„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ахмети со војната „купува“ гласови: Албанското тло е распарчено, да ги реализираме соништата на нашите предци

објавено пред 1 година -

Македонија
AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, продавајќи флоскули за војната во 2001 година и споменувајќи ги „соништата на нашите предци“, без да прецизира дали тоа е т.н. „Голема Албанија“ купува гласови за Бујар Османи. Тој ги повика Албанците да се обединат. Ја искритикува одново Русија која ја посочи за закана.

— реклама —

„Секогаш сме сонувале како Албанците се обединети во еден фронт. Зошто се навраќам во историјата – зошто тоа се моите соништа. Во тоа време (војната 2001 година) бевме маргинализирани, единствениот универзитет отворен со крв е Тетовскиот универзитет, сега имаме три универзитети. Овој сон го продолживме по војната, со цел Албанците да бидат обединети, но не успеа. Но по 23 години, ние успеавме, постепено, сите заедно“, рече Ахмети.

Во говорот на албански јазик ги повика сите заедници во Македонија, но не ги спомена Македонците, да гласаат за ДУИ и Османи. Рече: „албанското тло е распарчено“.

— реклама —

„Нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ништо немаме против малите политички партии, но немаат капацитети да се соочат со сите настани кои се случуваат околу нас, во Европа и Блискиот Исток. Затоа оваа држава, ова обединување, е повеќе од потребно, за да се поддржи не само од албанската заедница, туку и од турската, ромската заедница. Овој фронт ќе им излезе во пресрет со сите интелектуални капацитети. Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети, албанското тло е распарчено, затоа од денеска па натаму да сме еден народ, едно тело, да ги реализираме соништата на нашите предци, да ги јакнеме нашите позиции, да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија, да ја држиме во живот и на 24 април да го поддржиме нашиот кандидат за претседател, Бујар Османи и како едно тело да продолжиме на 8 мај, да победи Европскиот фронт“, додаде Ахмети.

Говорот го заврши со: „Господ нека ни е на помош, нека живее албанскиот народ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања