Промени тема
Контакт

Ахмети почнал со „план Б“ за да се реши спорот со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
aliahmeti

Првиот вицепремиер, од редовите на ДУИ, Артан Груби вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има план Б за отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

-Господин Ахмети има започнато иницијатива, што е доставена и во Бугарија, но и во другите земји на ЕУ, како пратеник, дел на мнозинството. Се работи за иницијатива, идеја на еден член на мнозинството, ова сме го разговарале и со премиерот, и со други членови на Владата но и со меѓународни пријатели, со цел да се постигне слична „формула“ како со нашето членство во НАТО, посочи Груби.

— реклама —
— реклама —

Тој истакна дека се работи за ист случај како во 2008 година во Букурешт каде беше посочено дека во моментот кога ќе се реши прашањето со името, Македонија ќе стане дел од НАТО, како и што се случи.

— реклама —

-Истото, како план Б, сакаме да го реализираме и со Република Бугарија. Сите земји членки во Советот за општи работи на ЕУ, да одлучат дека првата меѓувладина конференција со РСМ и Албанија ќе биде на ист датум, со услов да се реши билатералниот спор меѓу Скопје и Софија. Ако се реши спорот, автоматски ќе имаме прва меѓувладина средба со ЕУ, додаде Груби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања