Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ахмети: Нека покажат аргумент дека некој од ДУИ ја злоупотребил власта и довербата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ahmeti

На првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес свое обраќање имаше лидерот на партијата, Али Ахмети, кој зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.

— реклама —

„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, истакна претседателот на партијата.

Ахмети рече дека како лидер на ДУИ прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.

— реклама —

„Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, посочи тој.

Во излагањето се задржа и на тоа што ДУИ го направила за Албанците во земјава.

„Да застанеме и да направиме анализа кој направил најмногу за оваа земја, на сè што е направено, не само напишаното, но и документираното во сите области на дејствувањето, од националното знаме до унивезитетите, јазикот, културата, што се подигнаа на повисоко ниво“, посочи Ахмети.

Воедно истакна дека ДУИ како движење има цврста историја затоа што е дел и продолжение од отпор пред освојувачите и оние кои, како што рече, сакаат да ги искоренат Албанците од оваа земја.

„Останува оваа обврска, ова богатство, дека народите и граѓаните со фанатизам ги чуваат изградените вредности. Ако на Ирците им ја чепнеш Шин Фејн или ИРА, која произлегува како ДУИ од ОНА, ќе ти ги искорнат очите затоа што се повредува историјата, вредноста. Но и ние треба со фанатизам и со голема посветеност да ги зачуваме и збогатиме овие вредности, но да не ги засрамиме ни нашите предци, ниту нашите соборци, затоа што човек од лакомост може да направи и погрешни потези, но ние секогаш треба да го имаме компасот затоа што потекнуваме од една организација и механизам што има пролеано крв и безбројни жртвувања“, истакна

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања