За Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во синоќешното интервју за ТВ 21 рече дека за нив поприфатливо е претседателот на државата да се избира во Собранието.
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири пред неколку недели изјави „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“. Лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ21 даде свој коментар за таа изјава.
„Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција“.
-Тешко, велите?
-За 15 месеци ја ставивме на колена од ВМРО, одговори Ахмети.
– Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, рече Ахмети во синоќешното интервју за ТВ 21.