Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarymtlsu4737qfn3Jch51H

Македонија има светски шампион во карате: Марко Џорлев освои злато со пет победи

Македонскиот каратист Марко Џорлев освои златен медал на Светското кадетско првенство во Полска, станувајќи светски шампион во категоријата до 63 килограми. До титулата стигна со пет победи, а во финалето го совлада Унгарецот Адам Баги со 4:1.Џорлев до финалето ги победи Алехандро Перез од Куба со 10:6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6:1, Леонс Акоповс од Латвија со 6:0 и Јан Мата од Панама со убедливи 8:0.Со вкупен резултат од 34:8 во поени, младиот македонски каратист го заокружи настапот с

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп сакал океан да го носи неговото име, но „Гугл“ го одбил предлогот

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека предложил Атлантскиот или Тихиот Океан да го добијат името „Океан на Трамп“, но претставниците на „Гугл“ ја одбиле идејата. Тој ја раскажал случката на предизборен митинг во Џорџија, иако не е потврдено дали разговорот навистина се случил.Според Трамп, од „Гугл“ му одговориле дека не можат да преименуваат океан бидејќи тој опфаќа територии на многу земји. Претседателот подоцна рекол дека се шегувал, но оценил дека идејата не била толку лоша.Трамп

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

БИРН: Над 111.000 евра од Србија за здруженија во Македонија чии претставници го поддржуваат Вучиќ

Најмалку 111.700 евра од државни институции на Србија завршиле кај три здруженија во Македонија чии претставници јавно го поддржуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС), покажува истражувањето на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).Парите биле доделени преку Управата за дијаспора при Министерството за надворешни работи на Србија, главно за проекти поврзани со културата, православната вера, зачувувањето на кирилицата и српскиот идентитет.М

Свет | пред 1 седмица

media-library9koslqe3kft46YQcnlY

„Бев подготвен да умрам“: 17-годишник погоден со гумен куршум на протестите во Тирана

Протестите во албанската престолнина Тирана ескалираа, откако полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се приближија до зградите на Министерството за економија и Владата. Во текот на судирите биле забележани и приведувања, а 17-годишен демонстрант изјавил дека бил погоден со гумен куршум во вратот.Откако демонстрантите се упатиле кон Министерството за економија, полицијата испукала големи количества солзавец. Подоцна, пред владината зграда, полициските воз

Балкан | пред 1 седмица

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во својот кабинет оствари средби со повеќе од 50 граѓани, со кои разговарал за нивните секојдневни проблеми, потреби и можностите за побрзо решавање на отворените прашања.Ѓорѓиевски истакна дека секое барање заслужува внимание и почит, бидејќи зад него стојат луѓе и семејства на кои им е потребна помош. Тој посочи дека средбите му носат нови сознанија, предлози и идеи за подобрување на животот во градот, нагласувајќи ја и важноста на советите о

Скопје | пред 1 седмица

media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

Центрите за податоци стануваат воени цели, Европа предупредена да ги преиспита плановите за вештачка интелигенција

Нападите врз центрите за податоци во Русија и Украина покажуваат дека овие објекти стануваат сè поважни воени цели, чие уништување може да предизвика сериозни последици за економијата и клучните јавни услуги. Русија напаѓала центри во Киев, додека Украина возвратила со напади со беспилотни летала врз повеќе вакви објекти на руска територија.Киев ги опиша украинските напади како удари врз локации што обезбедуваат приходи за финансирање на руската војна. Според „Еуроњуз“, новата состојба треба да

Свет | пред 1 седмица

media-library3fja55atpeuk0VXa23j

Атлетико Мадрид со гол во 89. минута го победи Еспањол во Барселона

Атлетико Мадрид освои три бода на гостувањето кај Еспањол, откако со голот на Алекс Баена во 89. минута славеше минимална победа од 1:0 во Барселона.Гостите уште од почетокот ја презедоа иницијативата и се обидоа да стигнат до водство. Веќе во втората минута Канг-ин Ли шутираше покрај стативата, а четири минути подоцна и Џонатан Дејвид имаше можност да ја затресе мрежата, но не беше прецизен.Еспањол возврати во 33. минута преку Роберто Фернандес, чиј удар заврши покрај голот. Најдобрата можност

Спорт | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Американска десничарска активистка со порака до Србите: „Гласајте за Вучиќ или подгответе се земјата да ви биде запалена“

Американската десничарска активистка Валентина Гомез, која на социјалните мрежи ја следат околу 700.000 луѓе, испрати порака до граѓаните на Србија пред изборите закажани за 25 октомври, отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.Во објава на Икс, Гомез ја спореди листата на студенти и блокадерите со екстремистичката организација Антифа во САД. Таа ги обвини за насилство, блокади и заплашување на граѓаните, а истовремено ги пофали политиките на Вучиќ.„Србија ги одржува најважните из

Свет | пред 1 седмица

media-libraryefiekqqslt0beS8OCQ5

(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна

Професорот д-р Иван Барбов во „Претрес со Ландов“ откри дека една од главните причини поради кои ѝ предложил на Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија била тоа што таа имала бугарско, но не и македонско здравствено осигурување.Неврологот објасни дека во моментот кога ја дал препораката не знаел дека на Михаилова ѝ биле одземени патните исправи и дека не смеела да ја напушти Македонија.„Главната причина беше дека јас знаев дека таа има два пасоша, има осигурување во Бугарија и логичн

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Варено јајце, компир, шрафцигер и Лего коцки меѓу необичните предмети отстранети од пациентите во англиските болници

Англиските болници во текот на 2022 година имале повеќе од 1.500 посети на итните одделенија поради предмети заглавени во ректумот на пациентите. Меѓу предметите што медицинските екипи морале да ги отстрануваат имало електронски цигари, Лего коцки, далечински управувачи, играчки, па дури и рачка од четка за тоалет, објави агенцијата ДПА.Податоците биле откриени откако новинската агенција „Прес асошиејшн“ испратила повеќе од 100 барања за пристап до информации до болници низ Англија, барајќи пода

Свет | пред 1 седмица

media-library747glopfcog3a5MJgIl

(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица

Обвинителката Лидија Раичевиќ во „Претрес со Ландов“ откри дека нејзината месечна плата изнесува 90.000 денари, но смета дека надоместокот не е соодветен на одговорноста и обемот на работата што ја извршуваат јавните обвинители.Запрашана од водителот Кристијан Ландов дали зад нејзините кандидатури за повисоки обвинителски функции стои желбата за реформи или за поголема плата, Раичевиќ одговори дека повисоките примања се легитимна желба.„Да не се лажеме, сите сакаме повеќе пари. Јас сакам да живе

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc0nd95cog8ct4C0nN7v

(Видео) Немири во Франција: Полицијата употреби солзавец, илјадници протестираат против високите трошоци за живот

Илјадници луѓе излегоа на улиците во повеќе француски градови за да протестираат против високите трошоци за живот и влошената состојба на јавните служби. Протестите во саботата прераснаа во судири со полицијата, која употреби солзавец, а според „Ројтерс“, станува збор за едни од најнасилните демонстрации во Франција во последните години.Француските власти соопштија дека до пладне, надвор од Париз, биле регистрирани 140 протести со вкупно 32.800 учесници. За немирите одговорни ги сметаат групите

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl69l28rdkaop08ebhsX

16-годишно момче загина при пад на мал авион во Шкотска

Осумдесетгодишен маж и 16-годишно момче загинале при пад на мал авион во Шкотска, соопшти шкотската полиција на 17 октомври.Несреќата се случила североисточно од Драјмен, во областа Стирлинг. Итните служби добиле повик вчера околу 16:45 часот, по пријава за пад на авионот, пренесува „Скај њуз“.Од полицијата информирале дека двете лица биле прогласени за мртви на местото на несреќата. Нивните семејства биле известени за трагичниот настан, пренесува „Танјуг“.По падот на авионот, во областа Драјмен

Свет | пред 1 седмица

media-libraryngq2nnf8rjgk4UVUFhE

Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец

Вкупно 871 прекршок направиле возачите на електрични тротинети во текот на септември годинава, при засилените сообраќајни контроли што ги спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава.Според податоците на МВР, најчест прекршок е некористењето заштитен шлем, односно кацига, за што биле евидентирани 377 случаи.Најмногу прекршоци биле регистрирани на подрачјето на СВР Битола, каде што биле констатирани 290. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата е

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjh6cmt9f9vlg5FI1D6d

МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило

Осум возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од приведените, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.Л. (21), Д.С. (53) и Н.И. (24), сите од Скопје.Четворица возачи биле затекнати како управуваат патнички возила под дејство на алкохол. Тоа се А.С. (28) и И.Б. (61) од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка и И.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата, заедно со претседателот на здружението „Љубезност“, Тони Станковски, подели повеќе од 400 оброци за граѓани на кои им е потребна поддршка.Во рамки на хуманитарната акција, тие се приклучиле и на штандот на отец Оливер, а храна била доставена и до пунктовите на хуманитарната организација „Св. Спас“.Ѓорѓиевски истакна дека солидарноста и грижата за луѓето се вредности што треба да се негуваат секојдне

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryb0lqkoljg48t5faxUmq

Бугарскиот граничен шеф вели дека има претстава како Ива Михаилова влегла во Бугарија, но не открива детали

Како Ива Михаилова пристигнала во Бугарија и покрај тоа што нема евиденција за нејзино преминување на границата? Ова прашање и натаму останува без одговор, откако бугарските гранични власти официјално ја известиле Македонија дека во нивниот систем не постои запис за нејзиниот влез преку ниту еден граничен премин меѓу двете држави.Информацијата ја соопшти директорот на бугарската Главна дирекција „Гранична полиција“, Антон Златанов, во интервју за телевизијата NOVA.„Веќе испративме одговор до мак

Македонија | пред 1 седмица

media-library49o6fqfalg3t4vADEqc

Три деца загинаа во воздушни напади во Јемен, Хутите ја обвинија Саудиска Арабија

Најмалку три деца загинале, а 10 лица биле повредени во воздушни напади врз југозападната јеменска покраина Дамар, соопштило Министерството за здравство под контрола на Хутите.Бунтовничката група, која има поддршка од Иран, ја обвини Саудиска Арабија дека стои зад нападите, пренесува АП. Засега нема коментар од саудиските власти во врска со обвинувањата.Според соопштението на министерството, во вчерашните напади биле погодени куќи во селото Ал-Ар, во областа Давран Анес. Животот го загубиле едно

Свет | пред 1 седмица

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Хорор на пат кон училиште: Мајка го спасувала синот од мечка, па сама се нашла на ударот на дивото животно

Драма се случила во Романија, каде што жена била тешко повредена откако ја нападнала мечка додека со својот син одела на училиште. Кога забележала дека дивото животно им се приближува, мајката се обидела да му го одвлече вниманието за да му овозможи на детето да избега.Инцидентот се случил во селото Залан, во општината Бодок, во округот Ковасна. Според информациите што ги објави порталот „Диги24“, момчето успеало да втрча во дворот на сосед, додека неговата мајка се обидела да ја оддалечи мечкат

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt5p7mmrdlv2m5W9kuaz

Семејното насилство остава сè поголем белег: За само седум месеци 101 лице побарало психијатриска помош

Бројот на пациенти кои побарале психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство бележи пораст. Податоците на ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија покажуваат дека во првите седум месеци од 2026 година биле евидентирани 101 случај, наспроти 79 во текот на целата 2025 година.До овие податоци психијатрите дошле преку ретроспективна анализа на електронските здравствени записи во системот „Мој термин“, за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година. Анализата

Македонија | пред 1 седмица

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Втор реактор во јапонската нуклеарна централа Онагава денеска привремено престана со работа откако било утврдено дека вентил на опрема поврзана со системот за довод на вода пропушта течност.Компанијата „Тохоку електрик пауер“, која управува со централата во префектурата Мијаги, на североистокот на Јапонија, очекува реакторот повторно да биде пуштен во работа за околу 10 дена, пренесува „Кјодо“.Од компанијата во четвртокот соопштиле дека од вентилот истекло мало количество вода, по што најавиле к

Свет | пред 1 седмица

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пријавени истрели на улица „Варшавска“ во Скопје, полицијата не открила траги од пукање

Пријава за наводно пукање на улицата „Варшавска“ во Скопје била поднесена денеска, откако граѓанин пријавил дека во близина на маркет се слушнале истрели.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ информираат дека случајот бил пријавен на 17 октомври 2026 година, во 10:56 часот, од страна на Р. Ш.Полициски службеници веднаш излегле на местото, но при проверката не биле пронајдени лица, предмети или траги што би укажувале на пукање.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfn0olm7epgef1GHZtQt

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за седмо одделение

Националната комисија за учебници одлучи да повлече 14 учебници за седмо одделение од основното образование. Одлуката, која стапува во сила веднаш, се однесува на учебни материјали по повеќе предмети на македонски, албански, турски и српски наставен јазик.Одлуката била донесена на седницата одржана на 9 октомври 2026 година. На списокот на учебници што повеќе нема да се користат се најдоа:Македонски јазик – учебниците од Снежана Велкова и Соња Јовановска, како и од Сузана Цветковиќ и Билјана Дим

Македонија | пред 1 седмица

danok

Кривична пријава за даночно затајување, државниот буџет оштетен за 347 илјади денари

СВР Струмица поднело кривична пријава против правен субјект и неговиот управител, В.Т. (38) од селото Бориево, Општина Босилово, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.Според информациите од МВР, во периодот од 1 до 28 јануари 2026 година, кај правното лице, како даночен обврзник, и неговиот управител бил утврден кусок на парични средства во вкупен износ од 3.127.042 денари. Средствата биле наменети за материјални трошоци од претходната и тековната година, но не биле оправ

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

51-годишен тетовец полово вознемирувал 49-годишна жена

СВР Тетово поднело кривична пријава против 51-годишен жител на Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Н.А. на 20 мај 2026 година полово вознемирувал 49-годишна жена од Тетово.По документирање на случајот, против пријавениот е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања