Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library13vr12ldbvfp8VDoPOl

Рајс: Хари Кејн е главен фаворит за „Златната топка“

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс смета дека Хари Кејн е главен кандидат за освојување на „Златната топка“, откако напаѓачот на Баерн Минхен имаше одличен настап во ремито 2:2 против Арсенал.Кејн асистираше за првиот гол на баварскиот тим, а потоа погоди од пенал. Неговиот настап го воодушеви Рајс, кој не штедеше пофалби за англискиот напаѓач.„За мене, Хари Кејн е јасен победник на „Златната топка“. Бројките зборуваат сами за себе. Начинот на кој асистираше за првиот гол, а потоа го изведе

Спорт | пред 1 ден

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Околу 800 граѓани вакцинирани против сезонски грип од вчера до денес

Интересот за вакцинација против сезонски грип продолжува, а меѓу граѓаните кои доаѓаат во пунктовите за имунизација најбројни се повозрасните лица. Дел од нив велат дека вакцината ја примаат секоја година и дека тоа веќе им станало редовна практика.„Откако наполнив 60 години, секоја година доаѓам на вакцинација“, вели една граѓанка, додека други граѓани посочуваат дека ова им е трета година по ред како се вакцинираат.Лекарите забележуваат дека интересот расте и дека сè повеќе граѓани ја препозна

Скопје | пред 1 ден

media-libraryrtrcd9nscf9nbqme8HS

Македонските државјани ќе можат полесно да добијат туристичка виза за Саудиска Арабија

Македонските државјани ќе можат да патуваат во Саудиска Арабија со поедноставена визна постапка, откако земјата официјално ги вклучи на листата за добивање туристичка електронска виза или виза по пристигнување.Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека оваа можност ќе овозможи побрзо и полесно патување, со намалување на административните постапки.Според Министерството, олеснувањето создава и дополнителни можности за развој на туристичката размена, унапредување

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија останува посветена на европската интеграција и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери, порача премиерот Христијан Мицкоски по денешниот самит, на кој, како што оцени, биле испратени силни пораки за европската иднина на Западен Балкан.Мицкоски посочи дека канцеларите Мерц и Штокер, како и другите учесници на работниот дел од состанокот, ја потврдиле определбата регионот да стане дел од Европа во блиска иднина.Тој истакна дека Македонија веќе има усогласена надворешна и

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn1rc5gqm77coaNWi8g1

Напад со дронови врз танкер во Црното Море: Седум морнари исчезнати

Еден хрватски офицер на палубата е меѓу седумтемина членови на екипажот што се водат како исчезнати по напад со дронови врз танкерот „Wine Trader“ во Црното Море. Другиот хрватски морнар што бил на бродот е спасен и не е животно загрозен.Танкерот, кој пловел под знамето на Сан Марино, испратил повик за помош на 15 октомври околу седум часот наутро, откако на бродот избил пожар. Во тој момент се наоѓал на околу 13 наутички милји југоисточно од Сулина, приближно една милја надвор од романските тер

Свет | пред 1 ден

media-libraryvelfnl5s3rd74iInIaZ

(Видео) Во куќа во Шпанија пронајдени 74 мигранти, меѓу нив и 10 малолетници без придружба

Шпанската полиција пронашла 74 мигранти во куќа во населбата Ел Принсипе, во градот Сеута, каде што живееле во небезбедни и пренатрупани услови. Меѓу нив имало и десет малолетници без придружба, а уапсен е маж осомничен дека предводел криминална група за експлоатација и нелегално префрлање луѓе.Акцијата била спроведена минатиот вторник, а полицијата за случајот известила денеска, објави „Еуроњуз“.Истрагата опфаќа сомнежи за организирање нелегална миграција, прекршување на работничките права, физ

Свет | пред 1 ден

medvedev1

Медведев со убедлива победа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Алмати

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на АТП-турнирот во Алмати, откако во осминафиналето убедливо го совлада Јапонецот Шо Шимабукуро со 6:2, 6:1.Мечот траеше само 52 минути. Медведев, петтиот тенисер на светската ранг-листа, во првиот сет направи два брејка, а во вториот уште три, наспроти Шимабукуро, кој е на 109. место на АТП-листата.Во четвртфиналето Медведев ќе игра против Теренс Атман, кој го совлада Матија Белучи со 2:1 во сетови.Останатите четвртфинални двојки се

Спорт | пред 1 ден

media-libraryt8uu0mbn46jdfOm12H3

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, го критикуваше вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, оценувајќи дека честите промени на буџетските планови ја покажуваат нестабилноста на економската политика на Владата.На седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Битиќи посочи дека за неполни десет месеци биле предложени три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат.Тој потсети дека првично

Македонија | пред 1 ден

media-libraryj20jruemq33a18C0oKM

Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари, а социјалните и здравствените обврски имаат приоритет

Социјалните трансфери со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година се зголемуваат за околу 3,65 милијарди денари и достигнуваат 212 милијарди денари, при што дополнителни средства се обезбедуваат за пензии, социјални надоместоци и здравствена заштита. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во обраќањето во Собранието.Според него, со ребалансот се усогласуваат приходите и расходите, а буџетскиот дефицит останува на 46,3 милијарди денари, односно 4,1 процент од проектираниот Б

Македонија | пред 1 ден

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски ги посети пациентите со трансплантиран бубрег: Благодарност до дарителите и нивните семејства

Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска на Универзитетската клиника за урологија ги посети пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег, двајца од починат дарител и трет од жив дарител.При посетата, министерот Клековски беше придружуван од националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска, директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Универзитетската клиника за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски.„Најголемата бл

Македонија | пред 1 ден

ursula-1

ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд

Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода на мислата годинава да му ја додели на Меѓународниот кривичен суд, кој се соочува со зголемен притисок од САД. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порачаа дека Европската Унија цврсто стои зад институцијата.Коста оцени дека наградата испраќа силна порака за поддршка на меѓународното право, борбата против неказнивоста и одговорноста за најтешките меѓународни зло

Свет | пред 1 ден

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека Црна Гора има реални шанси да стане 28. членка на Европската Унија во 2028 година. Тој смета дека отворените прашања меѓу Црна Гора и Хрватска можат да се решат и нема да бидат пречка за нејзиното пристапување во Унијата.Мерц го изјави ова на прес-конференција по самитот на Берлинскиот процес во Милочер, во близина на Будва. Тој порача дека Црна Гора има јасна европска перспектива и дека целта на нејзините власти за членство до 2028 година е остварлив

Балкан | пред 1 ден

marihuana

Виничанец ќе добие кривична пријава поради една семка марихуана

Една семка марихуана била пронајдена при претрес на домот на 25-годишен жител на Виница, по што против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.Претресот бил извршен на 16 октомври, со судска наредба, од страна на полициски службеници од ОВР Виница. При проверката биле пронајдени и одземени метална дробилка и семка марихуана.За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.

Македонија | пред 1 ден

lovecka-puska

Пушка украдена од дом на 78-годишник заминат на печалба во Австралија

Тројца жители на Битолско се соочуваат со кривични пријави поради кражба и неовластено држење оружје, откако малокалибарска пушка била украдена од куќа во раселеното село Балдовенци, сопственост на 78-годишен маж кој престојува во Австралија.Според МВР, СВР Битола поднела пријава против 28-годишник од Новаци за кражба, како и против 50-годишен битолчанец и 41-годишен жител на Новаци за неовластено држење оружје и експлозивни материи.Првопријавениот ја одзел пушката со калибар од 5,6 милиметри од

Македонија | пред 1 ден

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Хрватските цариници на граничниот премин Батина откриле големо количество непријавена стока во камион со српски регистарски таблички. Возачот, државјанин на Србија, производите ги скрил во контејнери за пелети.При излезната контрола биле пронајдени 400 тегли Нутела од по 750 грама, со вкупна тежина од 300 килограми, 194 пакувања чоколади од по 172 грама и 42 ланци за моторни пили.Целата стока е запленета, а на возачот му е издаден прекршочен налог поради прекршување на прописите за спроведување

Балкан | пред 1 ден

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Европските институции под притисок поради протестите на младите

Европските влади и институции треба посериозно да ги сфатат барањата на младите кои протестираат поради станбената криза, сиромаштијата и неизвесната иднина, наместо незадоволството да го поврзуваат исклучиво со насилството. Ова го порача претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, Шеамус Боланд, во Брисел.„Да не ги осудуваме младите затоа што ги изразуваат своите ставови и загриженоста за иднината. Тие се иднината“, изјави Боланд, осврнувајќи се на протестите во европските градов

Спорт | пред 1 ден

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) се закани дека ќе ги нападне американските воени бази на Блискиот Исток доколку американската војска продолжи да ги придружува бродовите низ Ормускиот Теснец. Предупредувањето следува откако гардата соопшти дека нападнала четири танкери во Персискиот Залив, а уште три брода наводно налетале на морски мини, пренесува „Туркије“.„Американската војска мора да знае дека ако продолжи ова, конфликтот ќе се прошири и на нејзините бази во регионот. Ова е сер

Свет | пред 1 ден

media-libraryqq3kbpbnrq3baMqFFHW

(Видео) Олујата Адам однесе најмалку седум животи во Франција и Шпанија

Најмалку четири лица загинаа, а едно е повредено во Франција по поплавите предизвикани од невремето Адам, кое во вторникот го погоди јужниот дел на земјата. Поројните дождови поплавија улици, го парализираа сообраќајот и принудија десетици жители да ги напуштат своите домови.Меѓу загинатите се две жени на возраст од 86 и 26 години, кои се удавиле во подрум во департманот Буш ди Рон, објави „Курир“, повикувајќи се на Би-би-си.Невремето ја погоди и Корзика. Според локалните медиуми, поројна вода о

Свет | пред 1 ден

struja-2

Над 276 евра за мегават-час во дневните часови на унгарската берза

Електричната енергија на регионалните берзи и натаму се продава по високи цени, а податоците за 22 октомври покажуваат дека македонскиот пазар бележи пониска просечна цена во споредба со унгарскиот. На берзата HUPX мегават-час чинел 263,22 евра, додека на МЕМО просечната цена изнесувала 249,48 евра.Според дневниот извештај на „Енерџи деливери солушнс“, разликата меѓу двете берзи била 13,74 евра за мегават-час.Поголем јаз е забележан во периодот од 9 до 15 часот. Тогаш цената на унгарската берза

Свет | пред 1 ден

media-librarylrh4gqrcul18a7fxSfF

Владините веб-страници заштитени од критичните пропусти во PHP

Веб-страниците на Владата и министерствата биле навреме заштитени од критичните безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, соопшти Министерството за дигитална трансформација, откако беше предупредено дека хакери веќе се обидуваат да ги искористат ранливостите.Од Министерството информираат дека првично привремено го блокирале надворешниот сообраќај кон засегнатите системи, а потоа ги провериле верзиите на софтверот, ги инсталирале потребните безбедносни ажурирања и ја тестирале заштитата на

Македонија | пред 1 ден

media-librarygbuchpvfa48l8fCJ6kr

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење

Природонаучниот музеј на Македонија на 26 октомври ќе одбележи еден век работа, научни истражувања и зачувување на природното богатство на земјава. По повод јубилејот, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија, на која ќе им бидат доделени плакети на соработници, институции и компании што придонеле за развојот на Музејот.Основан во 1926 година, Музејот денес чува околу 400.000 примероци што сведочат за геолошкото минато, растителниот и животинскиот свет и биолошката разновидно

Македонија | пред 1 ден

media-librarye0lu0po2b2p4duw0oq8

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија

Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на популарниот инстант лоз „Хороскоп“ – грепка што веќе освои илјадници љубители на среќата и забавата.Со секое гребење на овој лоз, учесниците добиваат можност да станат дел од возбудливата приказна на добивките и да ја почувствуваат магијата на симболите и броевите. Новото издание повторно носи возбуда и можности за добивка, со фонд на добивки што вклучува: 5 премии по 500.000 денари, 10 добивки по 100.000 денари, 15 добивки по 50.000 денари и мно

Магазин | пред 1 ден

media-librarytdecq8cradmhb1hWE4m

(Видео) „Битка за смоки“ на митингот на Вучиќ во Ниш

Снимка од голема гужва за смоки, други грицки и сокови се шири на социјалните мрежи по предизборниот митинг на Српската напредна странка (СНС) во Ниш, на кој говореше српскиот претседател Александар Вучиќ.Според процената на Архивот на јавни собири, што ја пренесе Н1, на митингот на централниот плоштад во Ниш присуствувале околу 19.000 луѓе.Видеоснимката ја објавил профилот „Подизање свести“, поврзувајќи ја со собирот на СНС. На неа се гледаат луѓе натискани пред маса со отворени кутии со грицки

Настани | пред 1 ден

media-library3m81m77u9rg57o4H5RP

(Видео) Автомобил се преврте во Бутел утрово

Сообраќајна незгода била пријавена утрово во скопската населба Бутел, каде што автомобил се превртел околу 7:30 часот.Информацијата е објавена на социјалните мрежи, со надеж дека возачот и патниците поминале без повреди. Засега нема дополнителни информации за околностите под кои се случила незгодата, ниту за состојбата на лицата што биле во возилото.

Скопје | пред 1 ден

media-librarys4lp9caf759u8pQPwMv

(Видео) Маж со џет-ски лудува по Треска

Реката Треска во близина на скопското село Глумово стана место за несекојдневна водена авантура, откако на социјалната мрежа Тикток се појави снимка на која се гледа маж како управува скутер на вода по речниот тек.На видеото се гледа како возачот со голема брзина се движи низ водата, оставајќи бранови зад себе.Ваквата глетка е реткост за реката Треска, каде што овојпат наместо вообичаените рибари, вниманието го привлекол скутерџија во потрага по адреналин.

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања