Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, посредувала во постигнувањето договор за привремен прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки, на југот на Украина, соопшти Белата куќа.Според соопштението, двете земји се согласиле привремено да ги прекинат воените активности на подрачјето на градот, со цел да се овозможи доставување хуманитарна помош и евакуација на цивилите преку посебно определен безбеден коридор. Прекинот на огнот треба да започне на 29 октомври 2026

Свет | пред 13 часа

vakcini-332

Лажни „кубански вакцини“ против рак во Велес: Обвинителството истражува измама на повеќе граѓани, се вршат претреси

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист.Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела измама, според член 247, и надрилекарство, според член 209 од Кривичниот законик.Во рамките на постапката, Обвинителството обезбедило наредби за претреси на повеќе локации, а при претрес на работното место на осомничениот во Велес биле прона

Македонија | пред 13 часа

media-librarytldsdk697on15WqjvG5

(Видео) Вознемирувачка глетка во Кавадарци, сведочење: Коњ лежи на земја, со насилство се обидувале да го кренат

Вознемирувачка глетка во Кавадарци, каде што коњ бил затекнат паднат на земја и заплеткан во каиши, а според објавата на здружението „Лина – служба за спасување животни“, врз животното било применувано насилство во обид да се исправи.Од здружението алармираат за состојбата со благосостојбата на животните во градот, оценувајќи дека таа е загрижувачка.„Благосостојбата на коњите и општо животните во нашиот град е во ужасна состојба. Глетката е жална – паднат коњ, преплетен со каиши, со начин на нас

Македонија | пред 13 часа

media-libraryksoth9klt8p96FhBL9J

Крвав напад во црква во Јордан: Најмалку седум убиени и десет повредени за време на погреб

Најмалку седум лица се убиени, а десет се повредени во вооружен напад врз црква во јорданската провинција Карак, каде што во моментот на нападот се одржувал погреб.Според локалните медиуми, непознати напаѓачи отвориле оган за време на погребната церемонија, предизвикувајќи жртви и повредени меѓу присутните.Јорданската државна новинска агенција потврдила дека нападот се случил за време на погреб, додека државната телевизија првично информирала за загинати и повредени, без да го прецизира нивниот

Свет | пред 13 часа

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од новата руска ескалација во Црното Море

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази длабока загриженост поради новата ескалација на тензиите во Црното Море, откако товарен брод со украински и азербејџански членови на екипажот бил погоден од дрон во близина на романскиот брег.„Длабоко сум вознемирена поради уште една руска ескалација во Црното Море“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс, оценувајќи дека ваквите напади ги загрозуваат животите на цивилите и се спротивни на меѓународното право.Според меди

Свет | пред 14 часа

media-libraryaunvbif6jq2f1u5HoSe

„Јас сум жртвата, а се обидуваат да ме направат виновна“ – бугарската новинарка по инцидентот со обезбедувањето

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе побара оставка од началникот на Националната служба за обезбедување (НСО), генерал-мајор Емил Тонев, по инцидентот во кој новинарката Соња Колтуклиева беше турната од припадник на обезбедувањето додека се обидувала да постави прашање на претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова.Како што пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ), Јотова соопштила дека во НСО е започната проверка и дека очекува извештај од раководството на

Свет | пред 14 часа

media-librarypm7e8e79vmhaeDTB9WM

Украинците ги покривале телата на убиените руски војници со гранки за да ги измамат дроновите – детали за тајната операција „Вивалди“

Украинската војска со месеци во тајност спроведувала голема контраофанзива на истокот на земјата, наречена „Операција Вивалди“, во која, според украинските воени извори, до средината на октомври биле ослободени 277 квадратни километри територија и 16 населени места во секторот Лиман, во северниот дел на Донецката област, објави „Киев индипендент“.Операцијата ја спровеле бригади под команда на Третиот армиски корпус, со цел да ги зацврстат украинските одбранбени позиции пред зимата и да ги зачува

Свет | пред 15 часа

media-librarymm8h5prniagm9zoFzEL

„Не трчам на 100 метри, туку маратон“ – Мицкоски за преговорите, притисоците и Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати остри критики кон Бугарија, предупреди на можни обиди за дестабилизација на Македонија и обвини дел од опозицијата дека за пари и ветувања за функции би можел да учествува во политички провокации.Во своето обраќање, Мицкоски оцени дека Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон Европската Унија, проследен со бројни условувања, одложувања и, како што рече, неправ

Македонија | пред 15 часа

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Танкер што плови под знамето на Малта, натоварен со 40.000 тони руски дизел, се упатил кон Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, покажуваат податоците на британската аналитичка компанија LSEG.Танкерот „Агиои Фанедес“ го натоварил дизелот на 22 октомври во руското балтичко пристаниште Приморск, а според најавената маршрута, во Соединетите Американски Држави треба да пристигне на 7 ноември.Рускиот вицепремиер Александар Новак пред два д

Свет | пред 15 часа

pari

Ѝ зел 117.000 денари претставувајќи се како вработен во Катастар – скопјанка открила во полиција како била измамена

Дваесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека била измамена за 117.000 денари од две лица, од кои едното лажно се претставило како вработено во Катастарот и ѝ ветило помош за откуп и приватизација на државно земјиште што го користело нејзиното семејство.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, измамата била пријавена на 22 октомври во 14 часот во СВР Скопје.Жената пријавила дека на 21 септември се сретнала со двете лица, кои ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат да ја завр

Македонија | пред 15 часа

media-libraryotoc10vha0nq2wuXNtC

Четири малолетници меѓу пријавените жртви на насилство – осум случаи во полицискиот билтен

Осум случаи на физички напади, закани и семејно насилство се евидентирани во полициските информации за 22 и 23 октомври, меѓу кои и четири пријави за напад врз малолетници. Во еден од случаите во Дебар бил уапсен маж осомничен дека ја нападнал сопругата, додека во Скопје биле пријавени напади врз деца, партнерско насилство и закани со остар предмет.Во Дебар, на 22 октомври во 05:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода П.А. (35), по претходна пријава дека физички ја нападнал сопругата

Македонија | пред 15 часа

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Ја нападнал 16-годишната девојка, па насилно ја внел во автомобил – уапсен 20-годишник во Велес

Дваесетгодишно момче од селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, е уапсено во Велес откако, според пријавата, физички нападнало 16-годишна девојка со која било во љубовна врска, а потоа насилно ја внело во автомобил без нејзина согласност.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 22 октомври, кога момчето, идентификувано како А.А. (20), по претходен договор се сретнало со малолетничката.За време на средбата дошло до кратка расправија, по што, според пријавен

Македонија | пред 15 часа

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Четворица повредени во Виница: Со 1,82 промили алкохол учествувал во несреќа во Виница, па избегал

Возач на возраст од 24 години, кој учествувал во сообраќајна несреќа во Виница, го напуштил местото на настанот, по што полицијата го пронашла и го уапсила. При проверката било утврдено дека управувал автомобил со 1,82 промили алкохол во крвта. Во несреќата биле повредени четири лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 22 октомври, околу 20:45 часот, на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Ленин

Македонија | пред 15 часа

media-libraryuogkcvbmgo5mcNTiJCk

(Видео) Маж пронајден мртов со траги на насилство во дом во Ѓорче Петров

Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје, а на неговото тело биле забележани траги на насилство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.Случајот бил пријавен вчера, на 22 октомври, во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван со иницијалите С.Ј. (62).„На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат С.

Скопје | пред 15 часа

media-librarylq9gpejugl1o8tLKPkn

(Видео) „На Балканот службите никогаш не мируваат“ – Мицкоски предупреди на можни провокации во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, предупреди дека безбедносните служби на Балканот никогаш не престануваат да дејствуваат и дека не би го изненадиле обиди Македонија да биде вовлечена во проблемите и нестабилноста на соседните земји.„Веќе Балканот не е единственото буре барут. Впрочем, Европа станува немирен вулкан. Сè помалку се слуша разумот, а секојдневно ги гледаме протестите, насилството во разни облици, п

Македонија | пред 15 часа

media-library907s9kpger0l8aTFhoO

Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, секој влегува и излегува кога сака

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, предупреди дека Македонија се соочува со сериозни безбедносни ризици поради слабостите во законодавството, недоволната контрола на границите и ширењето пропаганда и говор на омраза. Таа ги повика сите парламентарни партии заеднички да работат на законски измени со кои, според неа, ќе се спречат надворешни влијанија и можни обиди за дестабилизација.Во гостувањето во емисијата „Колегиум“, Зајкова оцени дека политичката дебат

Македонија | пред 15 часа

media-libraryccgr0698uvf32KyciA0

Кавадарци во боите на македонското знаме – Јанчев најави нова традиција за државните празници

Општинската зграда во Кавадарци е осветлена во црвена и жолта боја, симболично претставувајќи го македонското знаме, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека станува збор за симболичен гест со кој се оддава почит на македонските револуционери и нивниот придонес во создавањето на македонската државност.„Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционер

Македонија | пред 15 часа

media-libraryv1tfkjhqnurte494UB6

„Големите го прават тоа што сакаат, малубројните тоа што мораат“ – Мицкоски за патот кон ЕУ, обвинувајќи ја Бугарија го користи членството за пречки

Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порача дека Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон Европската Унија, обвинувајќи ја Бугарија дека го користи членството во Унијата за да поставува пречки на македонските евроинтеграции.„Ја споделувам загриженоста на секој еден од вас, но и измореноста на сите генерации од предолгото чекање во чекалницата на Европската Унија. Го врвиме не само најтешкиот, туку и на

Македонија | пред 15 часа

media-libraryvc59amv1b4i6e6JnnEc

(Видео) Мицкоски: Европа станува немирен вулкан, има луѓе што ќе се обидат да нè вмешаат во туѓи проблеми

Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, предупреди дека нестабилноста во Европа и на Балканот може да се одрази и врз Македонија, притоа обвинувајќи дел од опозицијата дека е подготвен да учествува во политички провокации за лични интереси.„Веќе Балканот не е единственото буре барут. Впрочем, Европа станува немирен вулкан. Сè помалку се слуша разумот, а секојдневно ги гледаме протестите, насилството во разни облици,

Македонија | пред 15 часа

media-libraryqfqr0qhe9mhmapSN3Lz

(Видео) „Ој Mакедонијо, уште колку ќе треба за да те домакедончиме!“, Џамбазов со Гуру Харе им ги раскажа 35 години постоење низ стихови

Актерот и музичар Игор Џамбазов, заедно со Гуру Харе, ја изведе песната „Свои на своите“ на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, одржана во Македонскиот народен театар во Скопје.„И не барајте од мене не да се чувствувам како дел од најдлабокиот и најстар свет, кога Охрид ми е дома, кога Хераклеја ми е дома, кога Виа Игнација, најстариот автопат меѓу петтиот и петнаесеттиот век, поминува покрај куќата на баба ми. Е па, не може баш да е сè кај вас,

Македонија | пред 16 часа

media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам, бидејќи ме измамија“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори можноста за трет претседателски мандат, тврдејќи дека има право уште еднаш да се кандидира бидејќи, според него, демократите му ја украле победата на изборите во 2020 година.На предизборен собир во Сиу Сити, во сојузната држава Ајова, Трамп признал дека американскиот Устав не му дозволува повторна кандидатура, но истовремено повторил дека победил на сите три претседателски избори на кои учествувал.„Не знам кој ќе биде вашиот следен претсе

Свет | пред 16 часа

nafta

Нов економски притисок врз Европа: Растат цените на енергијата, компаниите го губат оптимизмот

Економијата на еврозоната забавува под притисок на наглото поскапување на енергијата и повисоките трошоци за задолжување, покажуваат прелиминарните податоци од октомвриското истражување на „S&P Global“, пренесува „Ројтерс“.Индексот на менаџерите за набавки (PMI), кој ја мери деловната активност во приватниот сектор, во октомври се намалил за 1,2 поени во споредба со септември и изнесува 51,9 поени, што е најниско ниво од јуни. Вредностите над 50 поени укажуваат на раст на економската активно

Свет | пред 16 часа

media-library8922i6mh58k54UPlfRM

Брод погоден со дронови кај Романија: Еден загинат, тројца исчезнати

Едно лице загина, три се водат како исчезнати, а деветмина се спасени откако брод бил погоден со дронови и потонал во Црното Море, на околу 25 километри од романското пристаниште Констанца.Романските власти започнале спасувачка операција откако бродот „Хорив“ испратил повик за помош од локација оддалечена околу 13 наутички милји од брегот. Според првичните информации, бродот бил погоден со беспилотни летала, по што потонал.На бродот имало вкупно 13 членови на екипажот, државјани на Украина и Азе

Свет | пред 16 часа

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Франција пред нов бран протести: Полициски час, забрани за собири и затворен Лувр

Франција се подготвува за нов викенд на масовни протести, а властите предводени од претседателот Емануел Макрон воведуваат строги безбедносни мерки, вклучително и полициски час, забрани за демонстрации и засилено полициско присуство. Целта, според властите, е да се спречат грабежите и уништувањето имот што ги придружуваа претежно мирните протести минатата недела.Мерките предизвикаа остри реакции од организациите за човекови права, синдикатите и адвокатите, кои ги оценуваат како репресивни, прене

Свет | пред 16 часа

media-librarys7jdl9b7ps7j3SSg3my

Повреден човек чекал Брза помош, но екипа не била испратена – кривични пријави за двајца вработени

Двајца вработени во Брзата медицинска помош во Тетово добија кривични пријави поради сомнение дека не била испратена медицинска екипа за да му помогне на повредено лице во тетовското село Доброште.Според Министерството за внатрешни работи, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „неукажување медицинска помош“.На 29 јуни 2026 година, првопријавената, која била на работа во Итната медицинска помош,

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања