло од полициското возило. Во еден момент, приведениот ја ставил раката во торбата што ја имал и им се заканал на полициските службеници дека наводно ќе активира бомба. Тој набрзо бил совладан и лишен од слобода.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Маж изгоре во пожар во неговиот дом

Вчера околу 07,00 часот било пријавено дека во с.Узем-Крива Паланка, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Љ.С.(58).Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а при увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

IMG-e948457cf194a1492ffead17cee19b29-V

Македонија го презема претседателствувањето со ICMPD во декември

Македонија го презема претседателствувањето со ИЦМПД во декември, соопшти Министерството за внатрешни работи.„Во рамките на Vienna Migration Conference 2018 што се одржа во Виена претходните два дена, а во организација на ИЦМПД Mеѓународниот центар за развој на миграциски политики, државната секретарка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со директорот на ИЦМПД, Михаел Шпенделегер и неговите соработници, во врска со престојното претседателствување на Македонија на организацијата следната година. На средбата присуствуваше и министерот за дијаспора на Република Македонија, Едмонд Адеми“, соопшти МВР.По повод претседателствувањето на средбата од страна на државната секретарка Магдалена Несторовска биле презентирани и аргументирани предлог- приоритетите на земава за престојното претседателствување, од аспект на развојот на имиграционите политики.

Македонија | пред 7 години

kosta-10.20

(ВИДЕО) Костадинов: Осумдесетте пратеници гласаа слободно и по сопствено убедување

„Собранието донесе историска одлука. Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато. Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80 пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера. Донесена е одлука што ја одредува иднината на нашата земја, што ја одредува иднината на секој граѓанин и на генерациите што доаѓаат“, вели пратеникот Костадинов.Според него, Христијан Мицкоски, Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, поделби, криминал и сиромаштија. Но Македонија кажа доста на поделбите создавани од Груевски, неговиот пион Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните и огромното мнозинство во Собранието одбраа Македонија да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. Пратениците се охрабрија, се одважија и донесоа одлука за иднината на државата.  Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Сега Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години“, изјави тој.Тој додава дека сите ние сме дел од еден историски момент. Тој историски момент повикува на обединување. Тоа ни е потребно како никогаш досега. Македонија се помирува, Македонија се обединува натпартиски и надетнички, 80 пратеници ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на државата. Време е сите пратеници да го следат тој чекор и да се приклучат.

Македонија | пред 7 години

solza-770x444

Глас за Македонија: Уценетите глави кои не се спремни да го отслужат тоа што им следува, се обидоа да ја укинат Македонија

Криминогените и кукавички структури, заштитени од ‘големи’ патрони, кои вчера дадоа поддршка за почеток на менување на Уставот, немаат легитимитет да ја кршат волјата на над 1.000.000 граѓани кои не го прифаќаат договорот со Грција, се вели во соопштението на партијата Глас за Македонија на Солза Грчева.„Како резултат на распадот на моралот на едно корумпирано општество се случи срамното гласање во Собранието, замислете на точно 80 пратеници. Уценетите глави, кои не се спремни да го отслужат тоа што евентуално им следува, се обидоа да ја укинат Република Македонија. Тоа е играње со демократијата и со правната држава. Набрзо, ќе дојде до ревизија на целата серија прекршувањата на принципите на меѓународното право, Уставот и законите направени во овој насилнички процес. Наредната власт во Република Македонија која нема да е подјадена од корупција, ќе има морална обврска, но и сила, да ги поправа штетите направени од корумпираните “елити“. Патот е тежок, но мора да се изоди“ велат од Глас за Македонија.Тие порачуваат дека ќе се истражат и наводите за понудени пари, како и за влијанието врз некои медиуми од црни, грчки фондови.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања