Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

272233083_337646074921329_4275641243418137019_n

Приведени три лица кои нападнале полицајци

На 19.05.2023 околу 23.50 часот на патот од с.Јурумлери кон село Долно Лисиче, скопско, полициски службеници ги лишиле од слобода И.М.(28) и М.Н.(24), двајцата од с.Јурумлери, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.На 19.05.2023 во 18.15 часот на ул.„Јустинијан Први“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.С.(35) од Скопје затоа што агресивно с

Скопје | пред 3 години

puska

Скопјанец со ловечка пушка пукал од својот дом

На 20.05.2023 во 01.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода П.Ј.(77) од Скопје затоа што претходно од отворен прозорец од својот дом испукал еден куршум од ловечка пушка „Црвена Застава“. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Исчезнаа три деца од домот за деца без родители

На 19.05.2023 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од Оперативната единица Влае 3 се оддалечиле нивните штитеници И.А.(9), Р.Н.(16) и М.К.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Скопје | пред 3 години

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Со нож се обидел да нападне екипа од брза помош

На 19.05.2023 во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено при интервенција во село Инџиково, Т.К.(42) се обидел со остар предмет да ја нападне екипата за домашна посета, но бил спречен од возачот на Итната медицинска помош. По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

kucinja-skitnici

Четири лица каснати од кучиња скитници, еден од нив е малолетник

На 19.05.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Драчево, М.С.(21) од Скопје пријавил дека на ул. „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.На 19.05.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Македонски Брод, М.Р.(43) од Македонски Брод пријавил дека на ул.„Вук Караџиќ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.На 19.05.2023 во 22.10 часот во Македонски Брод, М.А.(56) од Македонски Брод пријавил дека на ул.„Крушевска Република“ бил каснат од куче скитник.На 19.05.2023 во 13.00 ча

Скопје | пред 3 години

sutka-zatvor

Избегал од Идризово, па ограбил казино

Од Министерството за внатрешни работи известија дека утрово во Гази Баба е приведен разбојник кој утрово избегал од затвор каде издржувал 13-годишна казна- Денеска (20.05.2023) во 09.13 часот на ул.„Благоја Стефковски“ на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Специјален тим при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(48) од Куманово.Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во казино на ул. „Благоја Стефковски“.Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната у

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Милошоски: Единствено европско на оваа Влада на ДУИ и СДС е што го озаконува криминалот за коридорите 8 и 10Д со европско знаменце

„Денес сме во посета на општина Василево и би сакал оттука да упатам една порака до власта т.н. европски фронт тоа што го направи европски во државата е што многу млади луѓе заради ова бесперспективност ја напуштаа државата и заминуваат во земјите членки на ЕУ“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населени места од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „Ова е Македонија за сите“.Милошоски додаде дека граѓаните од населените места порачуваат д

Македонија | пред 3 години

20230520142830

Осумгодишниот Аце има потреба од лекување во странство - Да ја покажеме нашата хуманост!

Утрово на социјалната мрежа „Фејсбук“ се шири апел за помош на осумгодишниот Аце кој боледува од тумор и кој мора да замине на лекување во странство.„Да му помогнеме на Аце што побрзо да се врати на безгрижната игра.Аце има 8 години и е опериран по втор пат од тумор на мозок. Нашето јуначе треба да продолжи со посебен радиолошки третман надвор од нашата држава, за што се потребни финансии од 80 000 евра“, стои во објавата.Телефоните за помош се следнивеА1: 143 480Телеком: 143 129 

Македонија | пред 3 години

768x432

Зошто народот треба да собира пари за лекување на некој млад човек, зошто државниот фонд не ја плати операцијата, вели Груевски

Зошто народот треба да собира пари за лекување на некој млад човек осигуран во фондот за здравство? Зошто државниот фонд не ја плати операцијата? На што личи една држава ако секоја или секоја втора недела за некој се собираат пари за лечење, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„На што личи една држава која наместо редовно да си купува медицинска опрема и апарати и истата да ја одржува, чека некој да се смилува и да и даде донација?Нема една градба во моментот на некоја нова болница или клин

Коментари | пред 3 години

346093958_3513447095558151_4686834137484193369_n

Првите луѓе на згаснатиот клуб добија бугарски пасоши: „Ќе бидеме достојни граѓани на Бугарија, како што сме на Македонија“

Бугарскиот претседател Румен Радев им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и на Благој Шаторов – претседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“.„За мене е привилегија да доделам бугарски лични документи на двајца наши сонародници, чија патриотска активност и храброст ја потсети цела Бугарија дека железниот светилник на бугарскиот патриотизам никогаш не бил згаснат во соседна Република Северна Македонија, дека илјдагодишната бугарска култура

Македонија | пред 3 години

DSC_0942

(ВИДЕО) Запленети над 200 килограми тутун, за кој не била платена акциза

Денеска (19.05.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во заедничка координирана акција со царински службеници од Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.За време на к

Скопје | пред 3 години

20230519145358

Намерно исечени и оштетени кабли на „Железнички Мост“ во скопско Нерези

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на „Железнички Мост“ во скопско Нерези на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.Oткако на 11 мај ноќта се запали мостот„Беласица“ кој останува затворен за сообраќај и за пешаци во недогледно време, од Град Скопје иставаат простор за можна намерна саботажа и го повика МВР да го пронајде стор

Скопје | пред 3 години

Kovacevski_panel

Ковачевски нема да поднесе оставка, доколку не успеат уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски не размислува да поднесе оставка, доколку не успеат уставните измени.Ковачевски е категоричен дека не размислува да поднесе оставка и покрај тоа што рокот за уставните измени е до ноември. Забележа дека Владата има ингеренции со управување со државата, а за уставните измени е потребно дво – третинско мнозинство.„Тоа е обврска не само на Владата, туку и на сите политичко – општествени чинители во државата. Тоа е обврска на секој пратеник да донесе одлука за иднината н

Македонија | пред 3 години

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Беровчанец си ја запалил куќата додека семејството му било внатре

Беровчанец си ја запалил куќата додека семејството му било внатре.На 17 март годинава во село Митрашинци, беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д.(21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Креирал профил со женско име и испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Б.(48) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.На 01.02.2022, пријавениот креирал лажен профил со женско име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук и на малолетничка ѝ испраќал фотографии со експлицитна содржина.Текстот Креирал профил со женско име и испраќал експлицитни фотографии на малолетничка е превземен од МАКФАКС.

Македонија | пред 3 години

20230519124136

Новиот директор на Биро за метрологија: Мислев дека тоа е наука за времето

Авдуљ-Селам Селами, кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, денеска како нов директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата.Тој рече дека порано пред да стапи на функција си мислел дека оваа државна институција ги следи метеоролошките промени. Покрај објаснувањето за значењето, достигнувањата и плановите на ова Биро меѓу другото рече и

Македонија | пред 3 години

348215196_3543575679195077_1647402900439828945_n

Околу 400 охридски матуранти беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“

Околу 400 охридски матуранти од средните училишта ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, беа дел од манифестацијата „Mатурска парада“ што се одржа денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.„Пред бројната публика, матурантите точно напладне го одиграа танцот „квадрил“ од штраусовата опера „Лилјакот“.Матурата е важен животен премин, кога мора де се донесат значајни одлуки за идните чекори. Верувам дека со вашата младост, вашата позитивна енергија

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката

Иницијативата „Борба за Влае“ е против промена изгледот на улицата Есперанто, на која е предвидено да се гради 11-катница. В недела напладне на плоштадот Делфина во населбата, тие ги канат на средба советниците и градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје.Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, во дописот испратен до јавноста велат дека се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во својата моментна состојба. Загрижени се од ак

Македонија | пред 3 години

20230519112128

Почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, човекот кој ја изврши првата операција на отворено срце

Вчера, во Скопје, по кусо боледување, почина проф. д-р Димитар Кафтанџиев, доајен на македонската хирургија и основоположник на современата македонска торако-васкуларна и кардиохирургија. Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30.мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава.Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургиј

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Изгледа Агелер има амбиции како поранешниот амбасадор во Косово, откако го излобира најскапиот автопат се вработи во Бехтел, вели Мојсовска

Дали Анџела Агелер претендира по завршување на дипломатската кариера да си обезбеди место во познатиот конзорциум „Бехтел и Енка“? Ова прашање се наметнува ако го читате постот на членката на политичката партија „Левица“, Јована Мојсовска.Мојсоска на својот Твитер профил посочува дека Агелер има амбиции како и поранешниот амбасадор во Косово, Кристофер Дел, кој, според нејзините пишувања, по завршување на диполоматските обврски се вратобил во компанијата- Изгледа Агелер има амбиции како поранешн

Коментари | пред 3 години

17032022_PVRSM_Kovacevski_Trkalezna-masa_2

Ковачевски треба да покаже кој го платил патувањето за неговите деца бидејќи вака остава лош впечаток, вели Ивановска

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, го повика премиерот Димитар Ковачевски да покаже кој го платил патувањето на неговите деца кои ги поведе додека беше на работни средби во Вашингтоб и Њујорк.- Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промен

Македонија | пред 3 години

NAD_0099

​Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со УСАИД за одговорно управување со општинските ресурси

Во рамките на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините, Општина Аеродром потпиша меморандум за соработка со кој се обврза на одговорно управување и менаџирање со ресурсите на општината. На настанот присуствуваше секретарот Јулијана Павковска Боцевска која на настанот ја потврди заложбата за создавање ефикасна јавна администрација која одговорно раководи со средствата и ресурсите на општината.Со овој меморандум и понатамошната реализација на прое

Македонија | пред 3 години

uapsen

Холанѓанец илегално влегол во Македонија

На 18.05.2023 околу 14.00 часот од хотел во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.Х.Д.М.(35) од Холандија, затоа што претходно остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за прекуграничен криминал и имиграции при Регионалниот центар за гранични работи Запад. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

soobrakajka

Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патот Штип-с.Кадрифаково

На 18.05.2023 околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-с.Кадрифаково, во близина на надвозник за с.К.Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско

Македонија | пред 3 години

kucinja-bezdomnici

Малолетничка касната од куче скитник

На 18.05.2023 во 20.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Т.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Жегљане“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.На 19.05.2023 во 01.15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Душан Тасковиќ“ бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања