Бачев: 11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Janko

— реклама —

Во мое лично име и во име на Единствена Македонија на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија им го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор, напиша на својот Фб профил претседарелот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

— реклама —

-„Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата започна на 11 октомври 1941 година со вооруженото востание против бугарскиот и албанскиот фашистички окупатор кои во рамките на глобалниот германски фашизам ја окупира територијата на Македонија, со што, заедно со големата Црвена армија на Советскиот сојуз дојде слободата за народите на светот и остварувањето на сонот за формирање на македонската држава.

Борбата на нашите предци беше македонска држава, нашата борба е истата да ја зачуваме од домашните и надворешните непријатели на македонското дело кои сакаат да избришат се што е македонско и да го срушат сето она што го постигнаа борците во антифашистичката борба со својата храброст, решителност и одлучност.

Пред нас е нова борба откако е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски ментори да избришат се што е македонско со промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

11 Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Во таа битка Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонската држава, македонскиот народ и сите лојални граѓани на Република Македонија, никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските партизани и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.

Нека е честит 11 Октовмри! Нека е вечно делото на борците во Народноослободителната борба за социјално и национално ослободување на македонскиот народ, да ни е вечна Република Македонија, се вели во честитката од Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања