Ахмети да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti1

Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово.

— реклама —

Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција.

— реклама —

Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе.

— реклама —

И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања