Скопје1.мк

134178336-172353

Британецот кој ја уби сопствената баба: Сигурен сум дека вработените во домот ќе го ценат мојот чин

Британецот, 33-годишниот Антони Џенингс од Илфорд, влегол во старскиот дом во лондонскиот Букхрст Хил и си ја убил својата баба, 94-годишната Руби Вилсон, со кујнски нож. Вработените во старскиот дом, по убиството, изјавија дека Британецот само кусо рекол: „Јас, едноставно, веќе не можев да го поднесам ова!“Пред убиството во ноември 2017 година, Џенингс лежерно влегол во домот и пиел чај со својата баба. Кратко потоа, тој повторно се вратил и со кујнскиот нож ѝ го пресекол вратот. Вработените во домот рекле дека бабата била пресреќна што нејзиниот внук дошол во посета.Џенингс, по убиството, ѝ се приближил на медицинската сестра, ја допрел по рамото и со тивок глас ѝ рекол: „Многу ми е жал. Ја убив баба ми“, а шокираната медицинска сестра го прашала дали се шегува, на што тој одговорил дека е многу сериозен.„Сигурен сум дека луѓето и вработените во домот ќе го ценат мојот чин. На персоналот му беше тешко да се справи со таков дементен човек“, рече Џенингс.Веднаш по немилиот настан, пристигнала полицијата, која ја повикал персоналот, и жената била пронајдена во својата соба мртва во фотелјата.Психијатрискиот профил на убиецот покажал дека страда од шизофренија и психоза. Тој веднаш е уапсен и неговото судење е во тек, а конечната пресуда се очекува на почетокот на октомври.

Свет | пред 7 години

mogerini

Могерини ќе прави вечера за премиерите

Шефицата за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, ќе организира вечера за премиерите од Западен Балкан. Вечерата која ја организира треба да одржи во Њујорк, објави Европската комисија.Како што посочија од комисијата, а пренесуваат српските медиуми на вечерата ќе присуствува и српската премиерка, Ана Брнабиќ.Европската комисија вели дека вечерата ќе се одржи вечерва во рамки на Генералното собрание на ОН во Њујорк, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ќе организира заедничка вечера за премиерите на Западен Балкан.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Кучиња искасале три лица во Скопје

Тројца скопјани вчера пријавиле во полиција дека биле искасани од кучиња скитници, и тоа на три локации во градот.Според информациите на МВР, ноќеска Н.К. (22) од Скопје пријавил во полиција дека вчера околу 23.30 часот на улицата Пролет бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата нога.Исто така, и М.В.(54) од Скопје пријавил дека вчера околу 18.50 часот на улица Пехчевска бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната подколеница.И педесет и осумгодишнниот Д.К. вчера пријавил дека во саботата во 20 часот бил каснат од куче на улицата Благоја Стевковски.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

МВР ќе издава лични карти по итна постапка за референдумот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела.Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29. 9. 2018 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи.На денот на референдумот одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Македонија | пред 7 години

dzaferi

Џафери-Баздникин: Продлабочување на меѓусебната соработка меѓу Русија и Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.Џафери му посака на новоименуваниот амбасадор Баздникин успех во извршувањето на оваа одговорна функција, а за време на средбата нагласи и дека стратешки приоритет на Македонија со одлука на граѓаните се евроатлантските интеграции на земјата, но големо значење се придава и на унапредувањето на билатералните односи со Руската Федерација, а особено на парламентарната и економската соработка.Амбасадорот, Сергеј Баздникин истакна дека негова цел во рамките на мандатот ќе биде продлабочувањето на меѓусебната соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија во бројни полиња од заеднички интерес. Тој укажа на потребата за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји.Двајцата оцениле дека интензивирањето на меѓупарламентарната соработка може да се реализира преку взаемни посети на Групите за пријателство, а со оглед на тоа што таква група во Собранието на Република Македонија веќе постои, амбасадорот се заложил за забрзување на основањето на соодветна група и во Федералното собрание на Руската Федерација и тоа би бил одличен начин на размена на идеи, мислења и искуства.На средбата меѓудругото станало збор и за текот на референдумската кампања чијшто овластен носител е Собранието.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи

Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само за некој глас повеќе за поддршка на капитулантскиот договор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името. Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци“, изјави Арсовски.Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега, додаде Арсовски и потенцираше дека нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, имено од почетокот на годината заклучно со месец август реализацијата на капитални инвестиции е само 23.3%.

Македонија | пред 7 години

ohid

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе ги испратат во модна агенција во Србија. Но, наместо тоа, девојките си ги виделе своите фотографии објавени на странска веб-страница за интимни односи со девојки.Според информациите на МВР, против К.К. (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторенo продолжено кривично дело злоупотреба на лични податоци.Двајцата на 23 јули минатата година на плажа во Охрид фотографирале девојки и им ветувале дека фотографиите ќе бидат доставени до модна агенција во Република Србија, а за услугата барале и зеле по 600 денари. Во текот на оваа година пријавените фотографиите и личните податоци од лицата, без нивно знаење и согласност, ги поставиле на веб-страницата anastasiadate.com, намената за остварување контакти и интимни средби со девојки.

Македонија | пред 7 години

kostadinov-1068x601

СДСМ: Го одржaвме зборот, ги намаливме трошоците за нотари и извршители

Костадин Костадинов, пратеникот на СДСМ и коалицијата, денеска изјави дека Владата го одржала зборот и ги намалила нотарските трошоци и трошоците за извршителите.„Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на Законот за нотаријат и Законот за извршување со што значително се намалуваат трошоците на граѓаните кај извршителите и нотарите. Трошоците за нотарските и услугите на извршителите за намалуваат за 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати.Ова ќе значи намалување на трошоците за граѓаните кои се соочуваат со постапки пред нотари и извршители, а особено за најсиромашните граѓани кои не можат да ги платат сметките за комуналии или земале мал потрошувачки кредит.Со ова се остварува уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата за работа на Владата – олеснување на животот на сите граѓани во Република Македонија и намалување на трошоците“, изјави Костадинов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Полицијата фатила скопјанец како продава дрога

Педесет и две годишен маж е уапсен поради сомнение за продажба на дрога во Скопје.Против лицето Ќ.Ј. е поднесена пријава поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и на истиот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.На 24 септември од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, извршен е претрес во неговиот дом на улица „Лазар Танев“ во Скопје, каде пријавениот престојувал со својот 28 годишен внук. При извршениот претрес во домот се пронајдени 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол.

Скопје | пред 7 години

42640656_562758944144168_2859654620848848896_n

ФОТО) Мајка и дете прегазени на Партизанска, возачот го бараат преку Фејсбук

Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“ такси возач удрил во мајка и дете кои поминувале на пешачки премин. Мајката и детето поминале со полесни повреди, а со возило на Брза помош биле пренесени во болница.„Со жена ми и ќерка ми бевме на клиника цела вечер. Во полиција не ми дадоа податоци за возилото и возачот. Ќе ми помогнете да го најдам?“, пишува таткото Александар Малевски во групата Ѕид на сообраќајниот срам.Некои од очевидците велат дека таксистот застанал и бил со мајката и детето, па чекал да дојде и Брза Помош. Други пак, велат дека мајката и детето удриле во задната врата на таксистот. Останува нејасно, зошто таткото го бара возачот преку социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Груевски и Заев завршија на порно сајт

Фолк-пејачките Сузана Спасовска и Благица Павловска, сосе актерот Васил  Зафирчев, па и дамите од СЈО, до Заев, Димитров, Велија и многу други познати личности завршија како порно-ѕвезди. На социјалните мрежи деновиве се споделуваат монтирани фотографии од јавните личности, политичари, пејачи и глумци, сапкувани во „Мак-тјуб“ и на корисниците на креираниот сајт им велат да ја изберат омилената секс категорија.Во понудата има сe и сешто, од Благица која е во категоријата „див и луд секс“, Сузе Спасовска за „фтиши“,  до Маријан Стојановски кој залутал во „аматерски секс видеа“, па и Велевска за „секс на јавно место“. Во „геј варијантата“ ги ставиле Кајмакоски и Јоксимовиќ, Тамара е понуда за „големи гради“, а Елена Ристеска заврши во „лизбиски секс“. Освен естрдата, на измислениот порно канал завршија и македонските политичари - Груевски бил за „тинејџерски секс“, Заев и Севернина за „фантазија“, а во категоријата „милфици“ се трите од СЈО.

Магазин | пред 7 години

42503921_2169132503376399_1395712277818114048_o

Почина бездомникот чичко Цобе кој беше претепан, се собираат донации за погреб

По два месеци од претепувањето на Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе, тој им подлегна на повредите. Тој продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво декор“. Тој спиеше и се хранеше на истата локација.Претепувањето на Минциковски се случи пред еден месец. Тој веќе три дена е во капела, бидејќи нема кој да го погреба.„Не беше евидентиран како бездомник, затоа што имаше куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош, има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците. Во изминатиов период се потрудивме да ја решиме оваа ситуација и стапивме во контакт со институции, погребалното Бутел и неколку други Здруженија. Останаа уште 4.000 ден кои се потребни за да може конечно Чичко Цобе да се погреба. Доколку сте во можност да помогнете ве молиме да не контактирате, за да ве насочиме каде да го извршите плаќањето“, се вели во објавата на Фејсбук.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Прво рели со олдтајмери во Скопје

 Ревијата се состои од два дела. Првиот дел е изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество ќе земат 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година. Возилата ќе бидат оценети и наградени од стручна техничка комисија.Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје. Стартот (12 часот) и целта е пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга. Возилата ќе бидат поделени во две класи, а победниците наградени.Возилата ќе бидат поделени во две класи:Класа 1 возила произведени до 1970 годинаКласа 2 возила произведени од 1971 до 1984 годинаОрганизаторите ќе ги прогласат најдобрите во категориите за најстаро возило, најоригинално реновирано и на кабриолет возила. 

Скопје | пред 7 години

brod

Укината забраната за работа на Македонци на најголемите бродови

По четиригодишна забрана за работа на Македонците на најголемите бродови во Светот кој пловат под името на компанијата „Royal Caribbean Cruise Line”, конечно, забраната е одстранета прку континуирано и максималното ангажирање на агенцијата „Коузон“ од Скопје.Повеќе од 20 години оваа компанија вработуваше Македонци и тоа на различни работни позиции.Вработувањата на бродските компании се значајни за македонската заедница од причина што истите се можност младите од Македонија да се стекнат со квалификации од областа на угостителството, и добро да заработат.„Коузон“ е главен представник за вработување на брод на сите Балкански држави, и најавуваат можност за вработување на најмалку 500 Македонци на годишно ниво.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Шилегов: Загадениот воздухот е од споредните улици и запуштените приватни имоти

Силниот ветер кој го зафати Скопје направи големи оштетувања низ градот.20-тина пожари, искинати електрични кабли, паднати дрвја, однесени лимени покриви и зголемена концентрација на прашина во воздухот што доведе до неколкукратно зголемување на загадувањето е билансот од вчерашниот ветер. Паднатите дрвја направија штета врз неколку автомобили, но дали градот ја покрива штетата не се знае.Градоначалникот Шилегов рече дека има правила кои треба да се разгледаат, а граѓаните доколку се оштетени треба да поведат соодветна постапка пред градот или пред осигурителните компании во кои се осигурани.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, прашан за тоа како резултат на што се појави таа прашина, тој рече дека е од неисчистени споредни улици кои се под надлежност на општината, како и од запуштени приватни земјишта кои продуцираат прашина и несоодветно одржувани градилишта. Тој рече дека очекува заедно со општините да разработат нов систем на градот, бидејќи обврска на градот е одржување на хигиената на главните сообраќајници, а општините на споредните, но општините немаат ниту доволно средства, ниту механизација за тоа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(СКОПЈЕ1.мк анкета) Гласајте: Ќе излезете на референдумот или ќе бојкотирате?

За да гласате, морате да се логирате со вашиот Фејсбук профил.Доколку не можете да гласате директно, притиснете тука.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Четири работи ќе се променат во нашиот Устав

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Телма, на поставено прашање од страна на публиката рече дека Уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрани со еден амандман.Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее, ги потенцираше Заев:Додавање на географската одредницаПреамбула за зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМЧлен 3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУЧлен 49 – Останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандарди на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Има 80 години, а изгледа како тинејџерка

Познатата глумица Џејн Фонда (80) која сеуште изгледа одлично и активно вежба, проговори за пластичните операции кои го променија нејзиниот физички изглед.Фонда во моментов го промовира својот нов документарен филм „Џејн Фонда во пет чинови“, а за својот изглед проговорила на една од промоциите во Њујорк.„Од една страна, мразам што морав да го променам својот физички изглед за да се чувствувам добро, но нема да лажам. Бев уморна од тоа да изгледам уморно дури и кога не сум“, признала глумицата, на која и се допаѓа тоа што изгледа добро, но не крие дека за тоа е заслужна естетската хирургија.Иако има 80 години, познатата глумица и понатаму активно вежба и вели дека и помага да изгледа помладо.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Пред да се венча, Џастин Бибер преку договор ќе си го штити имотот

Поп ѕвездата Џастин Бибер и неговата вереница, манекенката Хејли Болдвин, сепак нема да застанат пред олтарот и да се заколнат еден на друг на вечна љубов без да потпишат предбрачен договор.Иако тоа не било во план првично, затоа што Бибер верува во љубовта на Хејли, во консултација со својот ПР тим и пријателите, се согласил да потпише договор.Хејли и Џастин веќе ја извадиле потребната документација за склопување на брак, ги ангажирале своите адвокати и спремни се за преговори. Во договорите ќе пишува дека во случај на разделба секој го задржува својот дел од имотот.Се проценува дека богатството на Бибер е околу 256 милиони долари, додека Хејли е „тешка“ околу 6 милиони долари.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Утврден редоследот за полуфиналните вечери на „Макфест 2018“

Во пресрет на претстојното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“, кое ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври во Штип, денеска беше одржана прес-конференција, во чии рамки со влечење жрепка беше утврден и редоследот на настапи за двете полуфинални вечери.„Фестивалот ’Макфест’ е гордост за Штип. Верувам дека годинава ќе постигнеме најдобро издание и фестивалот ќе блесне во сиот свој сјај“, рече на прес-конференција градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, а Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“, објасни дека годинава нема да има телефонско гласање, туку дека победничките песни ќе се избират со медиумско гласање, гласање од стручно жири и со гласање на публиката во салата.Вкупно 32 композиции, односно по 16 во двете полуфинални вечери, годинава ќе се натпреваруваат за награди во вредност од 5, 4 и 3 илјади евра за првите три места, како и оние од по 500 евра за најдобар аранжман, најдобра вокална интерпретација, најдобар дебитант и за најдобар сценски настап. Меѓу изведувачите има веќе докажани, но и нови имиња што допрва ќе се етаблираат на нашата музичка сцена, како што е најмладата учесничка Сара Гигова, чија „Љубовна бура“ ја има честа да го отвори фестивалот.Во првата полуфинална вечер на 4 октомври ќе ги слушнеме и: Симона Попоска, Мина Блажев, Мартинијан Кириловски, Игор Узунов, Лена, Филип Пешевски, Пепа, Наталија Данаилова, Наташа Малинкова, Лина Пејовска, Горан Наумовски со Горан Папаз, Џокси, Димитар Андоновски со „Тајфата“, Кристијан Проданов и Ѓоко Танески. Следната вечер за влез во финалето ќе се натпреваруваат: Барбара, Огнен Здравковски, Маријан Стојаноски, Дани Димитровска, трио „Џентлмен“, Ивона Јовановиќ, Весна Спасова, Наталија Славева, Давид Миладинов, Роберт Билбилов, Анастасија, Александар Тарабунов, Симеон Коруноски, Антонија Гиговска, Мартина Митревска и Анета Ристова Василева.Преносот на „Макфест 2018“ ќе се емитува на Македонската радио телевизија, со почеток во 20.30 часот за двете полуфинални и за финалната вечер. Водителка на фетсивалот е Марјана Станојковска.

Магазин | пред 7 години

ordanovski

Ордановски: Се етаблиравме како нација која ужива да се самосожалува

Штета. Овој референдум требаше да биде национална прослава, круна на евро-атлантските аспирации на големото мнозинство граѓани на Македонија (според последните мерења на јавното мислење, дури околу 75 отсто од испитаниците!) за своја конечна, официјална интеграција – и тоа во овие, несигурни меѓународни констелации – во прогресивниот, цивилизиран свет, таму каде што владее правната држава и почитувањето на правата на сите, без разлика на нивната идентитетска и политичка припадност.Тоа, како што гледаме, нема да е можно. И во оваа историска фаза ќе мора да има победници и поразени. Кои потоа, секој во своите табори, ќе ги слават нашите туѓи порази.Македонците – овој пат мислам на оние со таков етнички предзнак – и во овој важен дел од своето постоење, не можат да се договорат за тоа што треба да го содржи и како да изгледа сопствениот национален консензус. Не помогна ни масивната интервенција на меѓународната заедница која, со симпатија без преседан, се обиде да ни објасни дека, успее ли референдумот, не треба да се плашиме за сопствената иднина. Барем за догледна иднина, во време кога иднината е дефицитарен политички производ.Не, ние сме навикнати, воспитани, одгледани, речиси генетски предодредени да живееме, дури со извесна удобност, во страв. Погледнете ги негативните кампањи за овој референдум: како што наближува неделата за гласање, така стравот од пост-референдумската иднина сака да ја поклопи надежта во пост-референдумската иднина. Авторитарната свест секогаш повеќе сака да се плаши, отколку да се надева, оти за стравот се виновни мистични, „виши сили“, а надежите се остваруваат со прифаќање на сопствената одговорност за подобрата иднина. Ете, сега е модерно да се АПСТИНИРА од референдумското изјаснување, а не тоа дури и да се бојкотира, оти кога апстинирате, со извесно гадење од валканоста на политиката воопшто, наводно, сте ослободени од одговорноста за исходот и последиците од гласањето. Своите високи морални бисери не би да ги фрлате пред свињите кои се прпелкаат во калта на своите политички ставови кои мора да се секогаш предизвикани само од ниски страсти.Се етаблиравме како нација која ужива да се самосожалува и за своите неуспеси да бара изговори во туѓите постапки. Нам секогаш некој друг ни е виновен, сè некој друг ни го мокри барутот, за да не пукне кога треба. Со генерации ја живееме дефиницијата за паранојата: да мислите дека, некако, светските конспиратори немаат никакви други зли ангажмани, туку постојано токму нам ни обрнуваат внимание и само со нас се занимаваат! По цел ден седат и само гледаат како нам да ни напакостат.Ако ништо друго, ваквиот развој на настаните олеснува подобро да го разбереме сопственото минато во последните еден-два века, исполнето со задоцнети или преуранети востанија, предавства, цифра од меѓусебни убиства и чистки кои далеку го надминуваат бројот на елиминирани „легитимни“ непријатели и, воопшто, пропуштени „историски“ прилики од разни природи и во разни временски рамки. Отсекогаш ни фалело време да се договориме што треба заедно да правиме.А, сепак, мора да сме родени сме со к’смет на сопственото буниште, бидејќи припаѓаме на елитниот број на нации во светот кои имаат сопствена држава. Осмо светско чудо! Е, тоа е резултат на вистински светски заговор. Во наша корист. Но, не се опуштајте, никогаш не е доцна да одиграме за сопствената штета. Претстојниот референдум е извонредна прилика за тоа.Прочитајте повеќе на Цивил медиа

Коментари | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево и свежо, со температура до 22 степени

Времето ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде од 1 до 9, а максималната од 13 до 22 степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 18 степени.До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Од недела ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Климатските промени го уништуваат мовот на Антарктикот, научниците загрижени

Бујниот зелен мов на источен Антарктик, кој извира од мразот во текот на кратката сезона на растење во секое антарктичко лето, го уништуваат климатските промени, открива студијата.Во студијата, чии резултати беа објавени во магазинот „Нејчр клајмет чејнџ“, се наведува дека вегетацијата на источниот Антарктик се менува брзо како одговор на сушната клима.Додека западниот Антарктик и Антарктичкиот Полуостров се некои од местата на планетата што се затоплуваат најбргу, источен Антарктик досега не почувствува многу од затоплувањето на климата, така што научниците не очекуваа дека таму ќе видат големи промени во вегетацијата.„Мовот е дом на мали животни, габи, лишаи и клетки на алги. Мовот е наш чувар на целиот екосистем“, рече научникот проф. Шерон Робинсон од австралискиот универзитет.Источниот Антарктик стана постуден, ветровит и посув како резултат на комбинираните ефекти од климатските промени и оштетувањето на озонската обвивка и ова е првата студија што покажа дека тоа има погубно влијае врз тамошната вегетација.

Магазин | пред 7 години

42581018_10155348552761706_4116179249260396544_o

Улиците во „Карпош 4“ рак рана за жителите

Веќе подолг период, градежна механизација работи на улиците низ Карпош. Жителите кои возат па Партизанска на потегот од Карпош 4 кај мостот Влајко до Ѓорче Петров велат дека наутро се создава вистински сообраќаен метеж. Истото се случува и со улицата Московска, каде жителите негодуваат поради тоа што месец и половина тешко се пробиваат низ сообраќајот.Градоначалникот на Општина Карпош, Ссефан Богоев го најави целосното реконструирање на улицата „Њуделхиска“ во населбата Тафталиџе.„Во наредните 30 дена ќе бидат реконструирани 500 метри од улицата со повеќеслоен асфалт, затоа што се работи за една од попрометните улици во општината. Станува збор за рехабилитација на коловозите и реконструкција на тротоарите. Улицата ќе биде проширена и ќе се постави ново лед осветлување“, вели Градоначалникот.Целта на оваа реконструкција е да се намали сообраќајниот метеж, но и да се зголеми безбедноста на учесниците во особраќајот. Истата ќе чини околу 3.200.000 денариГрадоначалникот изјави дека исто така започнуваат и со реконструкцијата на улицата „Даскал Камче“ во Карпош 1, при што ќе се реконструираат околу 100 метри од улицата. Оваа недела ќе се изврши санација и на дупките на улицата „Козле 3“, која е запуштена веќе подолго време.„Со членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, 15,5 милиони евра европски пари ќе бидат наменети за подобрување на инфраструктурата, односно нови улици, локални патишта и мостови“, вели Богоев.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад во централна Атина. Две лица се уапсени за нападот, но деталите околу инцидентот сè уште не се познати во јавноста.Нападот, наводно, бил снимен на камера, а видеото било прикажано на неколку грчки медиуми и се делело на социјалните медиуми, но полицијата сè уште не ја потврдила нивната автентичност.На снимката, која што извори тврдат дека е дел од истрагата, може да се забележи маж кој наликува на Костопулос, како се обидува обидува да се ослободи од заклучена продавница за накит со разбивање на стаклената врата на продавницата со апарат за гаснење пожар. Потоа го покажува како се обидува да излезе од затворена продавница кршејќи го стаклото, додека двајца мажи постојано го удираат. Откако повреден паднал на земја, го опкружува толпа луѓе, претепаниот човек потоа се обидува да стане, пред да биде опколен од полицијата, која му става лисици на рацете и го однесуваат на носила.Костопулос почина на пат кон болницата, изјави полицијата за атинскиот весник “Катимерини”. Според извештајот за форензичар, не се познати точните причини за смртта, а резултатите од аутопсијата се очекува да бидат објавени неделава.Според лекарите, тој имал модринки по телото – мали повреди кои не можелле сами по себе да предизвикаат смрт, поради што ќе продолжат понатамошните лабораториски анализи.Сопственикот на продавницата за накит и сопственикот на сосдниот дуќан се уапсени и моментално се наоѓаат во притвор. Тие, наводно, ги виделе двајцата мажи што го удирале Костопулос на видео снимката.Првичните извештаи за новинарите тврдеа дека Костопулос бил вооружен со нож и се обидел да ја ограби продавницата за накит.Преку јавен Фејсбук пост грчкиот активист на ЛГБТК, Григори Валианатос, изјави дека Костопулос отишол во продавница за накит во потрага по засолниште откако избила тепачка во кафулето во кое што седел.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања