„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Бајрам имал комплексна здравствена состојба, но и Ковид-19, ќе се тестираат ли и свадбарите кои беа во Турција?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

Политичарот и долгогодишен пратеник, но и претседател на Сојуз на Ромите на Македонија – Амди Бајрам, почина денеска на 64-годишна возраст.

— реклама —

Од приватната клиника  за Фокус велат дека Бајрам бил донесен починат, а за Телма пак дека Бајрам имал проблеми со срцето, а бил и позитивен на Ковид-19.

Пред две недели, Бајрам изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбат свадбата за внуката, но минатата недела кажа дека решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема забрана за свадби, како што поради коронавирусот е забрането во земјава. За македонски државјани влезот во Турција е дозволен без ПЦР ковид тест.

— реклама —

Од свадбената веселба се споделуваа видеа и фотографии,  но и веста дека Бајрам од Македонија во Турција за свадбата однесол според едни 200 гости, а според други дури 600 наши државјани,

Сега се наметнува прашањето дали овие лица ќе бидат тестирани за КОВИД 19, по веста дека Бајрам покрај комплесната здравствена состојба како што ја нарече министерот за здравство Венко Филипче, бил и позитивен на КОВИД 19.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања