Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

АХВ по обвинувањата од Трипуновски: Храната која е увезена од Словенија е безбедна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20220218220723

Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрла неоснованите обвинувања на Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ изнесени на прес конференција, во која обвинува дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз на пилешко месо и производи од месо од Република Словенија во време кога во таа земја е потврдено присуство на болеста птичји грип.

— реклама —

„АХВ е професионална институција и затоа пред граѓаните одговорно тврдиме дека храната која е увезена од оваа земја е безбедна.

— реклама —
— реклама —

Посочените увози во изјавата на Трипуновски се однесуваат на увоз на замрзнато месо и замрзнати производи од пилешко и мисиркино месо ( панирани производи) и истите потекнуваат од региони во Република Словенија кои се слободни од болеста птичји грип, а производите од месо се термички третирани со специфичен Д третман, што е исклучок од забраната за увоз. Станува збор за производи кои слободно може да се увезуваат откако ќе го поминат овој специфичен третман. За трите посочени пратки, словенечките ветеринарни власти имаат издадено соодветен сертификат со кој се гарантира нивната безбедност.

— реклама —

Манипулациите со кои се служи Трипуновски и со кои на сметка на граѓаните и бизнис заедницата од двете земји собира ситни политички поени, место да ги унапредуваат само ги уназадуваат економските врски на двете земји. Дегутантно е со соопштенија во кои не се проверуваат фактите, по секоја цена, да се инсистира да се биде присутен во јавноста“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања