Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Во сообраќајна незгода тешко повредена штипјанка

Вчера попладне, во 16 часот, во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионален пат во близина на влез во село Бучиште, Пробиштипско, патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М. Р. од Штип, излетало надвор од коловозот, извести МВР.„Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката С. Р. (42) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип“, соопшти МВР.Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Пробиштип.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тешко повреден мотоциклист од Штип

Вчеравечер, во 19.28 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата Черења во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот З. З. од Штип, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот Е. О. од Штип, извести МВР.„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Превезувале огревно дрво без документација, приведени две лица од Кумановско

На 18.9.2023, во 19.30 часот, на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ ги лишиле од слобода Ф. Ќ. (41) од с. Лопате, Кумановско, и М. С. (49) од Куманово.При преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М. С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без докумен

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Изгаснат пожар во канцелариите на Хидрометеоролошки завод, повредени нема

Во текот на вчерашниот ден во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канцелариите на Хидрометеоролошки завод настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Скопјанец загина во сообраќајка, излетал со возилото

47-годишен скопјанец загина во сообраќајка.„На 20.09.2023 околу 11.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопат Велес-Неготино, после наплатна станица „Виничани“, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот“, соопшти полицијата.Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Претепани две скопјанки, едната од поранешниот, другата од сегашниот сопруг

Во текот на денешниот ден во 00.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 20.30 часот на подрачјето на Бит-пазар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.А.(38) од Скопје.Исто така вчера во 20.20 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека во домот во Скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.А., кој ѝ се заканил и со остар предмет.Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Приведено лице од Велешта поради крадење ташни и кршење инвентар во угостителски објекти

Во текот на вчерашниот ден околу 19.00 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.К.(50) од с.Велешта, струшко. Во наведеното време во угостителски објект на ул.„Владо Малески“ во Струга, тој одзел две женски чанти и оштетил дел од инвентарот, а бил затекнат од полициски службеници откако делото го продолжил во соседен угостителски објект. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена

Македонија | пред 3 години

IMG_5589

Мицкоски му врати на Груевски, јасно и гласно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за преписките со експремиерот Никола Груевски, посочи дека кажал се јасно и гласно.„Па јас тоа што имав да кажам поврзано со Никола Груевски го кажав јасно и гласно и немам што повеќе на тоа да додадам, она што можам да го кажам е дека наивно е да се верува дека ова станува збор само за еден обичен криминални измени во кривичниот законик, ова е многу повеќе од тоа, ова беше едно сценарио кое шт

Македонија | пред 3 години

768x432

Груевски пак му пиша на Мицкоски

Експремиерот Никола Груевски одново го искритикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.“Денес стигна одговорот на Мицковски. И како што очекував без никаков аргумент, без никаков доказ или нешто слично. Рекла-казала од типот “се слуша”, “гласно говорат”, “се фалат” итн.Тоа ли е политика? Така ли се води партија? Така ли се гради единство во партијата?Мицковски си ја исполни повеќегодишната желба да влезе во јавен конфликт и напади врз мене. Некој му кажал дека тоа ќе му е од корист. Провик

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски – Бјерде: Зголемувањето на финансиската поддршка од Светската банка е резултат на нашето долгогодишно партнерство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Њујорк одржа значаен состанок со извршната оперативна директорка на Светска банка, Ана Бјерде. На средбата, присуствуваа и Нина Фити Неделковска, советник на Извршниот директор на нашата конституенца при Светска банка во придружба на премиерот, како и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.На средбата е поздравено 30-годишното партнерство на Северна Македонија со Групацијата

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица: Узурпирани тротоари и преполни паркинзи во Аеродром

Уште едно неостварено ветување на градоначалникот Муцунски го нарушува и онака лошиот квалитет на живеење во општина Аеродром, велат од партијата Левица.„Имено, поради недостиг на паркинг места, возачите се снаѓаат на свој начин и автомобилите ги паркираат на тротоарите, оневозможувајќи го движењето на пешаците. Додека бројот на згради во општината постојано расте, бројот на паркинзи опаѓа. Градоначалникот Муцунски имаше големи предизборни ветувања за изградба на нови паркинзи, но освен што вове

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Муцунски: Мицкоски ја има мојата целосна поддршка да ја предводи партијата до победа на следните избори

За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, борбата против лошото владеење на СДСМ, корупцијата, лошата економска состојба и криминалот во кој тоне државата е можна само со силна ВМРО-ДПМНЕ која ќе настапува одлучно и единствено како никогаш досега.„Затоа што партијата не е еден поединец, ВМРО-ДПМНЕ е народот, членовите и сите граѓани на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е секој град, секое населено место и секоја општина од државата“, вели Муцунски и додава:„Претседателот Христијан Мицкоски ја има ц

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши: Од наредната недела намалени цени на пијалаците

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, на својот фејсбук-профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат 10 % во наредниот период.„Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво, кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата ‘Гарантирана цена’ со намалување на цените од минимум 10 %!“, пишува Бектеши.„Благодариме на поддршката“,

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

НБРМ: Промени во задолжителната резерва за натамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15-процентни поени

Вчера, се одржа седница на Советот на Народната банка, како и редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика, информираат од НБРМ.Соодветно на тековните економски и финансиски услови, на седницата на Советот беше донесена одлуката за зголемување на с

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Владата ги казнува бизнисите со солидарниот данок и ги замрзнува намалените цени, реагираат од Стопанската комора на северозападна Македонија

Како институција, чија основна цел е заштита на интересите на бизнисите од првото предупредување на институциите и Владата кон крајот на 2022 година и до денес, постојано лобира и работи против предложениот закон за данокот за солидарност нагласувајќи дека овој закон е непринципиелен, не се заснова на никаква релевантна анализа и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата, истакнуваат од Стопанската комора на северо

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бектеши – Бешт: Има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Франција

Министерот за економија, Крешник Бектеши, го прими министерот за надворешна трговија, атрактивност и француска дијаспора на Франција, Оливие Бешт, кој е во посета на Северна Македонија.На средбата, министерот Бектеши, посакувајќи му срдечно добредојде на својот колега Бешт изрази благодарност за поддршката што француската влада ѝ ја дава на нашата земја во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.Главна тема на разговор на средбата помеѓу двајцата министри б

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Младите во фокусот на земјоделската политика: ќе се формира нова потсекторска група, аојуз на млади земјоделци

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа средба со млади земјоделци од сите региони во државата и од сите сектори.На средбата беа презентирани резултатите од досегашните политики за поддршка на младите во секторот, како и за новите можности што им ги нудиме преку нашите мерки и програми, како и ИПАРД-програмата.Николовски презентира факти и бројки, кои потврдуваат дека сме вистински насочени кон креирање услови, кои реално ги поддржуваат младите.„Овие подат

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Искуството на балтичките земји за членство во ЕУ корисно за нашиот процес на преговори

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, денес и утре ќе учествува на работилницата на високо ниво од програмата ТAIEX на Европската комисија, која се одржува во Вилниус, Литванија.Абдиу-Халили зеде учество во сесијата на тема: „Напредокот и предизвиците на земјите од Западен Балкан на патот на пристапување кон ЕУ и потребната поддршка“, каде што посочи дека стратешката цел на Владата е силно посветена на реализаци

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Јакимовски до Мицкоски: Запали автомобилот, отиди до Будимпешта, пресрами се, и побарај совет зошто се наоѓаш во ситуација од која не знаеш да најдеш излез

Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, оценува дека поранешниот премиер Никола Груевски има поголем рејтинг од својот наследник во ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Во објава на „Фејсбук“ ќе напише:„Лидерот на опозицијата Мицкоски е соочен со фактот дека Никола Груевски не само што има висок рејтинг туку и неговата популарност постојано расте.Иако сатанизиран, прогонуван, осудуван и приморан да бега и без било какви ресурси од Будимпешта повремено ќе се јави со

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пензионерите на протест побараа минималната пензија да биде 18.000 денари и линеарно покачување

Пензионерите од повеќе градови во државата, денес, по повод Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, излегоа на протест пред Владата.Говорниците на протестот побараа за 3.500 денари линеарно покачување на сите пензиите, а најниската да не биде помала од 18 илјади денари или оставка на Владата.На транспарентите пишуваше: „Имаме право на достоинствен живот“, „Линеарно покачување на пензиите“, „Оставка“.Од Пензионерскиот синдикат претходно објавија дека во некои земји минималната пензија е

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Џафери се сретна со министерот за правда на Саудиска Арабија: ќе се зајакне соработката на повеќе нивоа

На денешната средба со министерот за правда на Кралството Саудиска Арабија, Валид бин Мухамед ал-Саман, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги поздрави досегашните добри и пријателски односи меѓу двете земји, ја нагласи потребата од интензивирање и зајакнување на меѓусебната политичка комуникација на секое ниво и истакна дека ваквите посети од високи претставници на Саудиска Арабија ќе бидат поттик понатаму за зајакнување на соработката на повеќе нивоа, особено на економски план.Џафери ис

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Петровска на форум за борба против дезинформациите: најдобар одговор на дезинформациите и лажните вести се транспарентноста и вистината

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска, учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи, што ја организира НВО „Нексус – граѓански концепт“, под покровителство на НАТО-девизијата за јавна дипломатија.На форумот со наслов „Дезинформациите и руската агресија во Украина: закани, импликации и како да се спротивставиме на лажните и на погрешните содржини во Западен Балкан со фокус на Северна Македонија“, мини

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Грковска: Принципите на добро владеење мора да се имплементираат на сите нивоа во јавната администрација

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, учествуваше на панел-дискусија посветена на деблокирањето на клучните реформи, која се одржа во рамките на конференцијата „Современа, ефикасна, дигитализирана јавна администрација: Визија 2030 – Стратегија за администрација“.„Имајќи предвид дека администрацијата е сликата и столбот и на државата и на општеството, тогаш принципите на добро владеење мора да бидат имплементирани секаде. А кога зборува

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Собранието изгласа: ќе се формира анкетна комисија за случајот на Онкологија

Пратениците во Собранието со 82 гласа „за“ донесоа одлука за формирање анкетна комисија за скандалот со лекови на Клиниката за онкологија.Предлогот беше поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Анкетната комисија, како што беше посочено на седницата, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите што се лекувале на Онкологија откога КАТО-системот за подготовка на цитостатиците бил ставен надвор од употреба, како и да направи анализа за утврдување на полити

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

Задолжително носење маски во здравствените установи, оваа препорака ја донела Комисијата за заразни болести по денешниот состанок, информира портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.На состанокот се дискутирало за состојбата со коронавирусот во земјата, а била донесена препораката за задолжително носење на маските во здравствените установи.Ова, како што вели Мехмедовиќ, е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи, кои може да бид

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања