Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-libraryjtgipfob3fh38BNYi1n

Бугарија избира претседател: Фаворитката порачува дека не ѝ треба коалиција за војна, туку за мир

Бугарија в недела избира претседател на избори на кои главни теми се безбедноста, војната во Украина и односите со Русија. Изборната кампања се одвива во услови на зголемени тензии во Црното Море, откако во серија напади со беспилотни летала биле погодени четири трговски брода во бугарската исклучива економска зона. Два брода потонале, а 21 морнар се води како исчезнат.Бугарскиот премиер Румен Радев, кој се залага за дијалог со Москва, на 13 октомври ја повикал руската амбасадорка на разговор. И

Свет | пред 19 часа

media-library546hq6oso3h8eki0aa4

Британски министер предупредува: Не смееме да им ја оставиме вештачката интелигенција на олигарсите

Велика Британија не смее да дозволи развојот и контролата на вештачката интелигенција да останат во рацете на технолошките олигарси, предупреди британскиот министер за вештачка интелигенција Канишка Нарајан, нагласувајќи дека државата мора активно да учествува во развојот на технологијата што веќе го менува пазарот на трудот, економијата и безбедноста.Во гостување во подкастот „Political Thinking“ на Би-би-си, Нарајан оцени дека светот се соочува со технолошка трансформација споредлива со индуст

Свет | пред 19 часа

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Екстремните горештини во Европа во текот на летото 2026 година однеле повеќе од 50.000 животи во урбаните средини, покажуваат проценките од ново научно истражување. Според научниците, ова било најсмртоносното лето од почетокот на анализираниот период, а околу две третини од смртните случаи се поврзуваат со климатските промени предизвикани од човечкото дејствување, објави „Еуроњуз“.Проценетиот број жртви значително ги надминува претходните рекорди од околу 29.000 починати во летото 2022 година и

Свет | пред 19 часа

media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Пет малолетници на возраст од околу 13 и 14 години, според тврдењата на родител, пресретнале две 11-годишни деца во центарот на Тетово, ги фатиле за врат и се обидувале да им ги соблечат јакните за да проверат дали носат облека со ознаки на навивачката група „Војводи“. Инцидентот, како што наведува родителот, се случил додека децата оделе на тренинг.За случајот јавно алармираше Дарко Гавро, кој во објава во фејсбук-групата „Го љубим Тетово“ тврди дека неговиот син и уште едно дете биле малтретир

Коментари | пред 19 часа

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Американска туристка загина во италијанските Доломити, откако се лизнала на опасен дел од планинска патека и паднала во провалија длабока околу 300 метри. Несреќата се случила на планинскиот превој Форчела Пордои, на надморска височина од приближно 2.750 метри, соопшти Планинската спасувачка служба на Трентино.Жената, американска државјанка родена во 1990 година, била на одмор со своето семејство кога се случила трагедијата на 17 октомври.Според информациите од спасувачката служба, планинарката

Свет | пред 19 часа

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство од предците и аманет за идните поколенија

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порачувајќи дека македонската државност претставува наследство од минатите генерации, но и обврска за создавање подобра иднина, особено за младите.„23 Октомври нè потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија“, се наведува во партиската честитка.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на 23 октомври 1893 година, кога била основана Македонската револуционерн

Македонија | пред 19 часа

media-library2lc5783s4rig05MHgus

Сиљановска-Давкова: Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во честитката по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порача дека Македонија повторно се наоѓа пред историски испит, а почитта кон револуционерите и нивното дело мора да се потврдува преку праведност, одговорност, чесно работење и неопходни реформи.„Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме, да го продолжиме стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава“, истакна Сиљановска-Давкова.Во обраќањето д

Македонија | пред 19 часа

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Мицкоски со години ме руши, ме прават убиец на деца, доктор Менгеле и криминалец

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со години води кампања за нарушување на неговиот личен углед, додека, според него, власта нема одговор за економските проблеми и неисполнетите предизборни ветувања.Во интервју за телевизијата Алсат М, Филипче изјави дека Мицкоски и неговите соработници стојат зад нападите во кои, како што рече, бил претставуван како криминалец и бил споредуван со нацистичкиот лекар Јозеф Менгеле.„Изминативе години, кој се занимава

Македонија | пред 19 часа

media-library1ipaltrpljrbdarBJv9

УХМР најавува разведрување: Дожд наутро, сонце попладне и до 24 степени

Променливо облачно време со повремен локален дожд во утринските часови, а потоа сончево со мала облачност најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината, со дневни максимуми од 19 до 24 Целзиусови степени.Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието на одредени места повремено ќе се засилува од северозападен правец.Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, додека во вториот дел од д

Македонија | пред 19 часа

media-libraryghfdblu6n8842QZGYki

(Видео) Македонија има светска вицешампионка во хип-хоп: Нина од Прилеп со успех на само осум години!

Македонија има светска вицешампионка во хип-хоп танц, а успехот доаѓа од Прилеп. Осумгодишната Нина Талески го освои второто место на светската сцена, постигнувајќи резултат кој, според танцовото студио „Брејк а лег“, е најдобриот досега во нејзината категорија во историјата на македонскиот хип-хоп танц.За големиот успех на младата прилепчанка информираа од студиото, од каде што со гордост го прославија нејзиниот настап и освоеното признание.„Македонија има светски вицешампион во хип-хоп! Браво,

Магазин | пред 20 часа

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облачно утро и северозападен ветер, температурата до 23 степени

Времето ќе биде променливо облачно, а во утринските часови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северозападен правец.Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 20 степени.

Македонија | пред 21 час

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

„Вучиќ го викаме Оскар“ – нови преписки за врски со криминалот во пресрет на изборите во Србија

Србија влегува во изборен молк во атмосфера на длабока политичка поделеност, масовни студентски собири и нови обвинувања за можни врски меѓу луѓе од државниот врв и организираниот криминал. Додека Александар Вучиќ на завршниот предизборен митинг ги обвинуваше своите противници дека дејствуваат под влијание на странски фактори, српскиот неделник „Радар“ објави детали од наводна комуникација преку апликацијата „Скај“, во која припадници на криминални групи зборуваат за контакти со семејството на В

Свет | пред 21 час

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Најмалку 16 лица загинаа, а 32 се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7 степени што во четвртокот вечерта го погоди Тибет, во Кина. Меѓу повредените, 11 лица се во тешка здравствена состојба, додека најмалку 339 куќи се урнати, според првичните информации од надлежните служби.Земјотресот се случил во 22:33 часот по локално време, во округот Баќинг, во областа Нагчу, во северниот дел на Тибет.Кинескиот сеизмолошки центар соопшти дека жариштето било на длабочина од 10 километри, додека

Свет | пред 21 час

media-library1fmniemn36qef2H9Gji

Денес посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради атлетска трка

Сообраќајот во центарот на Скопје денеска ќе се одвива под посебен режим поради атлетската трка „23-ти Октомври“, организирана по повод Денот на Македонската борба.Трката започнува во 8 часот од паркот „Жена Борец“, на улицата „11 Октомври“. Учесниците ќе се движат преку плоштадот „Македонија“ и Камениот мост, потоа по улицата „Иљо Војвода“ и мостот „Гоце Делчев“, продолжувајќи по кејот на Вардар до означената точка, од каде што ќе се вратат по истата патека до целта кај споменикот на основачите

Скопје | пред 21 час

media-libraryaunvbif6jq2f1u5HoSe

(Вознемирувачко видео) Бугарска новинарка сакаше да постави прашање, обезбедувањето ја турна на тротоар во Софија

Новинарка завршила во болница по инцидент со припадник на обезбедувањето на претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, во Софија. Случајот предизвика остри реакции во Бугарија, а надлежните институции најавија проверка на постапувањето на службеникот.Станува збор за новинарката Соња Колтуклиева, која се обидела да ѝ постави прашање на претседателката на парламентот додека таа се наоѓала во службен автомобил.На видеоснимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како К

Свет | пред 1 ден

media-libraryl0e7kdgrngg9cGNgNuI

(Видео) Тензии во Белград: Се сретнаа приврзаници на СНС и студентите, летале шишиња

Тензична атмосфера вечерва владее во Нов Белград, каде што се сретнале приврзаници на владејачката Српска напредна партија (СНС) и поддржувачи на Студентската листа, кои се враќале од завршниот предизборен митинг во српската престолнина.Според информациите што ги објави српскиот портал „Машина“, во неколку наврати биле фрлани шишиња, но засега нема информации за поголеми инциденти или повредени лица.Тензиите се случуваат во пресрет на изборите во Србија, непосредно пред почетокот на изборниот мо

Свет | пред 1 ден

media-libraryveku9n0qnaph8V1U6dx

(Видео) „Србијо, те сакаме! Во недела ја ослободуваме татковината“ – последна порака од студентите пред изборниот молк

„Народе на Србија, во изминатите две години ви дадовме сè. Во недела сите заедно излегуваме на гласање и ја ослободуваме нашата татковина.“ Со оваа порака студентите во блокада им се обратија на граѓаните на Србија, непосредно пред почетокот на изборниот молк за изборите закажани за 25 октомври.Во објава на официјалниот профил на социјалната мрежа Икс, студентите упатија емотивна порака, потсетувајќи на протестите, блокадите и активностите што ги организирале во изминатите две години.„Ја препеша

Свет | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Нема пазарења со никој – граѓаните во Брвеница сами да одлучат за кого ќе гласаат

Нема пазарења со никој, нема непринципиелни коалиции, граѓаните да одлучат по сопствено убедување како ќе гласаат во Брвеница, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Алсат М телевизија, додавајќи дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат во вториот круг во Брвеница и дека одлуката им ја остава на граѓаните.„Ќе оставиме граѓаните да одлучат по сопствено убедување. Затоа вчера имавме и состанок на раководството на партијата. Апсолутно не мислам дека треба да се прават неп

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv44auh0vbgtb6ABCB8x

Трамп го обвини Леброн Џејмс за непочитување на државната химна

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини кошаркарот Леброн Џејмс за непочитување на државната химна за време на отворањето на новата сезона во НБА лигата.Џејмс стоел во редот со соиграчите од Филаделфија 76ерс додека се изведувала химната, но притоа ги движел рацете како да се загрева и ги испробувал движењата за шут.„Додека ја слушаше државната химна, Леброн Џејмс покажа непочитување кон нашата земја. Треба да им се извини на сите големи американски војници и херои кои загинаа за америк

Свет | пред 1 ден

media-libraryi02n8eo1g1hj9o1CqG7

Филипче: Мицкоски ја води економијата во бездна, состојбата е катастрофална

Мицкоски ја води економијата во бездна, состојбата во државата е катастрофална, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју на Алсат ТВ. Филипче посочи дека Владата на Мицкоски нема капацитет да се справи со кризата и да го подобри животниот стандард на граѓаните, а наместо решенија, граѓаните добиваат нови задолжувања, ниски плати и празни ветувања.„Катастрофална е состојбата  и за некои категории на граѓани и неиздржлива. Економијата, Христијан Мицкоски и оваа влада ја водат

Македонија | пред 1 ден

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сакал да го преименува Атлантскиот Океан во „Трампов Океан“, но Гугл му рекол не

Доналд Трамп се откажал од идејата Атлантскиот Океан да го преименува во „Трампов Океан“, откако извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи, го убедил дека тоа би било тешко изводливо. Американскиот претседател откри дека сериозно размислувал за предлогот, но по разговорот со Пичаи заклучил дека е подобро океанот да го задржи своето име.На собир во Клемсон, Јужна Каролина, Трамп го нарекол Пичаи „гениј“ и раскажал дека го контактирал Гугл мапс, кој претходно ги променил имињата на Мексиканскиот За

Свет | пред 1 ден

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тибет

Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тибет, автономен регион во западниот дел на Кина. Засега нема потврдени информации за загинати, повредени или причинета материјална штета, јавува АП.Според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот се случил во 22:33 часот по локално време. Епицентарот бил на околу 190 километри источно-североисточно од градот Нагчу, во ретко населено планинско подрачје во северниот дел на Тибет.Кинеската државна новинска агенција Синхуа, п

Свет | пред 1 ден

makedonija-zname-610x400-1

Дронови ќе надлетуваат кај Музејот на современата уметност за 23 Октомври

Зголемена употреба на дронови и посебни безбедносни мерки се најавени за утрешното одбележување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштуваат дека на 23 октомври 2026 година ќе се користат беспилотни летала за снимање од воздух, поради што на одредени локации ќе биде забележливо нивното зголемено присуство и движење.Воедно, паркингот кај Музејот на современата уметност ќе биде обезбеден од 10 до 23:30 часот за потреби

Македонија | пред 1 ден

media-library1cs38a97ml0h9BPxEkx

Гнев во Финска откако Гугл незаконски исече 250.000 дрвја за изградба на центар за податоци

Поранешна шума на површина од 330 хектари во близина на Мухос, во северна Финска, сега е претворена во каллива рамнина, откако биле исечени околу 250.000 дрвја за изградба на центар за податоци на Гугл. Случајот предизвика силни реакции во земјата, откако надлежните утврдиле дека компанијата не ги спровела задолжителните процени на влијанието врз животната средина пред сечата.Мештаните велат дека кафеавата вода од градилиштето се слева во поток, кој потоа се влева во реката Оулујоки. На теренот

Свет | пред 1 ден

media-library5mjdohdv6037cHYiEbW

Во Струмица запленети бесправно исечени огревни дрва складирани во приватен двор

Поголема количина бесправно исечени огревни дрва, складирани во приватен двор во струмичкото село Банско, била откриена и запленета во координирана акција на ПШС „Беласица“ – Струмица, Шумската полиција и КПУ „Затвор“ – Струмица.За акцијата информираше Кире Михаилов, кој најави дека против сторителот ќе следува соодветна пријава согласно законските прописи.Тој порача дека незаконската сеча, бесправното складирање и нелегалната трговија со дрва нема да бидат толерирани, најавувајќи засилени контр

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања