Промени тема
Контакт

Бајовски: Со нови инвестиции и поддршка од Владата, Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryns38q26n1pg82WqhqiF

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа.

— реклама —

„Сега конечно, ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните  на ова населено место во програма. Заедно со Владата заедно со градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во делот на Скопје“, рече Бајовски.

Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој,  проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.

— реклама —

„Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:

— реклама —

„Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.

Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.

— реклама —

„Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 9 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 10 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања