На главнaта панел дискусија на Преспанскиот Форум за Дијалог, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети одржа говор на кој присуствуваа високи личности од светската дипломатија.
„Бидејќи го имам покрај себе амбасадорот Рикер, го почнувам говорот со него. Еден момент ми остави голем впечаток бидејќи Рикер беше максимално ангажиран како амбасадор на САД за решавање на овој проблем.
Не успеавме да ги крунисаме нашите напори и во меѓувреме Рикер се назначи за заменик Државен Секретар. Една посета во САД беше организирана по барање на двете страни. Моја слабост е што никако не можам да се навикнам да патувам со авион. Амбасадорот Рикер понатаму им рече на сите функционери дека Али има голема мака штом дошол со авион.“, рече Ахмети на почетокот на својот говор, Објави Фокус.мк.
Според него, тој отсекогаш имал храброст да ги реши проблемите во земјата и за ова наишол на поддршка низ сите центри на светската дипломатија.
Текстот во целост на: Фокус.мк.
„