Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Поранешниот американски претседател Џо Бајден во своите нови мемоари го открива писмото што Доналд Трамп му го оставил во Белата куќа на 20 јануари 2021 година, при заминувањето од претседателската функција. Извадок од книгата и копија од писмото објави „Њујорк тајмс“.

— реклама —

Во писмото Трамп му посакал успех на Бајден, нагласувајќи дека на неговиот грб се надежите и соништата на целата американска нација. Тој напишал дека милиони луѓе зависат од неговите одлуки и дека нивните стремежи се причината поради која ја презел претседателската функција.

— реклама —

Тонот на писмото е во целосна спротивност со јавните настапи на Трамп во тој период. По поразот на изборите во 2020 година, тој постојано тврдеше дека резултатите биле наместени и одбиваше мирно да ја предаде власта. На 6 јануари 2021 година, негови приврзаници упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за време на потврдувањето на изборните резултати.

— реклама —

Бајден и претходно споменувал дека од својот претходник добил „многу љубезно писмо“, но досега не откривал детали. Во книгата „Promise Me, America“, која треба да излезе следната недела, тој пишува дека изгледало како да постојат „двајца Доналд Трамповци“ – едниот кој, според него, сериозно ја дестабилизирал демократијата и другиот кој му упатил топли зборови и најдобри желби.

— реклама —

На објавувањето реагираше директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чеунг. Тој оцени дека Бајден требало да ги послуша советите на Трамп, но наместо тоа се обидел да ја уништи земјата и да го злоупотреби правосудниот систем против политичките противници. Чеунг додаде дека на САД им е подобро откако Бајден повеќе не е претседател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Иран: Нема преговори со САД, Ормускиот Теснец останува затворен до исполнување на условите

Свет | пред 6 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

(Видео) „Требаше да имате акции“ – Трамп му одговори на новинарот кој го праша за неговото богатство

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања