Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во обраќање пред јавноста по повод 19-годишнината од основањето на партијата се обрати и на македонски јазик. Со зелена сценографија и со мото „За зелена иднина“ Ахмети порача дека е ова време кога Албанците раководат со Собранието и во Владата.
„Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НATO, правична застапеност. Се изградија учичишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот“, истакна Али Ахмети лидер на ДУИ.
“Денеска ДУИ ја прегрнува целосно новата еколошка, зелена агенда, што подразбира живот во услови по пандемијата, отворање нови работни места. Парите наменети во Зелената агенда се инвестиција во нашето здравје, во чистиот воздух, во намалување на загадувањето на воздухот, за гасификација. Денес загадувањето на животната средина е загрозување на безбедноста.
Ние ќе се ангажираме да бидеме регионални и европски лидери во зелената еколошка политика. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етничките, партиски, социјални и други разлики, бидејќи дишеме ист воздух, живееме во ист простор… Ние како ДУИ ќе бидеме столб на ваквата идна политика”, изјави Ахмети.
Според него дојдено е време да се прифатиме политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.
„На 19-иот роденден на ДУИ запичнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квслитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ“, истакна Ахмети.