Скопје1.мк

Нема фотографија

Малолетници со мопеди секојдневно се жртви на сообраќајки

Според надлежните во скопската сообраќајна полиција, мопедите, односно малите градски мотоцикли што личат на популарната "веспа", чии мотор има работна зафатнина од 49 кубни сантиметри можат да се возат со положен ПСП (Познавање на сообраќајни прописи).Според важечкиот закон, оваа дозвола може да се добие со наполенти 16 години. За остантите мотоцикли со поголема кубикажа е неопходно да се положи А категоријата од возачкиот испит.Според секојдневниот полициски билтен на сообраќајните несреќи се следи тенденција која вели дека несреќите чии учесници се мотоцикли или велосипеди со мотор (мопеди) од ден на ден се зголемувба нивниот број. Од скопската полиција, велат дека несреќите со трагични последици најчесто се случуваат поради неприлагодената брзина на движење на мопедите, непрописното менување на сообраќајните ленти на коловозите и необрнувањето на внимание на возачите кои управуват мотоцикли. Меѓутоа, бројот на загинати лица кои се превезувале или управувале скутери е мал. Затоа, пак, за 50 отсто се зголемил бројот на тешко и полесно повредени. Овие возила се набавуваат и секојдневно се повеќе се користат поради големиот метеж на улиците, но и поради нивната ниска цена на набавка. Македонскиот стандард дозволува овие возила да бидат лесно купени.Мопедите имаат моторна блокада која не дозволува брзина над 50 километри на час. Меѓутоа, сопствениците на скутерите ја отстрануваат блокажата и тогаш мопедот може да достигне брзина и до 90 километри на час.За зголемување на безбедноста во сообраќајот, МВР најавува зголемено присуството на сообраќајната полиција на сите патни правци. Бидејќи непочитувањето на сообраќајните прописи е најголема причина за несреќите, во МВР се предвидени низа проекти и медиумски кампањи за безбеден сообраќај. Во полицијата велат дека новите измени на Законот за сообраќајот позитивно влијаеле врз граѓаните. Тие во голема мера ги почитуваат забраните за возење без заштитен појас и зборување со мобилни телефони при управување на возилата.Поради поголема безбедност на пешаците и на велосипедите во сообраќајот, почната е акција во која се предвидени санкции за родителите што ќе дозволат на дете што не наполнило десет години да управува велосипед во сообраќајот. Поради зголемениот обем на сообраќај со мотоцикли и скутери во овој период од годината, лекарите алармираат дека е потребно обучен медицински персонал деноноќно да се движи по патиштата со подвижна амбуланта или да има пунктови што ќе даваат прва помош. За да се намали бројот на жртвите во сообраќајните незгоди, повредените треба да бидат згрижени за најмногу два часа, сметаат медицинските експерти.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка кај стоковната куќа „Мост“

Возило марка „БМВ“ вечерва удрило во метален столб под старата стоковна куќа „Мост“ во Скопје, по што возилото е тешко оштено, а засега не е познато дали има настрадани.Засега нема пријавено повредени, соопштија од Министерството за внатрепшни работи.Поради тоа дел од сообраќајот се пренасочува, но се очекува за кратко време да биде нормализиран, велат уште од МВР.

Скопје | пред 7 години

sad

САД, ЕУ и Јапонија најавија соработка во трговската војна против Кина

САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави – при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.– Повторно беше изразено нашето незадоволство и се потврди заедничката посветеност на борбата за фер трговски пракси и запирање на нелојалната конкуренција, соопштија тројцата претставници.САД отпочнаа трговска војна чија главна цел е Кина, со воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини за американски земојделски и други производи. Трите земји индиректно ја осудија Кина и за праксата на крадење интелектуална сопственост – пред се патенти на компаниите од технолошката индустрија

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода корисниците на улицата Ѓуро Ѓуновиќ

Од ЈП „Водовод“ информираат дека поради промена на затворач (огрлица) од Ф 200 мм на улицата Ѓуро Ѓуновиќ бб во населбата Маџир Маало прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата Ѓуро Ѓоновиќ од 8:30 часот до завршување на дефектот (општина Центар).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Почнува гласањето на референдумот

  На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија (ДИК) денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот.Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.Ќе се гласа во ДКП-та во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.Најмногу пријавени за гласање има во Берн 321, Венеција 264, Љубљана 217 и во Виена и Торонто каде изјаснување ќе има за по 151 македонски државјанин. Најмалку, само 10 се пријавени за гласање во Будимпешта, 13 во Истанбул, 14 во Букурешт и 15 во Атина.Доколку некој од пријавените граѓани за гласање во ДКП-та за референдумот допатуваат во Македонија нема да може да го остварат тоа право во земјата бидејќи неговото име ќе биде во посебните изводи од Избирачкиот список наменети за дијаспората. Гласањето во дијаспората започнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот по локално време.Во сабота на 29 септември гласање ќе се спроведува и за болните и немоќните лица, за затворениците и за лицата во домашен притвор.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжува раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“

   Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство и за предметот „Тарифа“.На претходните рочишта на раздвоената постапка  за „Тенк“, која се води против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беа изнесен материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.Сведоците кои даваа исказ на досегашните рочишта во раздвоената постапка во случајот „Тенк“, се сослушани и во случајот кој веќе заврши со обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.Во Кривичниот суд денеска продолжува и судењето на поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Македонија | пред 7 години

soncevo

Сончево и свежо

Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.Во Маврово утринската температура ќе биде најниска - 0, а највисоката, 9 степени, во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од 18 до 22 Целзиусови степени.Во Скопје максималната дневна температурата ќе достигне до 18 степени.До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Утре и задутре најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок).Од недела, информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд. 

Македонија | пред 7 години

42501534_144236236526693_6884507042736766976_n

Бојкотирам ги повика пратениците на чело со Груевски да кажат како ќе гласаат

Од вечерва на повеќе Фејсбук страни кои се дел од кампањата БОЈКОТИРАМ се споделува постер на кој се наоѓаат сите пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои до овој момент јавно не кажаа дали ќе гласаат на референдумот и како ќе гласаат во Собранието кога договорот од Преспа ќе стигне на гласање.На постерот е ликот на почесниот Претседател и пратеник Никола Груевски кој е еден од пратениците кои до овој момент ги игнорира повиците на повеќе граѓани, новинари и членови на ВМРО ДПМНЕ кои ги повикуваат пратениците јавно да кажат дали во Собрание ќе гласаат ЗА поддршка на договорот со Грција.На фотографиите е и Илија Димоски, Вилета Рангелова, Елизабета Камчевска, Никола Поповски, Илија Димовски, Борис Змејковски, Крсте Јовановски, Драган Данев, Сашо Василески, Љубен Арнаудов и други пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои иако некако станале пратеници не се познати и експонирани во јавноста.

Македонија | пред 7 години

tramp-un-1

Светските лидери му се изнасмеаја на Трамп во ОН

Претседателот на САД Доналд Трамп во говорот на  73-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации ја нападна ОН за начинот на работа, а светските лидери му се изнасмеаја кога почна да се фали за економската и воената моќ на неговата земја.„За помалку од две години мојата администрација постигна повеќе од речиси која било друга администрација во историјата на нашата земја“, рече Трамп и додаде дека САД така „станаа посилни, побогати и побезбедни“.На што со смеење реагираа присутните светски лидери, американскиот претседател со насмевка им одговори: „Не ја очекував оваа реакција, но и тоа е во ред“.Главниот фокус на претседателот во говорот беше цврстиот став спрема Иран, силна одбрана на американскиот суверенитет преку напад врз глобализмот. Американскиот суверенитет беше главна тема во говорот на Трамп и го правдаше повлекувањето на САД од мултилатералните договори и организации, за кои рече дека претставуваат закана за правото на САД да раководат.„Америка е управувана од Американци. Ние ја отфрламе идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизам. Ширум светот, одговорни нации мора да го бранат суверенитетот не само од глобалните влади, туку од нови форми на доминација“, рече Трамп.Тој истакна дека подетално ќе се разгледува доделувањето на помош во странство и рече дека САД ќе им даваат само помош на земјите кои што ги почитуваат САД и „се наши пријатели“.Повеќе од 130 светски лидери се собраа на 73-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации, настан кој трае од 25 септември до 1 октомври со претставници од речиси 193 земји членки на ОН.сдк.мк

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Возило удрило рис на патниот правец Охрид-Кичево, по што починал

Денес на патниот правец  Охрид – Кичево кој е во изградба, од страна на градежници било забележано повредено животно. Тие велат дека станува збор за рис кој бил повреден од возило и не можел да се движи.Лицата кои работеле на патниот правец го известиле Министерството за земјоделство, шумарство и водосопанство, како и Македонското еколошко друштво кои веднаш го транспортирале во Скопје за негово лекување, но рисот не преживеал.

Македонија | пред 7 години

4qSnm-13

Владата го прифати планот за модернизација на АРМ

Приоритет во опремувањето и модернизацијата имаат декларираните сили за НАТО/ПзМ активности прифатени во рамките на НАТО-процесот на планирање и преглед (PARP), вклучително и Лесната пешадиска баталјонска група како најголема декларирана борбена единица со која Република Македонија придонесува во НАТО-базенот на сили.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пожар во хотелот Хилтон во Белград

Во хотелот Хилтон во Белград се активирале алармите за пожар, поради пожар на трафостаница која се наоѓала на паркингот.Во пожарот нема повредени, а евакуираните гости се вратени во хотелот.https://twitter.com/djandjava/status/1044617694568488962

Свет | пред 7 години

Capture

(ВИДЕО) Пожар на полуостров во Хрватска, се шири кон складиште за нафта

Најмалку двајца пожарникари се повредени во пожарот што ја фати боровата шума околу 8 часот утрово во селото Мокало кај Оребиќ, на полуостровот Пелешац. Пожарот се шири со голема брзина поради силниот ветер.Огнот стигна до влезот на Оребиќ, а евакуирани се локалните жители и туристите. Хрватските медиуми пренесуваат дека досега изгореле најмалку четири куќи, а и други куќи се зафатени од огнената стихија. Во гаснењето се вклучени и канадери.Огнената линија е долга неколку десетици километри и се шири во два правци.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

"Никој не ни може ништо": Кина со остра порака до Америка

Ако администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп продолжи да се држи до своите унилатерални и протекционистички ставови и одбива да ги почитува фундаменталните норми на двострано почитување и советување, ќе биде тешко двете страни да напредуваат во било кои идни трговски преговори, се истакнува во статијата, со напомена дека Кина останала искрена во своите напори за договор за правична трговија, за разлика од американското "трговско насилство"."China Daily" тврди дека американските обвиненија дека Кина е вмешана во "кражба" на принуден трансфер на интелектуална сопственост и други неправедни трговски пракси, може да се демантираат со долготрајниот консензус меѓу двете земји. Ако американските мерки против Кина навистина се средство за преговори, САД може да откријат дека понатамошното ангажирање ќе биде уште потешко, ако не е и сосема невозможно", се истакнува во статијата."Global Times", таблоид на кинеската Комунистичка партија, ги повикал Американците да ја препознаат кинеската сила во трговскиот спор. "Кина го прави тоа што треба. Кина е искрена и има принципи и е главна трговска сила која поседува голема моќ. Никој не ни може ништо", навел овој весник.Оваа реакција уследила по последната рунда двострано наметнување на тарифите на американска и кинеска роба, која стапила на сила во понеделникот и ги зголемила тензиите меѓу најголемите две светски економии, потсетува CNBC.САД пресметале тарифи од 10 проценти на 200 милијаради долари кинески производи, со камата која до крајот на годината ќе се зголеми на 25 проценти. Кинеската влада возвратила со такса на 5.207 американски производи во вредност од околу 60 милиони долари. Пред тарифите да стапат на сила во понеделник, САД и Кина веќе применувале такса на роба во вредност од 50 милиони долари.Ако САД го користат трговскиот притисок како преговарачка тактика против Кина, тоа ќе ја загрози економијата на двете земји и последиците веројатно ќе се прелијат на глобалната економија. Американските унилатерални трговски потези не само што ги оштетија нормалните кинеско-американски трговски активности, туку можат и да го забават светскиот економски раст.

Свет | пред 7 години

avtobus

(ВИДЕО) Мигранти од Сирија украле автобус, па удриле во полициско возило

Хрватската полиција денес привела двајца мигранти од Сирија поради кражба на автобус. Полицијата соопштила дека во текот на утринските часови во Плашин Поток е украден автобус.Откога биле забележани од полицијата, мигрантите започнале да бегаат, но по десетина километри застанале. Од автобусот искочиле две лица кои пробале да избегаат, но нивниот обид бил неуспешен. Автобусот започнал да се движи во рикверц, по што удрил во полициското возило, но никој не е повреден.

Свет | пред 7 години

20180922_1624470

(ФОТО) Пламени јазици околу Вевчани - туристичкото село не се гледа од чад

Еколошката свест под секое ниво !Селото кое покрај по карневалот стана познато и по квалитетната храна во бројните етно ресторани како и по сместувачките капацитети не се гледа од чадот кој се издига во воздухот од запаленото ѓубре по вевчанските ниви.На фотографиите кои ги објавуваме се гледа патот кој води до Вевчани и чадот кој се издига, а е видлив на повеќе километри далечина, па дури и од Струга.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Тепачка со лопата и мотика во Гостивар

Во полициската станица во Гостивар вчера околу 12 часот и 40 минути пријавено е насилство во трговски објект на Булевар „Браќа Ѓиновски“ во кое учествувале Љ.Н. (52) и неговиот син Ш.Н. (27).Најпрво започнала вербална расправија со вработените околу цената на производот кој претходно го купиле, по што Ш.Н. со лопата го удрил по главата гостиварецот Н.З., а неговиот син со мотика го скршил стаклото од излогот. Н.З. бил пренесен во гостиварксата општа болница и укажана му е лекарска помош. Љ.Н. и Ш.Н., како и другите учесници во тепачката се лишени од слобода.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

brza-pomos

Две нови возила за транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство набави две нови возила кои се наменети за транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Целта на оваа набавка е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивка заштита од надворешните временски влијанија, како и заштита на нивната приватност пеи транспортот.Возилата ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника само во рамките на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, што значи дека пациентите повеќе нема да се пренесуваат физички, на носилки.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

АВМУ го објави првиот извештај од монторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го објави Првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 10 до 18 септември 2018 година. Во него се прикажани наодите за начинот на кој медиумите известуваа за референдумските теми во дневно-информативните емисии, во информативните програми, во интервјуата и дебатите.„Резултатите од мониторингот покажаа дека во услови кога немаше јасни и еднакво активни линии на агитација („за“ наспроти „против“ и/или „бојкот“) беше тешко радиодифузерите да се потпрат на известувањето од настаните за да ѝ обезбедат на публиката разновидност на гледиштата. Оттаму, посветеноста на некои од нив кон начелото еднакво да ги третираат различните гледишта може да се забележи во подготвеноста, во вестите да понудат ставови на аналитичари, политиколози, историчари, експерти во други релевантни области кои ќе им овозможат на граѓаните поцелосен и продлабочен увид во прашањата кои треба да ги имаат предвид за да донесат информирана одлука за референдумот“, стои во соопштението.Други медиуми, недостигот на разновидни гледишта во вестите го надополнуваа во посебните информативни програми каде настојуваа да обезбедат соговорници со спротивставени ставови.„Кај третата група медиуми, разновидноста на ставовите недостигаше и во вестите и во посебните информативни емисии“ стои во извештајот од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Со примерокот се опфатени по два телевизиски и радио канали на Јавниот радиодифузен сервис (Македонско радио 1, Македонско радио Програма на албански јазик, МРТ1 и МРТ2 – Програма на албански јазик), сите телевизии со дозвола за емитување на државно ниво без оглед на средството на пренос (терестријалните – Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма; сателитските – 24 Вести, Сонце и Наша; и кабелските – 1 ТВ, Компани 21-М, Клан Македонија и Шења.Од националните приватни радија со примерокот е опфатен Канал 77 зашто другите две немаат информативна програма. При тоа, анализирана беше вкупната 24-часовна програма со акцент на централната дневно-информативна емисија и другите програми во кои се третираше референдумот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од сендвичи се затруле 215 лица

Расте бројот на пациенти на Токсикологија кои во текот на викендот јаделе сендвичи во сендвичарата во Виница.Во текот на денешниот ден е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на дијареа и повраќање. Досега во Виница 215 лица побарале итна медицинска помош поради труење со храна. Затруените лица се вработени во фабрика за производство на мебел, во која оваа сендвичара дистрибуирала храна.Во наредните денови инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе извршат вонредни инспекциски контроли во сите објекти кои произведуваат и подготвуваат храна.

Македонија | пред 7 години

2

Пожар во затворот Идризово

Во затворот Идризово во приемното одделение, попладнево околу 14 часот избувна пожар.Пожарот ја зафатил кровната конструкција, а се смета дека истиот настанал поради застарената електрична инсталација.Во пожарот нема повредени лица. Противпожарната единица интервенирала со 5 возила.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ стигнуваат во Македонија по пристапна цена

Новите модели на паметни телефони на Самсунг, „Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ се веќе претставени и доаѓаат со подобрена камера, високи преформанси, воодушевувачки дизајн и пристапни цени.Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот „Галакси Ј4+“ модел од почетокот на октомври во една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.Според маркетинг директорот на Самсунг електроникс за Јадранскиот регион, Милан Вујовиќ новите „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени.- Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Галакси Ј паметни телефони.“ – Вујовиќ.„Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на „Галакси Ј“ серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив.Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ „бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум „Галакси“ паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата „Поделен Екран“.Имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека „Галакси Ј6+“ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.Подобрена камера за уште подобро корисничко искуствоДвата нови „Галакси Ј“ модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, „Галакси Ј6+“ овозможува креирање на фотографии со природен „бокех“ ефект, а со функцијата „Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.Врвен перформансПокрај својот премиум дизајн, „Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.Двата уреди имаат интегрирана „Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните „Галакси Ј“ модели, „Галакси J6+“ и „J4+“ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците.Уредите исто така имаат и режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошење на батеријата.„Галакси J6+“ има 3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека „Галакси J4+“ има 2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.

Свет | пред 7 години

silegov-1

Анима Мунди до Шилегов: Има ли пилот во авионот?

Има ли пилот во авионот? Вака го започнуваат своето обраќање  од Здружение за заштита на животните Анима Мунди,  до градоначалникот  на Град Скопје, Петре Шилегов.Истото го пренесуваме во целостПо повеќе од третина изминат мандат на градоначалникот Шилегов, Градот Скопје врие од напуштени кучиња (расни и мешани, очигледно исфрлени на улица), додека пак стационарот по пат на дислоцирање на животните од едно место во друго вештачки создава глутници и дополнително прави хаотична ситуација. Имено, со разместување, животните станаа уплашени, со тоа раздразливи, непознати на локалното население и средина, одново оставени да се борат за извори на храна и територија. Вардариште има речиси 90% смртност на малите кутриња од епидемии, кои владеат во стационарот. Ни одблиску немаме показатели дека проблемот ќе биде решен.За да пред два дена, од нигде никаде го слушнеме градоначалникот Шилегов како се обраќа до граѓаните сугерирајќи да му дадат иницијативи за евентуално“успивање“ на кучињата, која допрва од Градот би ги разгледувал.–Доколку дојде до иницијатива за промена на комуналната програма за подолго да ги чуваме или евентуално успивање тоа е нешто што допрва ќе го разгледуваме. Таква иницијатива не е стигната до мене. Ако граѓаните сметаат дека треба да има измени ги повикувам да се покрене таква иницијатива, ние ќе ја разгледаме, рече Шилегов.Ова не го сметаме за лапсус, туку за осмислено и наменско сугерирање на други методи, кои се нехумани, кои во Скопје, во услови каде има премногу бездомни животни би значело убивање на секое второ куче. Иницијативи кои допрва би не уназадиле, кои нема да дадат никакви резултати и на кои најостро ќе се спротивставиме и кои нема да поминат!Градоначалнику Шилегов, Анима Мунди ви има доставено иницијативи кои се проверени, докажани, ефикасни, економски исплатливи и хумани; кои трајно ги решаваат причините на проблемот делувајќи во неговиот корен, додека вие упорно се бавите со неговите последици и тапкате во место. Методите на кои инсистираме и Ви ги предлагаме се поддржани од најсилните светски организации, кои ја познаваат оваа проблематика а нивната примена дала успешни резултати во цел свет. За овие наши иницијативи Анима Мунди доби писмена поддршка од над 20 ЕУ парламентарци. Мерките кои ги предлагаме се НЕЗАМЕНЛИВИ доколку сакаме проблемот со бездомната популација да го третираме во неговиот корен и трајно да го решиме.Кучињата не се на улица по сопствена вина.Жалиме што во активистите, оние единствените кои знаат и умеат да помогнат, кои со сопствени ресурси дејствуваат како градски сервиси и помагаат 24/7 не увидовте партнер и сојузник во решавање на овој проблем. Инсистираме на третирање и решавање на коренот на проблемот: – прецизирање и измена на законска регулатива со која ќе се спроведе контрола во областа на домашните миленици и трговијата со истите, меѓу кое: 1) инсистирање на одговорното сопствеништво и казни за неодговорните, 2) кампањи за вдомување место купување миленик, 3) оданочување и контрола на секој кој тргува со животни, 4)оданочување на купено и репродуктивно способно куче, 5) кастрација на домашни миленици, 6) брза, масовна стерилизација на бездомните кучиња од Скопје и нивно ЗАДОЛЖИТЕЛНО враќање на териториите од каде потекнуваат и каде се познати на населението, каде природно ги штитат локациите од прилив на нови, нестерилизирани единки.Ова е комплексен проблем и бара комплексно решавање. Тука нема причина било кој да нафрла идеи како ќе му текне затоа што Градот Скопје не е фабрика за исполнување на каприци и желби кои не само што нема да го решат проблемот, туку ќе направат “каша попара”. Се надеваме дека Градот е сериозна институција која има тим и знае и умее да ги решава проблемите на граѓаните, и знае кого е потребно да инволвира и консултира. Ситуацијата е алармантна, нема време за популизам, а нема ни услови за нехуман третман на животни, во тоа бидете уверени.Се надеваме дека ја согледувате добронамерноста на ова обраќање и дека навреме ќе се откажете од сите потенцијални егзибиции кои последователно никому нема да му донесат ништо добро.Здружение за заштита на животните Анима Мунди

Скопје | пред 7 години

20180925112715

Иванов и Жерновски рамо до рамо на Генерално собрание во ОН

Македонската делегација ја предводи шефот на државата Ѓорге Иванов. В четврток, на 27-ми септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73-тата сесија на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.Предвидено е Жерновски да учествува на билатерални средби со високи претставници на држави и влади, учесници на Генералното собрание.Денеска, на покана на Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Жерновски ќе присуствува на традиционалната годишна Трансатлантска вечера.На покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заменик министерот ќе присуствува на работна вечера со Претседателите на Владите на земјите од Западен Балкан, како и на работниот појадок со мнистрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, организиран од страна на Регионалниот Совет за соработка.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Џафери: По референдумот, Законот за употреба на јазиците и договорот со Грција ќе се објават во Службен весник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето гостување во емисијата  “Клик Плус“ на Тв 21 изјави дека Законот за употреба на јазиците и договорот со Грција во врска со прашањето за името, по референдумот ќе бидат испратени за да бидат објавени во Службен весник.– Јас и претходно сум го кажал, и еве повторувам попрецизно. По завршувањето на референдумот, и Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се испратат до Службен весник.[embed][/embed]

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања