Предвремени парламентарни избори не се опција и ако нема договор за Специјалното јавно обвинителство, изјави Али Ахмети за време на посетата на Институтот за културно и духовно богатство на Албанците.
„Мислам дека една таква опција не би била корисна, не би била функсионална. Решение не се предвремени избори, затоа што никој нема да даде гаранции дека ќе се постигне двотретинско мнозинство, ако се организираат предвремени избори“, нагласи Ахмети.